Конечно еден убав сончев ден ..сепак неможам салам да уживам во него оти сум настината ама нема да дозволам настинкава цеел ден да ми го упропасти Навистина времево влијаело на расположението.. Си се чувствувам среќна..а и на крај краева не е толку лошо да бидеш настинат..барем си седиш домче и си пишиш со симпатијата Сепак не мислев дека ова ќе го кажам ама еве-досадно мие дома..сакам да одам на школо..да си ги видам другарчињата,да си муабетам со нив,да си се смееме заедно и уште шо не Ама готово ако сака утре нека припаѓам ама ќе одам на школо..па и дома е досадно..по цел ден сум вкревет и само Fervex пијам Сакам да излезам,да се прошетам малце да комуницирам со луѓето Колку е убаво времето јас дома лежам со температура Аман настинко остави ме веќе..не ти се здосадив?
Животот е борба,така ме учеа моите родители.За се во животот треба да се избориш, секако не по секоја цена и не во смисла да газиш преку луѓе. Со текот на годините сфаќам дека доаѓаат потешки моменти и дека борбата ќе биде уште потешка, а јас некако не сум сигурна дека ќе можам да ја издржам. Како да немам храброст, упорност, желба да се борам. Поради тоа ме фаќа страв, страв од неуспех. Кога гледам луѓе како се борат и поминуваат низ многу тешки моменти и на крај излегуваат како победници им се восхитувам на силата, на вербата што ја имаат. Токму тие луѓе коишто секојдневно водат борба со животот и победуваат ги сметам за херои
Многу ме нервираат кремците кога ги изгидат веѓите до небо, коа се сликаат со цигара како дуват, као демек пијани се и пиво у рака или Џек Даниелс.. А најмногу ме нервира кога таков што се пали како девојче на Џастин (обично се белибери тие, не хејтам никој!) и објави некоја рок песна од некој бенд што вчера има слушнато за нив. Не можам да ги сфатам! Ако си слушаш трап или некој глупи песни од новите свагерски копињаци, не мењај, слушај си ги нив дека глупо е. А уште поглупо ми е кога ке стават слика “бе јорселф“ и се мења ко партал. Абе ајде. Јас со тоа пораснав. Татко ми уште од мала ме научи да си слушам музика од 60-тте се до 90-тите, иако не ја разбирав тогаш, сепак забавна ми беше, и уште ми е. Сега кога слушам брат ми што слуша, ми се иде да се фрлам низ џам! Музика не е еден глуп тап ритам и се едно исто па исто, никакви емоции нема таму. Веке, премногу ретко да направат песна да се соживееш со нејзе, да пуштиш некоја солза, од срце да се насмевнеш.. Ехх колку сакам да се вратат 80-тите. Тогаш бил животот многу поубав! А сеа доста со ова жими све држете ми срека за тестот Англиски, овој ми е финален тест! https://www.youtube.com/watch?v=sfR_HWM ... ture=share
Нема ден, а мене нешто да не ми се случи. Нема ден! Секогаш пред да одам на каса во супермаркет, проверувам дали имам точно пари. Не сакам да пребројувам на каса. Ама овој пат, сестра ми ми даде пари, нешто да и' купам. Стигнувам на каса, ми наплаќа... немам уште 6 денари. - Може да го вратите ова? - Тука негде живееш? - Да, тука (на куково лето, тука што живеам). Не ми беше близу продавницата. Ама што друго да кажам? Тука ми беше докторката, после две недели, конечно се решив да одам за грлово, кога видов дека само не поминува. И така, стигнав дома, препотена. И си се врнав назад, за тие 6 денари. Жива вода станав. Веќе не им купувам, ако нешто им треба. Ќе им барам провизија, нешто за мене да остане. Да бе, ја 20 пати ќе се враќам до продавница. И тоа за продавница што не ми е близу.
Многу се замараат со мои проблеми... и ми ставаат уште повеќе товар на грб за да трпам повеќе. Треба да ги трпам и нивните товари и моите... од дома донесени. Ама ќе си се насмеам и покрај тие глупости, колку и да тежат ќе ги трпам на свој грб и ќе се обидувам да ширам што повеќе позитивна енергија во мојата околина. Ние сме луѓе, силни сме, можеме сè да направиме. Некои тоа го прават, но некои не веруваат во себе и клекнуваат пред несреќата. Не сакам да бидам една од тие некои кои не го трпат товарот. Чим сум издржила до сега, зошто да се предадам? Ќе го направам животов да вреди да се живее!
Ако има некој слободен, да ми пише лп? Ми треба пријател за разговор, мислење, совет. Се надевам не барам премногу. Би ви била од срце благодарна. Поздрав.
Комбинација на особини која највеќе ме нервира кај луѓето е дефинитивно користољубивост во пакет со неблагодарност. Ќе забележат љубезност кај некого и штом сфатат дека си личност на којашто ѝ е тешко да одбие за некаква услуга, веднаш ти стануваат „најблиски пријатели“. Твојот број им е стално при рака кога ќе им затреба нешто, дури и тогаш кога знаат дека си преполна со обврски или пак во никое време, без ни најмалку обзир и срам. И таман ќе ти се вжешти телефонот од ѕвонење и еден период поредовно ќе си го слушаш рингтонот од нивното ѕвонење, наеднаш ќе се изгубат како да не си никаков фактор во нивниот живот. Штом ќе дојде време кога нема да им требаш за некаква помош или услуга, ќе се судрат со тебе и ќе се прават дека не те познаваат. А највеќе ме вадат од такт кога на сто работи, една нема да им направиш и тоа затоа што навистина не си во можност, уште и стопати ќе им се извиниш, а тие ќе го дигнат носот, ќе ти се налутат и ќе се однесуваат како да си најнељубезната личност на светот. Често ме критикуваат, научи да одбиваш, плесни им во лице дека ти заборавиле и број и адреса кога не им требаш... Ама едноставно, таква сум, не можам да одбивам и не сакам да бидам саркастична, да навредам некого. Колку вакви искуства и да имам, никако да си ја научам лекцијата. Тоа е, некому најмал гест ќе му направиш и искрено ќе те почитува, а некој ни здраво нема да ти рече без да има некаква корист...
Денот по утрото се познавал, како да не. Станав едвај сабајле, мрзоволна, па после и те како се оправи денот. Убави вести, дружење цел ден, со роднини и пријатели, мерак. Доста ми е од самотијата, некогаш преку глава ми доаѓа. Да, убаво ми е да си седам и да си читам без никој да ме замара, ама доаѓа и период кога ми треба да сум опкружена со луѓе. Среќа, инаку ќе одев во планина со волците да живеам, ко што милува маж ми да ми рече. Престанав да се замарам со мали и ситни работи. Порано постојано викав од денес веќе не се замарам, ама сега веќе не го викам тоа, едноставно без да забележам се случи. Е ова не испаднало како што треба, она не испаднало, зашто вака, па трескање од земја за глупости, доста е од тоа. Се оградив од постапките на другите луѓе, не си ги земам работите толку при срце и да ви кажам право убаво се живеело вака. Меееех, гајле ми е, ќе си дојдам дома, ќе си направам кафенце, ќе си се стутулам покрај љубовта, друго не ме интересира. Ајде, три за среќа нека бидат. Сфатив дека сакам да учам нови работи. Чувството кога ќе откриеш нешто ново и непознато, има некое интересно скокоткање во стомакот. Убаво го сфатив тоа, на време, кога остарев веќе. Ама нели, тука важи онаа наша најубава изрека, човекот учи додека е жив. А јас богами сум жива и така се осеќам.
Го знаете она чувство кога личноста во која сте имале голема доверба, наеднаш го злоупотребува тоа? Не постојат вистински другарки, дефинитивно. И сеуште не можам да си поверувам дека навистина се случи такво нешто..
Гледајте го видеово. И помислете колку пати сте дискриминирале некој поради облеката, а последователно на тоа, и поради статусот, социјалната положба и богатството. http://www.youtube.com/watch?v=SGPjUyVtTQw
Од утре пак дождови и снижување на температурата. На ртс гледав сега прогноза и паднав во депресија, во петок се очекува да падне многу дожд.
Испобувам некој нов режим на исхрана, преку гледање на храната. Еве сега ми се јаде нешто благо, отварам „фемина инстаграм“ и гледам што зготвиле нашите вредни форумџики, па ќе ми се пријаде, па после доаѓа фаза каде се двоумам дали да барам рецепт, после тоа тагувам (плачам) и сега стрвно гледам слики. Како да сум пробала. I wish. Не успеа. Ми се јаде благо. Да не врнеше дожд, а и да не штедев пари за нешто, ќе си купев. Пу! Инаку дечки, сум ви кажала колку мразам светки? Многу. Особено кога видам некоја со некоја glittery шминка ми доаѓа да извадам влажна марамица и да ја избришам. До тој степен. Деновиве се обидувам да дојдам до еден заклучок, нешто ме мачи сериозно многу. А мозокот ми е на пасење веројатно, па не верувам дека ќе дојдам до некоја одлука во скоро време. Само глупи идеи, фала богу што не сум толку глупава да ги извршам. ...but the feeling is killing me. Ме мачи и некоја романтика. Нешто во овој случај би било моето. Me: Make me food. Him: Be more romantic. Me: Make me food in the rain.
Деновиве се нешто ми фали сите се виновни за нешто, почнав и сама да си зборувам постојано сум залепена до фрижидерот и гледам што има за јадење, помини-замини од дневната постојано апнувам од колачињата на мама.. па салати, па манџи, па нешто печено.. Мислам дека имам +10кг, страв ми е да се качам на вагата Вчера си купив Јогобела овошен јогурт за цел месец, и еве сега гледам останале уште две Без потреба си приплачувам, со сите се расправам, постојано јас сум во право..
Мислам дека сум најнефотогеничната личност во светот. Јас треба да се пресликам 1000 пати за да најдам една асална слика, од прва НЕМА шанси да испаднам добро. Абе и пред огледало да се местам пак изгледам ка-та-сто-фал-но. Со другаркиве кога се сликаме јас сум им ноќна мора, цели фотосесии правам. И пак не сум задоволна. Па што сум виновна кога природата не ме надарила со...дарба за сликање. Кога си правам споредба, најслична сум со бумбар во лицето.Тродупло подебела испаѓам, право бумбарче. Не дека вака сум исушена ама на слики лицето ми е ужас После, ќе се наместам исправена, искривена ќе испаднам. Како кифоза да имам(добро не до толку ) Уште полошо е цела кога се сликам-тогаш нозете или некако искривени/раздалечени чудно ќе испаднат или непропорционални во однос на горниот дел.Кошмари. Има некои ни наместени ни ништо, испаѓаат совршено. Им љубоморам бе,не е фер.
Ајдеее уште четири дена и свадбичка..... Се е спремно , уште шминката и фризурата и туто комплето ! Очекувам да заблескам , да изгледам прекрасно , а најмногу да биде премногу весело и да си поминеме убаво....