Искомплексирани луѓе на секаде..Гледајте за вас а не другите што прават по секако на никој не му е гајле вие што правите..
Никогаш не бев разгалено детиште,дете на кое по секоја цена мора да му се купи нешто,дете кое плачејќи и не земајќи ја во обзир финансиската криза дома ќе им урла и плаче на родителите да му исполнат каприц... Секогаш сваќав како е да се нема пари во одредени ситуации и фази од моето детство. Бидејќи градевме куќа т.е моите градеја без ничија помош,само со една плата од татко ми,градењето траеше долги макотрпни години. Па така,додека за празниците на моите врсници им купуваја нова облека,јас доносував облека од брат ми,на голем дел од екскурзиите не бев,подоцна се вработи и мајка ми,почнаја да се средуваат работите... Започнав прва година средно,цел клас ќе одеше Бугарија на екскурзија,јас дома им кажав не ми направија проблем,ама подоцна низ разговор случајно ги слушнав моите како прават домашни сметки и пресметки,одлучив да не одам,надевајќи се дека еден ден ќе патувам многу,не мора денес си реков. После две години,ситуацијата ни стана уште подобра,се организираше екскурзија за Романија и јас се пријавив да одам уште во првите,ама за жал немаше доволен број на деца и не се реализираше тоа патување.. Ми направија убава прослава за матурата,ми дадоја пари да се запишам на факултет.....подоцна имав услов да си дозволам и патувања и често купување на нова облека. Ама во спомен ми остана и потценувањето од моите врсници,гледањето од високо само затоа што имаја поубава облека од мене... И да се врати времето назад,повторно би била вакво дете,и посакувам еден ден и јас да дочекам благодарно и скромно дете како што сум била јас...
Се секавам на еден ден. Кога имав 7 год мајка ми во куќата донесе маче а јас почнав да си играм со него, со полн сјај во очите и децка насмевка. Седам во ходник си играм со мачето и го спушам татко ми како вели - кога децата ќе идат на школо ке ти го изедам мачето. Јас се преплашив и го скрив мачето на таван, го ставив во кутија за да можам пак да си играм кога ке си дојдам од школо. За ова уште не знаат
Седам на работа и гледам дека едно детенце околу 6-7 години застанало на врата и ме гледа. Го игнорирав и си продолжив да ја читам книгата. Поминаа 2-3 минути и детенцево чука на вратата и кога ќе погледнам ми нацртал к*р на вратата, ми се изнасмеа и замина.
Поштуем фамилија што си се поштуваме од далеку. Имено, не замерам да ме бараат да ме прашаат како сум, ниту они ако јас не им се јавувам како се, ни па си имаме оди ми дојди ми, ама ако треба да си збркаме работа или да си помогнеме тука сме, многу повеќе отколку овие кои од дома не можеш да ги избркаш и што гмичат на секое што не им се јавуваш како се, зошто не им одиш на чајанка, роденден, годишнина, национален ден на мачките и така на така. Едноставно сфатено ни е дека сме на различна бранова должина, но дека сме фамилија и фамилија си помага. И така треба да остане. Ми помогна, му помогнав, они среќни, ние среќни и на едно фала све е перфектно.
^ Исто и за пријатели. Нема -ааааа кај беше досега да се јавиш, ами роденден да ми честиташе, ами да ме прашаше како сум, сега за услуга а? Онака паунски Некогаш ќе ти е потребен човек со кој си се изгубил низ времето но сепак сте имале врска некаква порано. Не секогаш ќе се во состојба да ти се најдат луѓе со кои си близок, дури и да сакаат. Некогаш таков човек ќе те побара тебе, во зорт. Ако можеш помогни, ако не -излишни се коментарите. Па и пак да не се слушате редовно и да не си честитате родендени, преќутно знаете дека може да сметате еден на друг.
Добра ви вечер девојки. Денот заврши,малата заспа. Мила таа,мала❤❤ Јас плакајки ја успав. На работа појдов кога таа наполни 9 месеци. Ја чува свекрва ми. Многу е приврзана со неа. Кога е таа тука малата не ме регистрира мене, кога си појде свеки накај дома малово плаче (тешко ми е и кога пишувам). Знам дека ја чува и во ред е се ама мене ме боли тоа што не сум и битна воопшто кога е свеки тука. Си плачам и си се надевамм дека е период и дека ке помине се. Инаку малата ми е 14 месеци. Сега да присоберам играчки ова она о јас во кревет .... добра ви ноќ
Ne se sekiraj period i e zatoa sto ja chuva. Koga malku ke poporasne nema da saka ni telefon da i svrti. Moevo kako malo mi vikase deka sveki e majka ama jas togash morav da rabotam nadvor od doma.Nekese da dojde doma pa morase sveki da uspiva.Sega vo nedelata ne vrti telefon ednas. Period e, se vrzuvaat za babi zasto keifot im go pravat a roditelite vospituvaat.
Се надевам срц не ми е криво што е приврзана ...знам таа ја чува али криво ми е што не сум и битна а многу се трудан околу неа позззз ❤❤
Време, сакам да успориш малку, да не ги носиш убавите моменти од неодамна далеку од мене, во минатото. Сакам и да убрзаш, да ме донесеш побрзо до моментот што со душа го чекам. Не знам и јас точно што сакам од тебе, но знам дека си безмилосно.
Понекогаш од најлошите краеви се раѓаат најубавите почетоци! И покрај тмурното време денес сум ептен позитив
Најубав комплимент е довербата. Таа е показател дека на некого веруваме, дека го почитуваме и дека сме сигурни со таа личност. Или обратно, дека ние сме тие на кои другата страна силно верува и спремна е секогаш сѐ прво или единствено со нас да сподели.