Сабајле со колешката стигнавме порано на работа, а газдата уште не беше стигнат, и немаше како да влеземе. Па си седнавме доле у еден кафич на топло и оп келнерката нè почасти две топли кафиња. Who early wounds two lucks grabs Кој рано рани куче да те лае
Што убаво паднав, добро е што раце и нозе не скршив. И демек квалитетни обувки имам. Аха... Кога не гледам кај одам ако ми е. Ама се ме боли. Ми се плаче.
Зошто луѓево мора да се интересираат за тоа зошто сум купувал секое утро еспресо а не сум пиел турско? Прво, мои се парите кои ги трошам и ги трошам за свој мерак и ги трошам зошто ми се пие еспресо, simple as fuck. Второ, мој проблем е тоа што ќе пијам јас, кога ќе ми се јават вака некои „загрижени“ душички кои меѓу редови ти велат „глуп си, треба да пиеш турско“ ми се темни. Едноставно е, имам пари ќе си пијам еспресо, мерак ми е да пијам еспресо и си го терам меракот. Кога ќе немам пари ќе си пијам турско. На никого не сум му се мешал а не ни сакам да ми се мешаат искрено. И немам ништо против тие што пијат турско кафе наутро. Ако вие сакате да штедите до денар и не сакате воопшто да си терате мерак едноставно е, правете го тоа. Ама не им се мешајте на другите и не им кажувајте на другите што да прават и како. Имаме право на свој живот и свои одлуки.
После пораѓај добив минатиот месец а уште дојам и овој месец ми доцни 7 дена па сега ќе правам тест но ми е страв да го направам иако 97% сум сигурна дека ќе биде негативен Леле сонував дека си пукам со пиштол во стомак 2 пати што може да значи
Ја добив најсилната прегратка денес. Од внук ми. Рече најмногу ме сакал. Среќата, велат, е во малите нешта. Но зарем ова е мало нешто? Не би рекла. Среќата е во големите нешта, затоа што љубовта, прегратките, насмевките, помошта, љубезноста, гестовите и слично, тоа се големи работи. Сѐ што е за душата полезно, големо е. Мали се материјалните нешта. Животе, чудесен си.
Ke se pojavi od nikade ,ke ti gi izleci ranite i ke zamine kako sto dosol...tivko,na prsti,kako perduvce...
Дaј му нa чoвек мaлку мoќ и мaлку пoвеќе пaри и види му гo карактерот и културaтa(oвa де,прoстoтилукoт) Тркaлo е векoт... А и не живееме вo метрoпoлa утре пaк требa дa се сретнеме...јaс сo кренaтa глaвa и без грижa нa сoвест сo секoгo мoже дa гo нaпрaвaм тoa a зa oвие гoреспoмнaтите не би гo реклa истoтo...aкo вooпштo им е гaјле и имaaт и нaјмaлa грижa нa сoвест...
Во политика Господ не се меша... Оставете го настрана од криминал!! Не го изговарај напразно името Господово.
Инсталирам среќа со колаче во форма на новогодишна елка и топол чај од шумско овошје. Зима е, ама зумбулот што ми стои на шанк почна да раззеленува, додека поле зумбули во душава пробуваат да ги расцутат свенатите. Посебна ќе биде оваа белина што ни доаѓа. Ќе биде најбела. Ќе биде љубов и ќе светка како најсветлата ѕвезда. Како нешто што долго се чекало. Како надеж. Како верба. Како занес во најубави ноти. Како убав сон... ама вистина ќе е. Емоција од која кожава ми се ежи и не сакам да престане.. никогаш... Го сакам дождов... и него...
Продолжуваат да ми кажуваат да дишам. Можам да си ги почувствувам градите како се движат горе–долу. Но зошто имам чувство како да се гушам? Ја држам раката под носот, да се осигурам дека има воздух. Но,сѐ уште не можам да дишам.
Сакам да кажам дека денес ми е најнепродуктивен ден годинава. Толку ме мрзеше што новите powerpuff girls ги гледав зошто сами се пуштија, а ми заврши плејлистата на јутуб. И ги гледав дур си дојде татко ми дома па пушти турски серии. Сега се знам што се случва на тв, и уште не сум мрдната од место. Да бев попаметна да си слезев некоја епизода да си ставам на тв па да легнев пред тв ќе се чувствував многу продуктивно. Ама имаше еден убав со сини очи и така ситен во телото, симпатичен актер што изгледаше цело време како искарано куче, така да не се жалам премногу. Добра ноќ.
„На крај на животот луѓето најмногу се каат за работите кои не ги направиле, а не за оние што ги направиле....“ прочитав денес и ете го во срце ми срасна, оти никој не ќе е тука вечно за да се себе унакази задоволувајќи туѓи очекувања и да се гуши во загушените во себе желби, потреби и љубови, чекајќи дозвола за едно ново утро каде ќе стори што срцето му крие......
Она кога кај возрасни луѓе, повозрасни од тебе, сретнуваш ставови и размислувања кои си ги имала на твои 15, веќе напуштени, на кои се присетуваш со нелагодност Страшно е како некои ликови едноставно не еволуираат... многу ликови. Декември ли пристигна? Штета. Мене уште ми е август.
Години ... 7 години поминаа, како вчера да беше кога ме напушти. Дедо, ти си мојот најголем херој и идол во животот, да не беше ти, мојата отворена патека кон успехот немаше да биде реалност, тебе ти должам се'. Ти благодарам за се' што ме научи во животот, и знам дека си горд на мене, сега да би бил тука би ми рекол - „знаев дека ќе успееш, крвта не е вода“ И навистина не е вода, иста сум како тебе, копија и рефлаксија, ист борбен и мудар карактер, кој што никогаш не се предава, колку и да се големи препреките во животот, сите сум ги преминала, сама, исто како и ти на млади години ... и после секој пораз, сум станувала, сум се исправала гордо, и сум продолжувала понатаму, се' посилна и посилна секој нареден пат. Што поголема препрека пред мене, толку поголем предизвик и желба да ја совладам. Само малце потклекнав периодов и избегав од колосек, особено ноември, али тоа е ... сите најодвратни работи ми се случиле во ноември, и како заокружување на ноември, 30-ката, разделбата со тебе. Само едно знај, ти си ми единствениот мотив да продолжам понатаму, и да не се предадам никогаш, како што и досега никогаш не сум се предала. И да ... сеуште после 7 години немам заиграно шах, ми фалат времињата кога игравме заедно шах. Но, овој пат ќе заиграм малце поинаков шах, како што ти играше во животот и секогаш победуваше, ќе ја користам истата твоја формула. Спремна сум за сите нови предизвици во животот, и ти ветувам дека ќе ја изиграм најдобро што можам мојата партија ... затоа што крвта не е вода