Се повеќе се фаќам себе си како не знам да ценам и да бидам благодарна на тоа што го имам ... Спобудалена трчам по некои соништа и очекувам инстант успех А најважното , најважното го имам крај себе ама се нешто ми фали , и кога ќе наидам на затворени врати ме фаќа деструктивна манија да помрачам се што е добро околу мене . Не за џабе рекле дека најсреќните луѓе се оние кои живеат во мигот а не оние кои трчајки по иднината ја забораваат сегашноста . А не бев ваква , ме радуваа мали работи нова книга ,нов шал , нов кармин.Ме усреќуваше кафе поминато во добро друштво , прегратка од саканиот и ручек со моите .. А сега моите грижи некако успеваат и тие моменти да ми ги расипат . Веројатно е многу тешко да се порасне и созрее во вистинска смисла ....
Зошто се нафаќам на повеќе проекти и планови истовремено кога ми е мака да ги завршам? Не дека не можам, туку ми е мака. И после ми е мака што не сум ги завршила, а СУМ САКАЛА и сум можела. Да ти се плукнам во среќата или што и да е она што те турка напред зашто мене како нешто да ме кочи и тоа нешто очигледно во мене самата лежи. Не ја сакам оваа моја неодлучност, игровитост кога се сериозни работи во прашање. Или не ги сакам сериозните работи и оние луѓе кои поставуваат рокови, лимити и глупости. Само што не се тие криви, туку јас самата. И не е дека не ги сакам туку.... О, зае*и, тешко мене со мене.
Инспирација еден тон. Љубов еден тон. Црвено вино и мамурен ден кој следи. Ама ич не ми е гајле, до утре сабајле! Е баш, тогаш ќе му ја мислам! Не знам што ми е, ама изгледа од ова АД витаминиве што ги пијам се пошандрцкав. Доаѓам на фемина шкрабам кај стигнам, ништо не читам, никого не познавам, особено откако ги прочитав сите оние постови, денес у школо... Ах уел... живеачката тука одеше добро, сега те фаќа страв да не кажеш нешто што не треба пред деца, следно фитиљ.
Што убаво си се наспав. Си легнав во 10,30 ч. си станав во 6ч. Што убав бил пензионерскиот живот милина. Убаво си направив си легнав во пристојно време и тоа ми недостигаше да си легнам и убаво да си се наспијам. Па си станав во 6ч. кафенце ова-она и за на работа си се спремив. Имајте убав ден.
Добро утро женскиии денов е малку ладен ради овој проклетиов ветер -.- ама сепак е убав,се надевам сонце ќе огрее до после Имајте пријатен ден
Сдк во животот би требало човек да внимава да не ја полни својата душа со омраза, гнев, не за друго, така повеќе си штети на себе си, отколку на другиот.На другите воопшто не им е гајле за тоа.Никој не сака да носи туѓ товар со себе...
Eве како со денови се злоставува риплеј опцијата http://www.youtube.com/watch?v=a5uQMwRMHcs Изгледа се заљубив во песнава, кога не ја слушам ми недостасува Туку што ми беше зборот... читав пред некое време една статија (ме мрзи сега да ја барам) за некое африканско племе кое верувало дека Европа е задгробниот живот, а ние белците душите на покојните. Е тоа веќе објаснува многу работи претпоставувам, континентов задгробен живот, Македонија му доаѓа нешто како пеколот. Ај пријатен петок на сите.
Колку пати само го деактвирав фб профилот и го вратив пак. Ме боли душава , не можам повеќе вака , чувствувам огромна празнина, премногу ми е тешко. До кога ќе дозволиме една иста личност да не разочарува? До кога ќе веруваме во празни зборови ? Зошто баш мене ? Зар јас не заслужувам да бидам среќна ?
Мора ли секогаш да е вака? Па, ќе престанам да си доаѓам дома после училиште! Имав одличен ден на училиште. А плус тоа е и петок. Многу бев среќна се додека не стигнав дома. Но, потоа мојата мајка мораше се да уништи. Па, секако, како може една глупост да помине без драми?
Размислував многу.Сфатив дека вака не можам да живеам.Се мачам себеси.Мене ми е тешко.Ова не е живот.Не знам како ке можам вака да продолжам да живеам вака.Сакам само да бидам среќна.Од денес се поинаку.Не нова страница,туку нова книга. Од денес повеке нема да се измачувам со било што неважно.Повеке не ми е грижа за никој.Ниту љубоморам,ниту завидувам.Сфатив дека тоа што тој некој друг што го има јас не можам да го имам и обратно,тоа што јас го имам тој не може да го има.Сфатив дека ако јас се нервирам никому нема да му биде гајле. Сфатив дека имам се што ми треба.Се чувствувам сакана и сакам.Тоа е доволно. Тој ми е се што ми треба...
Имаме добри и лоши ситуации во животот, негативни и позитивни мисли. Ние самите одлучуваме на кои ќе се фокусираме и на кои ќе обрниме повеќе внимание. Петок сме! Имајте убав викенд
Седејќи и размислувајќи во затворената соба, излегов, сама,како и секогаш, да прошетам и да ги разбистрам моите мисли. Се качив на ридчето, гледав наоколу. Моите мисли беа сосема разбркани, јас бев сосема истиштена, без волја за било што. Бев толку упропастена што мислев дека сум сама. Бев сосем сама, тајно без никој да ме види и чуе, ги раширив рацете, со солзи се развикав „Зошто?? Зошто?“. Зачудени лица со погледите кон мене, ме класифицираа за луда, без да размислат дека можеби нешто друго ми се случува. Јас пак, од толкава самотија не ги забележав, не ги ни чув, не ги ни видов. Никој ништо не одговори. Молк. Само ветрето пројде низ раширените раце и ми го помилува образот. Непреќинувајќи течењето на солзите, се симнав, седнав и ги собрав нозете. Продолжив тивко да прашувам „зошто, зошто?“, но освен свирењето на ладното ветре, не слушав никаков одговор. Се замислив, можеби ветерот сака нешто да ми каже. Се измачува, но не може. Тоа ми беше инспирација за барање на одговорот. Мислев дека го има. Си реков „Ветерот го знае мојот одговор“ и продолжив тивко да му се обраќам „Ајде, дај ми некаков знак, кажи ми зошто, зошто не сум моќна да направам се што би ме правело среќна?“. Падна лист од дрвото, си реков, сигурно сака да ми каже нешто во врска со есента. Продолжив: „Што? Што есента? Што сакаш да кажеш?“, задува толку силно, што сите листови од дрвото паднаа. Го прашав: „Што? Есента ме спречува? Таа ли е виновникот?“.. тој дуваше се посилно, размислував, викав, прашував. Со часови и часови. Ветерот се измачуваше да ми го даде потребниот одговор, но јас се уште не можев да сфатам. Го прашав: „Сакаш да ми кажеш, дека не треба да дозволам да паднам како тие лисја, не треба да се откажам од нештото поради еден ветер?“.Ветерот се стиша. Среќна рипнав на нозе, се насмевнав и му реков „Ветре, ти благодарам. Ти благодарам што и ти не ме остави. Што беше покрај мене и ме посоветува“. Зачудените лица се уште беа насочени кон мене, некои се смееја, а некои пак ме жалеа. Но, јас и не им обрнував баш внимание. Сфатив дека природата ми е најголемиот пријател. Сфатив дека не ме остава сама.. А тие, тие тоа нема да го сфатат, колку и да им објаснувам. Бидејќи нема да бидат во ситуација како мојата. Никогаш нема да го видат богатството на природата. Јас и ветерот, само ние двајца, на ридот.