Еве ме мене после една пауза. Некако немав инспирација за пишување, за читање, за скролање. Па си стокмував мисли на друго место иако морам да признаам дека ми недостасуваше секојдневната дружба со форумчево. Неделава го имам последниот час на факултет од сите четири години. И да ви кажам, малку ме тапка носталгија по рамо. Што се не преживеав овие четири години, ама она крајот го краси делото ептен дојде кај нас. Четири години сме некоја мутава генерација за последната недела да се зближиме. Иронија, иронија до максимум ама тоа е. Наредна недела имаме уште една вечер да се подружиме, таа кафана што никогаш не ја истеравме да ја истераме. Прееска слушав цитат што одлично ја доловува нашата ситуација: Луѓето најмногу се зближуваат откако среќно ќе ја преживеат несреќата. И можеби не е толку дека ќе ми фалат студентските денови туку дека не знам во која насока ќе ме отера животот. Знам што не сакам, ама не знам што сакам. Е ајде де. Денес ме дрма ужасен ПМС надополнет со нежелба за учење. Стигнав до точка ајде да јадам солени переци со слатко од смокви и мислам подобра комбинација месец дена уназад не сум јадела. Од што не ми се учи почнав некои модни комбинации да си правам и глупави игрички да играм. Изгледа до времето е, еве сите што имаат за учење кукаат по статуси. И така драги луѓе си врви животецот.Ве поздравувам со ова https://www.youtube.com/watch?v=vEVcN177l-s
(Извинете ме за предолгиот пост, ама ова ми лежеше на душа долго време.. веќе ми пукна филмот) Да не речите се фалам, ама пак вистина е ова што ќе ви го кажам.. Можи не сум совршена, си имам некои бубачки ама брзо ми поминува. Море.. не знам стварно што е проблемот, секоја мајка би посакала снаа како мене.. секое машко - сопруга Ниту пијам,ниту пушам, се прибирам во разумно време, имам трпение и толеранција кон сите.. па и колку да е лоша ситуацијата или човекот секогаш се трудам да извлечам нешто позитивно и да прогледам низ прсти. Една ѕвезда да ми симнеш, јас цело небо со се месечината ќе ти го подарам. Не викам, не пцујам, не се тепам.. културна и дисциплинирана сум, моите ме воспитале на најдобар можен начин.. Да бидам дама. Пред се го ценам и се заљубувам во карактерот на луѓето, физичкиот изглед не ми е битен.. И пак ќе речам не се фалам, не умре циганката што ме фалеше само на одмор ојде ја испратив троа да одмори од фалењето, убава сум (не сум најубава) ама имам мила фаца, нежни црти, не сум некоја намрштена со поглед што убива, секогаш сум насмеана позитивна, расположена, и одвнатре да ми се распаѓа цела душа јас изгледам како најсреќната личност на овој свет.. зошто не сакам и другите да ги вознемирувам со моите проблеми ниту да им правам негативно расположение. Со сите се дружам, не бирам и не делам луѓе.. не го гибам тој што не ме гиба, не му префрлам и не се закачам со тој што неме закача. Се трудам што е можно повеќе да се изградам како сериозна и стабилна личност, избегнувам да бидам дел од ситуации кои би ме засрамиле.. сакам да имам позитивна репутација. И пак ќе се најде некоја будала ќе речи се најлошо за мене, а зошто???? Да имаше барем една негативност ќе разберев, ќе речев вистина во тоа не чинам ќе се трудам да се подобрам. Паметна сум, интелегентна.. брзо учам, не ми треба човек да ми повтори два пати за да го направам нештото, и да не знам како се прави ќе се трудам ако треба цел ден и ќе научам.. не ми е битно времето, битно да помогнам и да дадам се од себе. За никој не кажувам лоши зборови, па и за тие што заслужиле.. зошто да ги озборувам, ако си имат негативни страни самите ќе си ги искажат.. зошто да раскажувам наоколу за некој дека не чинел, од каде да знаам можи пак на тој што му кажувам ќе му чини таквиот карактер.. зошто пред време да му пресудам на човекот. Едноставно не се замарам со туѓи проблеми. Прво и основно си гледам за себе, јас да си ги средам моите работи.. да си одам по мојот пат и да си го гледам мојот живот. И пак бе ќе се најдат луѓе ќе речат.. глупа е проста е.. во што бе луѓе? Тоа што не се однесувам како лај*о, тоа што не се правам која сум јас кога ќе врвам и не ги омаловажувам оние луѓе кои се подолу од мене било на материјално или интелектуално ниво? Па сите сме луѓе.. исти сме. Некој ако е глуп, не е глуп заради тоа што така се родил или така сакал.. На крај краева никој не се родил учен, еднставно не се потрудил да се надохнади себеси, не пробал да научи нешто ново.. не се потрудил. Некој ако нема пари не значи дека е нешто подоли, едноставно не се потрудил доволно.. ако се сака се се може. Сите почнале од нула, па и најголемите богаташи во светот можеби не тие ами поколенија наназад.. дедовци прадедовци молеле за корка леб, ама си работеле.. си печалеле, се снашле во животот. И што има да се љубомори тука, работи ако сакаш да имаш бе, што ти се криви луѓето што имаат. Не се фалам, не сум ќерка на Арапски нафташ, ама имам доволно за пристоен и угледен живот.. излегувам, се дотервам.. мајка ми и татко ми се потрудиле да ми го обезбедат најдоброто што го можат и благодарна им сум до смрт, и ќе се трудам јас да им вратам кога ќе остарат со дупло повеќе.. и тие да проживеат убава старост со сите можни задоволства. Избегав од темата.. нема везе. Сакам да кажам, што им сметам бе на луѓето.. ниту му имам некогаш на некој речено еј види побогата сум од тебе, јас сум татина принцеза.. ниту сум им рекла, еј поубава сум од тебе.. види ме спрема тебе сум Адриана Лима. Никогаш не сум се гледала себеси како нешто повеќе од другите.. напротив. Јас си ги ценам моите квалитети и она што сум (овој муабет не е фалење туку едноставно кажувам дека сум свесна за она што го поседувам).. И како за инает луѓето пак зборуваат лошо за мене, а ниту сум им дала повод.. ниту причина. Само измислуваат и измислуваат. На фантазијата им нема крај. Седни до мене 5 минути ќе направиме муабет кој ќе го памтиш додека си жив, и ќе видиш што човек сум.. дали сум вообразена или приземјена. Најлесно е да судиш според изгледот. И друга ми беше поентата.. покрај сето ова пак сум сама.. добро што сакаат машките не ми е јасно, секој ден да ме гледаат со различен маж под рака, да се враќам во 6 сатот сабајле пијана и да паѓам по скали? Да се дрогирам, да пушам, да пијам? Тоа сакаат машките да го правам па за да ме сфатат озбилно? Сите како за на мајтап, добро изгледа срамота е денес да се има примерна девојка покрај себе.. поубаво е и поголема гордост е да се шета под рака најголемата дроља во градот дури од страни му извикуваат „Еј јас ко се пукав со неа ти брат кај беше???“ Добро бе супер.. тоа ќе го правам ако е така, воопшто не е тешко. Наместо да си имат женска за која што никогаш нема да слушнат дека направила некој скандал, или се изрезилила, или прави недозволени работи.. тие избираат баш ете такви, распуштени девојки. Женски јас решив.. не сум светица, не ни реков дека сум.. Имам и јас свои негативни страни но не се толку сериозни, знам одвреме на време да бидам тврдоглава, да се изнервирам лесно, да му се налутам на човек.. но секако не без причина, и за среќа тоа брзо ми поминува. Два три збора и пак сум старата јас, ќе те гушкам и бакнувам како да ми си се на светот. Ама ете тоа е тоа.. некои и покрај тоа што ги поседуваат сите квалитети, се предодредени да останат сами. Јас заминав калуѓерка, останете ми поздравени!
Сакам да кажам... Не се откажувајте лесно, затоа што упорноста е една од карактеристиките на успешните луѓе. Секогаш има повеќе од една убава причина да се разбудиш наутро. Добра ноќ ви посакува Озбилна. Ве и ве напуштам
Саκам да κажам... Миρно да спиете κаκо бебенциња и да сонувате ρозови и слатκи соништа... Sweet dreams...
Денеска е годишнина на мама и тато, 14 години од брак. Не ми се верува како помина времето, како вчера да беше кога имав 9 години, а за неколку месеци всушност ќе полнам 13. Деновиве само некои чудни работи ми се случуваат, но добро воглавно е добро, за разлика од лани овој период, се ќе биде подобро, ехе животецов е пред мене. Како и да е, нека ви е среќна годишнината мамо и тато бидете заедно до 101 и назад.
Колку шишенце со стар, потрошен парфем , може да те наврати на минатото ..... Просто- неверојатно! Си чувам некои од поомилените, спаковани по настрана да не ми збираат прашина, и си знаам понекогаш да си ги душнам, и баш во моментот кога ќе замижам уживајќи во мирисот, оп...... како во сон ми се враќа се назад. Еден веќе фрлив {ме потсети на мојата прва љубов} едноставно не сакам да се потсетувам на минатото, туку сакам да си чекорам напред, во сигурна иднина. И си велам можеби затоа и често менувам парфеми, баш поради оваа причина. Добра ноќ феминки... Знам дека ќе се пронајдете во зборовиве и вие.
Туширање, утринско кафе, појадок-done! Упс, ако појадок е една банана .. Сега да се фрлиме на учење.. Сите вие кои имате за учење, што да ви кажам, со лесно учењето. ** И не заборавајте, како си ја наредите така ќе ви биде. Никој друг не може да ја нареди наместо вас. Имајте убав дождлив ден пријатели!
Се прашувам дали тоа конечно коцките на мојот живот ке се наместат ? Заедно сум со човекот кој го сакам , родителите ми се добри , конечно мајкми и јас ги решивме здраствените проблеми кои не ни дозволуваа мирно да спиеме , таткоми е добар, дечкоми е добар.... Денеска добив повик за работа очекувам уште еден повик и во најскоро време може и уште утре ке тргнам на работа , конечно , ова ке биде моето прво вработување па посакајте ми среќа многу се радувам
Кафиња. Кафиња со драги личности. И кафе муабети со луѓе кои не си ги видел доооолго дооолго, а секое гледање ви се чини дека вчера сте седеле исто така. Ама сега сте побројни. Кој за партнер, кој за партнер и дете, кој за куче-маче... и секоја седенка е понасмеана. А знаеме дека пак ќе помине време додека пак се собереме. Нема граници и време што може да разделат вистински пријателства и вистинска љубов. I love my friends worldwide!
Шминка за „посебни“ пригоди од над 50евра?! Ова е една од работите што не можам ни во аздис да ја сврстам. Под моите класификации дефинитивно спаѓа во симптом на лудило. Па не знам колку треба да е посебна пригодата за да ги лупнам тие пари за тоа. Ни невеста кога ќе (ако) бидам нема да ми се деси тоа. Чесен пионерски збор. Па и уште матуранткиве уфилмани, мислиш шта да ти причам Леле леле. Па и благодарности, петиции за споменици за Црнокрак/Дадар/Бубе. Е добро де се испофали дека те шминкал дотичниот. Си му платила и те нашминкал не знам зашто процедурата на возвишување, тоа му е работа. Матура не сте положиле се уште, ќе ми се курназите овде со скапотии кои би требало да ги избришете истата вечер . Па и нокти правење со „сваровски кристали“ и сето тоа нели со посолена сума . Море мрш таму! Дома вашите не можат на крај да излезат со трошкови и вртоглави пресметки за студентскиот живот кој ви следи, (зашо нели сега модерно е сите масовно на факултет), они ми се фрцкаат по маркетингски експонирани салони . Демек некоја талентирана девојка што шминка дома или пак салон кој нема цени до плафон, не може да ве среди а? Проста женска маса. Ама убаво ви прават од салоните... се додека има овци за стрижење, ќе има волна М,
Сериозно, што е финтата што одат со штикли на факултет? И ај барем да знае и може да оди, се крши целата како недај Боже некој здравствен проблем да има. Јас сум ви од оние таленти кои знаат ептен да ја ус**ат работата, со извинение на израз. Значи толку знам да ја упрскам некогаш, тоа да се чудиш. Не често, ама еднаш до два пати во годината мора да ми се случи некоја ваква дешавка пропратена со такихардии. Доаѓам до точка на пропаст за самата себе. Дали намерно или ненамерно ама знам многу да упрскам. Се наоѓаш во безизлезност и се прашуваш "А што сега?". Ама па од друга страна, колку многу среќа имам тоа е некое чудо, најсериозно за мене е чудо. Абе во последниот момент, не 5 за 12, 1 секунда до 12 се спасив. Среќа имам за сите по малку да ви дадам. Пријави во лп. Денеска ќе се наспијам како човек, ќе си брмчиме со мачорот, ќе се легачиме, ќе кршиме кревети и ќе ја почнам да ја читам книгата што дечко ми ми ја поклони. Патем, книгата еден ден пред да ја добијам за поклон ја гледав и сакав да ја купам, ама немав доволно пари во мене и си реков, нека остане за подобри времиња, никој не ни знаеше дека сум гледала книги, нит па која сум ја сакала. Другиот ден доаѓа дечко ми кај мене, вика ти купив нешто, вади од ќеса и ми ја дава книгата што ја гледав претходниот ден. Се мислел за уште една ама оваа знаел дека ќе ми се допадне и знаел дека сакам такви книги. Е ај сега не го сакај. Голем штрумф е. Инаку да ви кажам јас завршив со сите формални и неформални ситници во врска со факултетот. Добро де, имам некој испит, ама ситно е тоа за мене. Се чувствувам полесна за 10 кила. И, морам да издвојам посебен дел од постов за професорката која го спаси денот и се појави на вистинското место и во вистинското време. Cheers.
Дали само јас, штом некој заспие, му стојам врз глава и гледам дали диши? Не одма, ама ако тоа спиењето на личноста се пролонгира, ми станува сумљлив. Ако е темница, малку потешко ми иде препознавањето, ама има гоолемо олеснување кога ќе слушнам хрчење. За што размислувам...
Ако не можеш/не сакаш да сториш нешто поради тоа што си западната во длабока депресија треба да си со некој кој те сака и подржува, а во мојот случај сама! Не ми треба некој кој ќе ми ја забива депресијата уште повеќе, не ми требаат викотници и кавги. И сфатете, не сум инаетчика! Не водам инаит никому, тоа е вистината, не можам да го сторам бидејќи сум во депресија, а не бидејќи не ми се допаѓаат работите околу мене. Идиотски свет! Мојот спас очигледно се наоѓа во мојот сопствен крај... Го знам тоа уште многу одамна, но, немам никаков избор...
Мозокот ми изветреал од главата како да е ацетон. Стварно ви велам Божее до каде јас со мојот памет Ц, ц, ц, што му прави љубовта на мозокот го претвора во ацетон Едвај чекам да дојде сабота, на мојот роденден секогаш се случува нешто убаво или барем интересно. Ај позз
Нека врне колку сака, само нека не грми! Фобија имам од грмотевици Еднаш кога бев сама дома, а надвор земја и небо се споија, се пикнав и се затворив во шпајзот. Заборавив дека сум клаустрофобична. Во тој момент само сакав да се затворам некаде каде што нема да го гледам светкањето и нема да го слушам грмењето. Еден од најголемите предизвици за секој фотограф е да го „фати“ вистинскиот момент на распукување. Ама јас веројатно никогаш не би се осмелила ниту пред прозор да застанам со апаратот. Единствено ми е интересно да гледам такви фотографии. Од кои, една од омилените ми е оваа Кога сум веќе тука, си реков ќе оставам еден мал извадок од последнава книга која уште ја читам. Како мало потсетување за сите оние кои се мешаат во туѓи животи и први се за да осудат нечии постапки без да ја знаат целата приказна. Ms. Cormier, who has the right to judge someone else? “Well,” she said. “That depends on whether you’re judging in a moral sense or a legal sense. Morally, no one has the right to judge anyone else. But legally, it’s not a right-it’s a responsibility.”
Како што реков така и бидна оваа година уште подобра ми е од претходната само така нека продолжи,многу сум јак бе
Ред дожд,ред сонце,ред смеа,ред тага... Дома владее еуфорија керка ми ќе оди на екскурзија и демек многу важна работа,полуматурантка. Бреј...мислам разбирам јас радости ама до толку потресување не .Среќа ме послуша за некои работи кои и ги сугерирав,така да ситуациајате не е до толку очајна.Многу поголем проблем ми е запишувањето во средно кое е пред нас,ама...се разбира човек секогаш повеќе се држи за оние работи кои му се попријатни.Освем тоа што планира да понесе цел плакар целата соба и е како бомба да паднала.Трпение мамо се ќе помине! Е да,поминува ама на тест ги ставив сите дипломатски способности за докажување во врска со фустанот и штиклите.Да да ,штикли...јас на истите се качив на матура и тоа на некоја смешна висина од 3 -4 сантиметри ,овие што таа ги купи се кладам дека ќе има вртоглавица.Но кој може да докаже.И немој некој да ми спомнал дека се било до воспитувањето на родителите.Не драги мои,се е до децата.Ако тие се спремни на компромис и договор се може да излезе нормално.Вака ми останува само да дигнам раце и да ја оставам сама да се сопнува од сопствените небулози. Упорна сум во диетата ослабев 4 кг...и ме фати очај или подобро речено хедонизам,па повратив 2.Нема од мене да биде никогаш складно градена жена ,затоа што не сум доследна во држењето диета.Како некој кој сака да држи диета буквално се исцрпува а од друга страна му се јаде што дури му доаѓа столиците да ги изглоѓа.И во таков момент на несигурност ти натежнуваат и секојдневните проблеми и тогаш почнуваш да јадеш со солзи во очите како малине деца кога добиваат утешна чоколада.Не велат не било тоа очај,тоа ти било хедонизам кон храната.А тоа ти е исто како алкохоличарите со поубав збор се нарекуваат боеми. Ај,со лесно да ја поминам и оваа полуматура.Се надевам ќе ја преживеам.
Чувството кога седеш насмеан од 6-ка до 6-ка а кога те прашуваат што ти е и зошто си толку среќна, не знаеш што одговор да им дадеш. Па среќна сум бе луѓе, убаво ми е. Луѓето што зрачат со позитивна енергија се посебни. http://www.youtube.com/watch?v=TlFCfkyuQM0