Аха од што не се замараш со тоа имаш доволно време тука да се замараш и постојано да ме реплицираш. Темава е СДК. За потсетување,позамарај се со тоа. Имај пријатен ден како мојов што е.
Тешко е кога животот те искушува одново и одново, како да веќе не дознал колку си упорен и непоколеблив, и дека ни овој пат ннема така лесно да го напуштиш рингот... Но убаво е кога во овие мигови ќе видиш кој те сакал, кој ќе тргне се по страна и ќе застане до тебе, зад тебе, пред тебе... и ќе ти зборува и ќе те смее и ќе те утеши и ќе ти грее и ќе ти покаже дека не те остава сам со твоите мисли и солзи и гушење во градите... ете убаво е во ваквите мигови кога имаш кого да го гушнеш и смириш за миг, можеби затоа и се измислени... којзнае...
Сабајле кога станав од спиење и која ја видов веста на фб се стопив, срцето ми застана, се уште не можам да поверувам, дека малото сонце више го нема, не можам да се смирам, раце ми се тресат, а колку се бореше, и колку се бореа неговите да го спасат, дадоа све од себе за да го спасат малото ангелче. Душиче убаво сега си горе со ангелчињата и дедо господ е со тебе, и тамо ке те чува. Почивај во мир мало ангелче мое
Дожд, студено, едноставно депресивно време. Нозете топило, премрзната, по долго барање такси за да се приберам дома, конечно најдов. Превозбудена стигам пред куќа. Таксистот: 75 ден девојче Јас: Си ги давам претходно припремените 70 ден (за што побрзо да излезам). Добро е (пуна себе). Таксистот: Уште 5 денари. Јас: Добро е, добро. И веќе излегувам од такси ( нека се почасти човекот, не ми дошло до тие 5 денари ) Таксистот: Девојче уште 5 денари ( гледајќи дека се правам "будала") ако имаш.. Јас: За да испаднам уште поглупа во цела ситуација. А колку беше 75 или 85 ? Таксистот: 75 Јас: Сфаќам дека јас сум должна уште 5 денари, и му давам 10 (желна да го почастам човекот). Таксистот: Чекај да ти вратам 5 ден. Јас: Добро е добро. Жива засрамена, ја оставив вратата отворена и избегав.
Пред дa ме зaсaкaш секoгaш беше прв кaкo пријaтел кoј сaкa дa збoрувa сo мене...нo oд кoгa ме зaсaкa никaкo не мoжaм дa дoпрaм дo тебе, a тoa бoли и знaеш декa мнoгу те зaсaкaв и дрaг си ми.. зoштo имaш пoтребa дa се кaзнувaш себеси сo тoa штo ме oдбегнувaш. Oстaви ги тие штo трчaaт пo мене зaрем не гледaш декa сaмo ти си ми битен? И тoa штo ме oдбегнувaш и изигрaвaш кaкo дa си лoш кoн мене не мoже дa гo прoмени фaктoт декa ти ме сaкaш и љубoмoрaтa те убивa. И знaм декa те бoли штo веќе не мoжеш дa се oтвoриш пред мене кaкo пред другите. Нo те мoлaм збoрувaј сo мене. И знaј декa сo тебе и дo тебе дa се биде не е истo кaкo сo другите, ми знaчиш нaјмнoгу.
Не постои подарок со таква вредност со која би ти покажала колку ми значиш, а сепак и на едно скромно внимание му даваш највисока цена со таа најтопла насмевка и прегратка како реакција. Некои луѓе што ни се сметаат за блиски и личности што нè познаваат добро, кога ги споделуваш и се советуваш за нашите, моите проблеми и чувствителност, ти велат дека e до твоето воспитување - затоа што си ме третирала секогаш како возрасна, затоа што не си ме правела силна и „самостојна“ со помалку обрнување внимание... Не! Она што сум, сум токму поради таа твоја почит кон мене како личност уште од мала, заедно со неизмерната љубов и грижа покажана секој ден. Секогаш се надминуваш со твојата уникатна сила, стабилност, мудрост... Секогаш си тука да ме потсетиш колку вредам кога ќе заборавам. Ти си пример за воспитување, за тоа дека дефиниција за родител не е само да го родиш детето. Ти си ми семејство, највредното нешто што го имам. Среќен роденден мамо!
Она кога гледаш овр атачд маж со мајка му, а она го окупира па му збори за девојки, а него виножито низ уши му искача... На сите им е јасно, само на нив не им е. Па нема потрагично мислам...
Убав, дождлив ден. На замаглено стакло во автобус напишав Have a nice day. Со смајли и срценце. Некој кога ќе седне после мене и види, да му измами насмевка. Ширете позитива а не отров, океј? Погрижете се за тоа некој да расположите, а не да го спуштите доле.
Како што времето си тече, така јас се си мислам, дека бадијала всушност постои надежда, дека треба она прва да умре....надевај се денес, надевај се утре, надевај се после неколку години..и се така безвезе. Отиде животот... Подобро ќе беше во старт да не се надевав, барем ќе се помирев со ситуацијата... Не ќе болеше толку шамарот на животот ако бев спремна и реална, трезвена и... Хмммм...
.............На крајот на едно предавање, додека останатите студенти излегувале од амфитеатарот, еден студент кој ги обожавал часовите на стариот професор го прашал: „Професоре, ме интересира што мислите вие, која е смислата на животот?“ Професорот за миг се замислил и таман да му одговори дека секој сам треба да го открие тоа, се предомислил, бркнал во џебот и од таму извадил едно огледалце во големина на петденарка: „Го гледате ли ова огледалце? Го чувам уште од времето на Втората Светска Војна. Тогаш бев дете. Го најдов на улица и го земав, бидејќи ми светкаше на сонцето, а други играчки немав. За кусо време открив дека со него можам да ја уловам сончевата светлина и да ја насочам на места до кои сонцето не допираше, како што се темните одаи, длабоките дупки, северната страна на зградата во која живеев. Еден ден кога се разбудив и го побарав огледалцето во џебот, до мојата свест допре идејата дека тоа што го правам со огледалцето можам да го направам и со својот живот. Значи, требаше само да внесам светлина во темните страни на мојата личност и во мрачните агли на моето срце и да дознаам кој сум, што сакам и што можам да направам со мојот живот.“ „Добро. Но, во што е тука смислата на животот?“ бил нестрплив да дознае студентот. „Мојата идеја беше“ продолжил професорот „дека ако успеам во мојата намера и ако успеам и на другите луѓе да им бидам пример за тоа како се внесува светлина таму каде што ја нема, јас сум ја пронашол смислата на мојот живот.“.............. Има личности кои ги познавам сосем случајно според мене непланирани познанства(ама универзумот и тоа како добро знаел дека се за мене наменети токму тогаш кога сум ги запознала) кои со својата неуморност во продирањето во најскиените и најдлабоките катчиња на мојата душа се уште успеваат да ме потсетат на вистинската јас-на сржта на моето постоење. И се тоа изгледа толку спонтано толку вообичаено. Боже ти благодарам што си ги создал тие луѓе. Тие се награда за мене,патоказ кон тебе и доказ за твојата вечна милосливост.
Има прегратки, последни, што ја кршат душата. После нив само пепел останува. Потребни се години да се соберат и залепат скршениците назад, каде некогаш биле. Ама после нив, никогаш повеќе ништо не е исто. А има и такви, што кршат ребра. Нивните стуткани во вашите. Да ти распрарчат душа од убавини. Кога срцето е доволно блиску да го чуе другото срце. Те кршат, топат, разголуваат, те прават немоќен.... а никогаш поубаво не ти било. Од прегратки.... овие вториве!
Среќнa сум тoa штo збoрувaм јaзик кoј гo збoрувaaт oкoлу 4 милиoни луѓе нa плaнетaвa. Мислaм декa oвa е еден вид нa блaгoслoв кoј ние сме гo дoбиле. Искренo пред некoлку гoдини oвa гo сметaв зa клетвa фрленa нaд мене. Нo сегa знaм декa немa пoубaвo нештo oд тoa дa мoжете дa збoрувaте нa јaзик кoј е мнoгу редoк. Јaзик кoј изoбилувa oд мнoгу уникaтни збoрoви. Сегa рaзбирaм декa немa пoубaвo нештo oд тoa дa учите пoвеќе светски јaзици, a вoеднo и дa збoрувaте еден не тoлку пoзнaт. Секoј јaзик нoси свoе бoгaтствo и мислaм декa требa дa се трудиме дa гo oдржувaме нaшиoт мaјчин јaзик и дa гo нaмaлиме кoристењетo нa aнглицизми и збoрoви oд туѓo пoтеклo,a вo свoјoт јaзик имaме прекрaсни збoрoви сo пoтпoлнo истo знaчење.
Кога црнила в душа ќе ти се населат,и ти потем насмевни се на тагата покажи и бисери.Кога долго нема да пишуваш,ќе заборавиш,ќе заборавиш за сите очи темни како ноќта и денови потемни од нив. Очи,и во темнина гледаат.Соништа,и старци сонуваат.Во овие години ретко пишувам,се поретко те споменувам,само ти ги пеам песните.Долги,ноќи долги,години.Денови,град и чекори.Имам илјада соништа,ниеден ти.Во некои далечни сеќавања и овој град има име,и утрата дождливи,и очиве гледаат.Кога ќе ме покрие мракот,само зборови ќе останат,ненапишани. Како и секогаш драги мои,Ве гушкам сите што ме паметите.
Лицемерие и лижење газови на секој чекор. Ми се лоши веќе од припрости луѓе. Ако немаш те газат без око да им трепне, те кодошат и те навредуваат, пред другите те прават нешто што не си. Изиграваат жртвени јагниња ама реалноста за жал е многу поинаква. Суров стана светов, не се дише веќе меѓу мршојадци (или јас повеќе би рекла Човекојадци) Ај убав ден...
Оној момент кога сеуште под впечатоци ќе се залеташ да препорачаш серија и ќе видиш дека @Bender Rodriguez веќе те преварил со долгометражен пост за истата серија неколку дена претходно. Спојлер