Толку години си потрошил во нешто,се трудиш за некој друг да заработува, го ставаш приватниот живот на второ место,минуваат години,даваш се од себе,се враќаш исцрпен дома а добиваш помалку од што заслужуваш а не ти е гајле и на крај да те обвинат за нешто што не си направил без никаков доказ.ама се се враќа во животов,веќе имаше предупредување од оној горе ама изгледа си продолжи по старо,епа следува нешто пострашно изгледа,ама ако,кој како си заслужил...
Кога ќе ја изговори некој постар човек реченицава: -Ееее во наше време... БЕГАЈ!!! Навистина бегај подалеку зашто ќе бидеш испровоциран и навреден до немај-каде. Ќе почне да кажува како тие се бореле со крокодили низ реката за да појдат до школо, а вие денес имате организиран превоз. - Како учителот ги тепал со каиш и по цел ден седеле во ќош. - Како тие 7 деца дома јаделе месено лепче и грав секој ден и биле здрави, а вие сега сте збеснати со јадење и пак сите се со слабо здравје. - Како тие на времето играле со камчиња и листови, а на вас ништо не ви е интерено. - Дека не знаеле што се случува во соседното село, а вие сега го имате светот на дланка. Во ред, навистина било така ама што може да се направи? Светот и технологијата се развиени, а ајде ние ќе седиме заглавени во минатото. Не сакам мобилен зашто баба ми и дедо ми немале на моја возраст (нема врска што не биле измислени мобилните во тоа време)...не сакам да ставам шминка на мене, зашто баба ми работела на нива на моја возраст... не сакам ни телевизор зашто тие немале ни радио.. Така треба да живееме? Иако самото општеството (како професионалниот така и приватнот живот) бара од нас да сме поврзани со светот, сепак јас не сакам компјутер зашто старите немале. Воздух загаден, јадење вештачко со хормони, луѓе по цел ден ко робови се затворени по канцеларии, огромна разлика во финансии помеѓу граѓаните...И ќе се најде некој стар: Еее во наше време колку си бевме поздрави и посреќни. Не кажуваат лаги, ама никако не можат да ја прифатат реалноста и сегашноста. Не е битно што сега се има секакви информации во секое време, што здравството е развиено и не умираат луѓе од настинки, што имаме чиста вода дома, што имаме можност да се образуваме и да оствариме контакти со повеќе личности од светот... туку битно е што тие по цел ден играле оро на сред село.
Болката од она што останува премолчено е поголема од она што е кажано. Пропуштената шанса носи повеќе каење отколку грешката. Скриените чувства повредуваат повеќе и од оние искажаните, а невозвратените. Да можев да го вратам времето, се колнам дека ништо немаше да биде исто. Ме измачува прашањето Направив ли се` што можев? Се борев ли доволно? Ќе имам ли барем уште една шанса? Се молам да имам...
Утрово млад психолог ми рече: подобри сме откако ќе се скршиме да знаеш, повеќе вредиме, повеќе чувствуваме, повеќе се даваме и повеќе сакаме... Затоа нека си трепка ова тука: „We are only truly whole after we have been broken somehow because there's a depth of empathy and wisdom and kindness that only comes from suffering some form of emotional or physical pain." - Steve Leder
Знаеш дека не си повеќе дете, кога сфаќаш како достигаш точка на вриење кога денот ти „сервира“ ненајвени гости. Навистина не знам како некогаш сум скокала до плафон од радост дека ќе ни дојдат гости кои секако биле „на минување“, па да нè видат. Најверојатно затоа што мајка ми и татко ми се организирале некако да го очовечат домот со спремање и брзинско чистење. Вака кога знаеш дека сам треба да си плукнеш на раце и да се фатиш за работа, некако ти станува јасно зошто ним почнувало да им чури од уши. Не ми беше баш смешно ко тогаш.
Разубавуваат ден стари луѓе во автобус на кои кога ќе им отстапиш место, одговараат со насмевка и ,,фала“. Едни од најголемите вредности во општеството секогаш ќе бидат културата и почитта кај помладите, но и рамноправното возвраќање и поздравување кон истите од постарите, со што не ги сфаќаат здраво за готово и покажуваат дека навистина ги заслужуваат и лично како индивидуи.
Кога бев во градинка, на баба ми и кажав дека сакам жолт џемпер за нова година. Добив неон жолт џемпер со пердуви околу врат. На моето три дневно вриштење дека НЕ сакам таков џемпер, баба ми зеде и ги сецна пердувите со надеж дека така повеќе ќе ми се свиѓа џемперот. Needless to say, морав да го носам на сите можни празници таа година иако плачев секој пат кога го облакав. Moral of the story, вака некако се уште ми тече животот.
''I mean, I hope you’re happy, But the sky is still the sky without you, And I’m not surprised by that anymore.'' Како е можно едно стихче толку многу да боли?
Се повеќе и повеќе го слушам она "учи за да биде нешто од тебе". Ми го упатуваа мене на времето го упатуваат и кон децата денес. Сум за тоа на децата да им се овозможи образование но дали е тоа вистинската реченица? Дали според ова оние кои не постигнале некоја позиција во животот се ништо? Дали луѓето кои немаат високо образование се ништо и не се вредни? Дали ако поради х причини некој не дојде до диплома не вреди ништо? Дали ако не успее да дојде до соодветно работно место станува безвреден и ништо? Дали? Зошто децата не ги учите да бидат луѓе туку ги учите да бидат "нешто"?
Никогаш не жалете што сте запознале некоја особа во својот живот.Затоа што добрите особи ти даруваат среќа,лошите ти даруваат искуство а злите ти даруваат лекција.Во секој случај добиваш нешто,и неможеш никако да изгубиш.Зошто во животот колку си научил толку си победил.
Ги затворам очите и го слушам нивното дишење, го чуствувам нејзиното клоцање во стомакот, го осеќам неговиот мирис покрај мене. Тишина а толку гласно. Темнина а сонцето грее. Една соба а цел свет во неа. Мојот свет. Добра ноќ и убави соништа на сите.
Во најголем дел од животот се обидувам да игнорирам,да премолчувам на мрчење,негодување,повишување тон,навреда...Премолчувам,голтам,често се правам како да не сум слушнала,како не си вреден(а) да ти се нервирам... АМА понекогаш навистина ми прелива чашата,станувам екстра сензибилна на секое нешто од набројаните и ми иде сите да ги отерам упм,да заминам некаде сама со денови,море со недели никој ни да видам ни да слушнам....
Гледа уопште некој британски x фактор? Дека ја на торенти си го симнувам па си реков да не има некој да си искоментираме