Агресивни и насилни деца со слаби оценки и деца кои се повлечени и одлични оценки, ми се два екстреми со иста причина. Не се едните повоспитани од другите, само во нивните стравови преовладува тагата, а кај другите во нивните стравови преовладува агресијата. Заедничко им е стравот. Родители, обрнете внимание на своите деца. Оставете ги буквите и бројките, јас не сум запознала дете (здраво дете, без останати физиолошки нарушувања) кое не научило бројки и букви, ама запознав многу кои не научиле да се сакаат себе си, останатите и пред се животот. Познавам еден куп врсници кои прераснаа во личности кои ловат погрешни соништа, кои трагично патат по љубов, кои купуваат партали облека за да купат емоција на доволност, еден куп врсници кои станаа емотивни инвалиди со еден куп селфија по социјалните мрежи, а една огромна празнина зад очите и дупка во градите. Кога овој образовен систем ќе се насочи да изгради емотивно интелигентни деца? До кога 5ката и врските на училиште ќе бидат единица мерка за интелигенција? Впрочем и онака послабите ученици беа помалку омилени кај професорите, не може да се очекува од такви инвалиди дека ќе креираат добри луѓе. И надвор од темата, но некако во контекстот, некако ме буричка, сакам да прашам. Како сте сите вие на кои ви ги поправаа оценките до средно училиште, ви ги полагаа испитите на факултет и ве вработија преку врски и партија? Добри сте? За мене уште сте мизерни паразити. А чувството да бидам во позиција да ви го укажам истото во живо на многу суптилен и прекрасен начин е неописливо. Нека се должи на мојата фрустрација од таквите заради тоа што со свој труд создадов се, ама сериозно...најсериозно, чувството е пре-кра-сно! И не,нема да дојдат нивните пет минути повеќе, затоа што имале години и години и поминале, ги влечеле со ортоми и си добиле тоа што треба. Благодарноста да сум тука каде што сум во моментов не може да ми е поголема. Контролата над тоа да изберам се што е добро за мене и среќата да го уживам тоа во една константна линија е навистина убава. Не можев ни да замислам дека животов ќе ме голтне и исплука на оваа страна каде што се случуваат секогаш убави нешта. Не, луѓето тука се уште умираат и има болести, тоа е процесот на живот, ама се останато е беспрекорен свет на избори и можности. Не можам ни да си објаснам кој животен пат и перипетии го изодев за да стигнам до тука. Некому му е мерило позицијата, некому платата, некому селфијата, јас сакам да речам, се гледаме за 20 години со нашите малишани, тие ќе кажат повеќе за нас.
Проклета да е хуманоста во мене!!! Значи колку пати ме повредиле и јас пак давам се од себе за да и помогнам, иако знам дека ќе ми биде вратено како бумеранг, но со лошо. Ама ако, има некој одозгора што се гледа и слуша
^ Toa не е хуманост, тоа е личен избор заради потреба од нешто. Прашањето е зошто помагаш? Да те прифатат или да те потврдат? Имаш избор, не мораш да помогнеш. И не е погрешно ништо, само треба да си искрен пред себе. Ако го правиш за ниту едното од овие две, никогаш нема да те повредат. Тогаш тоа е хуманост. Ако има некој што гледа и слуша како што викаш ти, а ти се вратило лошо како бумеранг, не го доживуваш како одговор на слушнатото и виденото од тој горе? Нешто не правиш како што треба. Често погрешно сфаќања концепција. Биди добар за добро да ти се врати, а никогаш реално духовно не се убедувате во истото, туку стравот ве принудува да бидете добри и подредени.
Дали сум нормална дека почнав да ги гледам волшебнички од прва сезона, прва епизода? Беа хит на времето а не ги догледав до крај па сега имам цели 8 сезони за гледање. Не да се заразив со вештерштвово после првата сезона на вичис оф ист енд???
колку само себични луге има, а јас сирота незнам до кога ке бидам емотивна и глупава на сите да им простувам. Дефинитивно треба да научам како да им речам НЕ на лугето и да бидам по строга. Затоа што вака на крајот само сум јас повредена.
Да, нормална си. Јас претходното лето ги изгледав сите 8 сезони. Од прва до последна епизода. Се заразив не знаеш колку. Ми се случуваше по 10 епизоди на ден да изгледам. Дека лето, слободна бев и уживанции. Не трепнував. И порано кога на телевизија ги даваа ги гледав ама сега сакав онака да си се потсетам мерачки. И пак би ги гледала сите.
По некоја недела немој да сте зуцнале како е пеколно жешко да се разбереме пред време. За мене и за сладоледот секогаш е лето.
СДК аман веќе од турскиве серии , дома како на навивање е секоја вечер. Всушност има атмосфера како навивачки да се дерат на трибини. Навивачката-секако мајка ми. Абе си се дери, па не си бери гајле дали ќе ја слушне некој, навива во буквална смисла на збор. Се дере: „Немој бе, ѓубре некое“ „Не оди таму, не те сака“ „Магаре, немој така да ја удараш“ ... Одам да видам што се случува, а таа на телевизорот си се дере. Ајде ја оставив да навива уште малку и си ојдов во другата соба, во следниот момент слушам гласови како некој да плаче, одам во собата и Фатмаѓул плаче, а мајка ми по неа. Абе и двете плачат како во дует. И велам: „Мамо што биде?“ и одговор: „Ја оставија Фатмаѓул“ и си плаче. Ајде се смени сценава со плачењето сега пак ја гледам се смее, сега Мукадез направила нешто. И на крај завршува филмот на мое големо задоволство и и` велам на мајка ми: „Мамо Фатмаѓул зема многу пари бидејки е одглумила нешто со водичка, а ти тука плачеш за неа“ и секако очекуваниот одговор: „Аа немој така, Фатмаѓул е искрена“ Ми се приспа од вестиве ама знам дека ако сега заспијам подоцна ќе се разбудам бидејки мајка ми ќе навива за Фатмаѓул. Се прашувам кога ќе заврше филмов па конечно малку раат. (Абе каков раат, нов ќе почне , бидејки 5 века се малку )
Ослободете ги книгите, не бидете себични. Не можам да разберам како некој може да земе книга од библиотека и не ја враќа бре. Па сака и некој друг да ја прочита, а не да ја држиш во заробеништво. Ниска свест значи. Видов некоја статија за маалска библиотека, ама ништо немаше кажано, ни кај е, ни што е, баш ќе одев да оставам некоја книга, тоа е една супер идеја што треба да се изреализира. Ама со нашиов народ ќе остане празна за кусо време ми се чини. И така ви викам, чуден е периодов малку, времево на нерви ми гази, откако ќе излезеш сите годишни времиња ќе ги поминеш, па после глава болело, грло, се нешто не сме добри. Никако сонцево да ја извојува победата, нема волја некако да се бори.
Нека не те чуди, такви се луѓето, човек ќе им помогне, тие незадоволни, после истите се жалат немало луѓе.Секако дека ниту еден човек не сака да биде повреден и оние кои прават добро некому и другите, само што вторите ги повредуваат останатите, со цел тие да не бидат повредени.Во животот има два начина, првиот - човек ќе им помага на другите, па макар и да бил повредуван, вториот - нема да помага за да не биде самиот тој повреден, а што многумина се одлучуваат за вториот начин, тоа е веќе егото кај човекот.Обично оној човек кој со цело срце сака да помогне некому, без да бара возврат за нешто, е оној кој е најмногу повредуван.Доволно е човек да прогледува доволно добро на животот, за да го осознае, каков е всушност.
Стварно ме погоди видеово. Каде е денес ЧОВЕЧНОСТА??!! Зарем облеката ќе не најаде??? или што ?? Зарем не сме сите луѓе еднакви на планетава?? http://www.crnobelo.com/novosti/svet/23 ... kata-video
Недам да овај осечај оде.... Аххх преполна сум со некоја еуфорија нно каква еуфорија неможам ни самата да кажам , битно е дека се чувстувам среќно , се смеам без причина и длабоко во мене нешто ми кажува дека ова среќа ке ми потрае а искрено и се надевам дека ке биде така. Неколку пати кога сум сакала некого да утешам сум викала Кога најмалку се надеваш ке се случи нешто добро , и сега стојам зад таа изрека бидејки се уверив дека е така. Одамна се немав разбудено така да рипнам од креветот од среќа но ова утро се случи и тоа . Мајками влезе во соба и ми вика Нанааааа станувај бргу те бараат на телефон се работи заа тоа и тоа и тоа... Јасс како од марс падната останав ваква и само извикам јесссс го земав одма телефонт и тогаш почнам да скокам од среќа... Пред некој ден приметив дека сум ослабена 7 килограми ...А неколку години се мачам да ослабам и сто грама но не успеав а сега сама од себе ослабев и затоа со полна воља сега сум и на диета се надевам дека и ова ке ми успее. Утре пристигнува саканиот можеби и тоа е главниот дел за мојата насмевка и среќа и оваа еуфорија во мене а во сабота се случува долго очекуваниот настан THE WEDDING DAY се надевам ке биде прекраснооооо.... Резултатите од доктор ми се феноменални тоа е она што најмнногу ми олесна и ми ја смири душата се надевам засекогаш ке остане така бидејки здравјето ми е на прво место а после друго си доаѓа се само од себе. Треба и ссо работа да започнам и тоа за прв пат во мојот живот премногу се радувам , среќна сум , ова е за мене е нешто ново , досега не пробано , ново искуство нова шанса за подобар и поубав живот ... Толку многу убави работи за кратко време што дури и неможам да поверувамм дека ми се случува ова , но после толку многу бури и лоши работи во мојот живот редно беше да застанам на нозе да се насмеам и да заблескам како што сите ме знаат. И за крај Брате мој среќно матурирање , нека ти е се најдобро во животот , иако поради некои причини неможам да ти дојдам , неможам со тебе да ја споделам таа среќа верувај дека од далеку ке ја чувствувам во мене , ке се радувам за тебе ке бидам со тебе од далеку.... За тебе секогаш ке го посакувам најдоброто , проклети да се оние кои нни го направија ова , да не можеме слободно да комуницираме и да се гледаме но знам дека сепак јас и ти засекогаш ке бидеме заедно.... БРАТЕ МОЈ ТЕ САКАМ ПРЕМННОГУ И СЕКОГАШ СУМ ТУКА СО ТЕБЕ И ЗА ТЕБЕ.... http://www.youtube.com/watch?v=s2u791G5lDU
ххаха не не јас братучедками се мажи едвај чекам...За мене мислам уште раное па ке видиме Кога ке се случи тоа вас први ке ве известам сепак вие сте моите најверни пријатели кои знаете се за мене , секогаш ме советувавте , ми помагавте и бевте со мене
Уфф се мислев каде да го почнам постов, дали во сдк или во анксиозност. Изминативе денови како ми се погоди, секој ден ми е со некој стрес, ова излегувањето од конфорната зона не било баш едноставно. Ама добрата вест е што паничните напади без апчиња за 10 минути ми поминуваат. Осекам како енергијата ми исчезнува пропорционално со никаквово време. Незнам дали од времево ама главава ме уби деновиве. Него преска што ми привлече внимание. Ми кидна автобусот и немав што да правам почнав да ги анализирам лугето околку мене. Имаше двајца момци претпоставувам бруцоши или средношколци 4та година што ми паднаа во очи. Ми текна на статијата Look up што деновиве се споделува деновиве по социјалниве мрежи и ги загледав. Беа толку задлабочени во мобилните телефони и чад пат си се смешкаа во себе и гледаа во екранот на мобилниот. И ми текна ехх колку е убаво да си заљубен, многу ми беа симпатични...гарант си пишуваа на фб или вибер со девојка или симпатија. Не приметувајки ништо околку нив задлабочени во муабетот.