Цела ноќ седам покрај отворен прозор и само што си помислив - еј, абе не е премногу ладно за да седиш толку долго со отворен прозор? Не знам, деновиве ми е невообичаено топло. Да ви кажам дечки, завршување сериозна врска воопшто не е забавно, интригантно или романтично. Мислам, ми гори свеќа во позадина додека го пишувам ова, но тоа е затоа што палам свеќи секоја вечер. Ставањето крај бара вистинска работа, труд и посветеност, но овојпат на себеси, сопственото битие и сопствената физичка и ментална благосостојба. Процесот е долг и тежок, и затоа и многу луѓе често го одолговлекуваат ставањето крај. Изминативе четири недели спиев по 10 часа на ден, јадев кога сите јадеа, излегував кога сите излегуваа, се смеев кога сите се смееја и поминав прилично долго време зјапајќи во ѕид. Тешко е повторно да се убедиш дека си си доволен на самиот себеси и дека и претходно си бил сам и совршено добро си функционирал. Дека сега веќе не си во множина, туку во еднина, и тоа е океј. И на луѓето околу тебе им е тешко да навикнат дека не сте веќе „вие“, „ќе дојдете?“, „ќе сакате?“ - сега си една мала „ти“, едно кратко „идеш?“, „сакаш?“. Но тоа е помалку важно. Се убедуваш и дека повторно ќе бидеш среќна и повторно ќе имаш чувства, еден ден. Дека нема секогаш да бидеш рамна линија, каква што си моментално кон сите луѓе и случувања во твојот живот. Еден ден пак сѐ ќе добие смисла. Времето е премногу пријатно надвор. Да имав една цигара, ќе седнев да ја чурнам во дворот. Пирка некое ветерче, но не такво што носи студ в коски, туку нежно, фино. Како да не е средина на ноември - како да е некое друго време. Како да запролетува.
Другарка ми преспа кај мене Утринското кафенце е најслатко кога го пиеш во друшство. Добро утро имајте убав ден.
Животот е најголем подарок на светот, само за жал ретки се оние кои успеваат да го отпакуваат како што треба.
Зошто дојде такво време луѓето да се дружат и искачаат со тебе само ако твоите се на некоја функција, ако имаш пари, ако имаш лајкови, ако имаш добар изглед и слично што е ставено на врвот во 21век, кога душевните карактеристики се ставени на најниско. Муабетите од тип “лапав риба со многу следачи и лајкови на инста“, муабетите од тип “се знам со ќерката/синот на тој и тој (*рандом функција у некоја државна институција*)“, муабетите од тип “овој е пун ко брод мора да се упознаам со него“ и слични глупави муабети со кои се праат поделби. Вчера ми текна на еден мој пост у СДК, од пред 3години некаде и ми текна што имав напишано. Тогаш криев која сум, шо сум, што имам и што се моите од околината. И имав само една пријателка. И имав напишано дека не сакам да се истакнам што имам затоа што не би сакала луѓе што би се дружеле со мене од корист. Сега дојдов у средина каде што колку и да сакам да сокријам не можам. Криев месец дена ама се дозна. И од тоаш се се смени. Јебига. И ваквите луѓе од корист се накотија. Демек “пријатели“. А единствена искрена си остана таа што беше и порано со мене, кога беше една и единствена пријателка. Сега можам да ја наречам и сестра. Фамилија. Она ми е се. Била со мене тука секогаш, и во добри и во среќни денови. Заедно пораснавме. И никој не може никогаш да ја замени. Свесна сум за се што се дешава. Иако луѓето мислат дека не сум, дека сум наивна, дека не приметувам какви се расипани и дека може у здрав памет да си играат со мене. Често некој рандом доаѓа да ми каже “се дружат со тебе само зашо имаат корист, зашо ради татко ти, зашо вака, зашо така“. Смешно е кога, дури и возрасни луѓе, со дупло години од моитe, колеги на татко ми, ми се улизуваат само заради тоа што он им е поставен. А да не кажам па на него колку му глумат, мислејќи дека и он не е свесен, а заедно со мене им се смееме на паметот што мислат дека нешто би добиле со тоа понашање. И што постигнуваат луѓево со овие дволични однесувања? Мислите глупи се па не ве приметуваат луѓево? Кој ве учеше вака гз да лижете? Посакувам да имам моќ, да сум непозната, никој да не знае која сум, што сум и да видам кој се би останал тука до мене. Не бива више вака, уморна сум. Од овој дволичен свет. И за крај, учете ги децата од мали да гледаат карактерни особини, тоа е најбитното.
Љубовта кон животни, деца и добри личности од кои немаме (а мала е веројатноста и во иднина да имаме) некаква лична корист, е онаа која нѐ дефинира како луѓе.
Бев дете и гледајќи ги возрасните, сакав да бидам како нив. Сакав да пораснам, да бидам способна да се грижам сама за себе, да се шминкам, дотерувам, да бидам успешна и независна. А сега кога пораснав, гледајќи ги децата, сакам да сум како нив. Љубопитна, радосна, полна со љубов, постојано расположена, разиграна, спремна да помогнам во секое време и најважно - безгрижна. Болката да не трае повеќе од 10 минути. Но не сум дете... а не се деца ни тие со кои се дружам, па затоа многу е тешко да се покаже љубов, посебно затоа што нема да е таа баш туку така прифатена... а болката трае ли трае, не престанува... Секој ден борба. Соочување со сѐ и сешто. Да знаев дека светот на возрасните е таков, ќе го зачував детското во себе засекогаш. Затоа што само децата се среќни, благодарение на нивната чиста душа. Кога само би го знаеле тоа...
Кога како поединец ќе ја прифатиш колективната одговорност/вина во која можеби и не си вклучен, и притоа нема да се грижиш за последиците кои би ги претрпел, тогаш си ХЕРОЈ Кога како дел од колективот ќе впериш прст кон поединецот обвинувајќи го за колективна вина, тогаш си КУКАВИЦА. СДК...само внимавајте....колективната казна да не Ве стаса.
Гледам фудбал со татко ми, Македонија - Шпанија 0:2 на полувреме, викам - тато што мислиш кој е крив за овај резултат. татко ми - па Шпанците се криви, говедо некое.
Потрошеното време никогаш не значи залудно поминат период. Во секој миг од отчукувањето на часовникот со едно искуство сме побогати. И добрите и помалку пријатните ситуации го сочинуваат нашето секојдневие и не прават посилни и помудри. Учењето од своите лекции е учење од себе и за себе.
Денес ни ги доделуваа сертификатите за обуката. Многу научив за 4 дена,може ќе речете малку време сепак имавме добар професор кој со задоволство ни разјаснуваше доста работи. Одев со 0 знаење во таа област а се наддоградив со повеќе искуство. Прекрасно и исполнувачко е чувството кога ќе се наддоградиш себе си, дај Боже тоа знаење да го применам и во практика.
Ние луѓето сме чудни суштества понекогаш. Преку лебот бараме погача. Ако некој ни даде прст,ние ја земаме цела рака. Каде и да се завртам гледам само злоба,лажни насмевки,никаква хуманост не доаѓа до израз.. Љубов? А што беше тоа љубов уствари?
Понекогаш се прашувам кој е победникот?Финансиски богатиот човек?Високо образованиот човек?Или можеби тоа е среќниот човек?Или победник е можеби здравиот човек,човекот со добро здравје?Кои се победниците?
Само во Македонија нетворкинг значи "човек некаде за не дај боже ако треба да ти се најде", а не мрежа за ширење бизнис. До душа...ако длабоко загледаш нетворкинг е тоа...само културно речено.
Mrazam koga se obiduva da me ucenuva nekoj... Ucenata samo predizvikuva sprotiven efekt od ona sto se saka da se postigne... Ima vreme,ke nauci...