СДК Со новиве народни приказни на Канал 5, Колозот(Куљозот на дијалект) сигурно се превртува во гроб. #очоиушобол
Јас не знам што ви е толку гајле кој како се сликал и ставил уши и не знам што. Апликациите се ставени за заебанција, ко демек вие не го прави тоа. Се утепувате од оговарање по групи, а тука изигравате светици како ви сметале сите и како може да има не-човек на планетата. Патетични реферати се пишуваат, двоен живот-двоен стандард. Туку колку пати сте се смееле на секој, а тука го жалите тој секој? Ех отвориш една тема расправии, која што завршила, која паметна била, која на ниско ниво била. Ви се чудам, вие некогаш искачате надвор?! Зборувате за птиците, за времето, за скинатите чорапи? Сте помогнале на некоја баба да помина улица, па да ја раскажете случката. Само тоа читам кој каков бил и штп правеле другите. Мене баш ми е гајле што правеле другите и дали с*реле денес 5 пати и не се избришале. Животот е толку убав, преубав и баш ми се живее до бескрај. Пробајте позитива не шкоди, за ваше добро.
И покрај сите,падови,лоши работи,попуштање психички и борба против самиот себеси,имам една тетоважа на моето тело кое секогаш ме мотивира(never give up),до последното мое издишување.
Недела сабање 8 часот спијам кај женската. Станувај станувај!- викам шо е сега работата. она вика - стани те молам, добив, нема со кој да се карам.
Целта ги оправдува средствата. Барем кога станува збор за љубов. И да продолжам со уште една моја омилена изрека, во љубовта и војната е дозволено се`. Ако ова ме прави лоша личност, нека биде така. Но ќе се борам до крај за она што знам дека вреди.
Најубаво се размислува додека си на волшебното столче.... Доаѓаш до срање идеи Да ја поставам на сред плоштад не е лоша идеја "Идеите на Зоки" Продавам wc-шолји..... Среќните луѓе користат од wc-шолјите на Зоки Волшебни со идеји
Колку сила има човек во него не знае се додека не падне во искушение. Верата , надежта и љубовта ти покажуваат колкава сила носиш во себе кога мислиш дека си најслаб. Сила доволно голема и карпа да урнеш за да видиш што се крие зад неа. Од страв си ја гледал само неа и ништо друго.
СКД толку злоба,клетост,да се ситиш на маката нечија а утре можеби и твоето дете од исти маки солзи ќе рони. Тие се претставниците на шлајмот од општеството. Ама тогаш ќе ја пејат истата песна дотичните што ја пеел некој друг а тие му се потсмевале дека фалшира.
Ако пишев дека сум екстра расположена ќе се најдеше некој да го расипе тоа. Денот ми започна во 8часот наутро и едно набрзинско кафе. Гледам дека е подобро да молчиш дека си среќен. Само 2 кафиња имам пиено и сега ми недостасува вкусот на кофеинот. Брзам накај дома,си правам кафе и ќе си замислам дека филмски си пијам кафенце во топли крзнени чорапчиња и топло ќебенце.
Се можам донекаде да разберам но некој да се исмева и да прави шеги за здравствени проблеми никако. Пазете, животот е бумеранг! Додека да трепнете може се да ви се врати.
Она кога треба да честиташ некоме ново работно место, а е заработено преку партија... Awkward... Не честитам. Не е некултурно.
Најзаебано чувство при селење во нов дом не е поранетата носталгија туку благата анксиозност при трансфер на книгите од личната библиотека.
Форумов делува како дрога. Најсериозно. За тоа на дело ни потврдиле и повеќе членови, што иако изјавиле дека нема веќе да пишуваат и да го посетуваат, сепак после неколку денови доаѓаат со истите или нови никови Откако нема да добијат соодветно внимание во некоја тема, тогаш луто пишуваат жалопојки за збогум, кажуват како тие имале живот, а остананите се мизерни, за после нецели 2 дена да се вратат како ништо да не било. И да сакаш, не можеш да се откинеш од форумов. Фемина е како тревата пиреј...Корни ја, гази ја, куби ја од душа, ама само види го логото на форумот и пак ќе ти никне при срце Паметните што решиле да не го посетуваат веќе, тоа го прават тивко...Едноставно престануваат да се приклучуваат без збогум...А тие што креваат врева, всушност се најзаразени и не можат да функционираат во текот на денот без да ја примат дозата. Ништо не ја ништи љубовта кон фемина Една е мајка
Уште ова да кажам за оваа ноќ Сакам мили луѓе прават ме среќна Сакам насмеани луѓе затоа што покрај нив и јас се смеам Значи па и мислам дека форумов е книга што ни помага да живееме Добра ви ноќ