Пред некој ден отидов на разговор кај човекот кој што ме направи тоа што сум денес. Знаев дека е мачка во вреќа кога влегував, се зависи од неговото расположение. 80% од времето ме има критикувано, може затоа и толкава стравопочит спрема него имам. Или може поради неговите неколку докторати кои навистина го прават подвижна енциклопедија. Му кажав што ми е планот, го прашав дали е можно тоа. Наидов на пречка која вели тие две работи не одат заедно, ама останав без зборови кога рече-Јас ќе направам да може. Ти ја сакаш мојата катедра, а за неа јас одговарам што е можно а што не. Велам доцнам, скоро 30 сум знам, но нешто мораше да се жртвува заради работата. Сакаше да бидам тоа што сум денес. Ете сум. Ако не правев отстапки од моите амбиции немаше да е вака. Вели имаш поддршка? Велам ради маж ми сум овде. Он запна синојка дека време е да продолжам. Вели ти го имаш она јас што го немав. Твојот човек штом е зад тебе можеш све. Се насмевнав од култура и од што убаво ми дојде. Сдк уште многу години нема да знам што е хајлајтер и каде се става. Уште многу години ќе ме оправаат шминкери и фризери кога ќе има повод зошто јас сум со две леви раце. Уште многу време шкафот нема да ми е подреден ко аптека и по боја на алишта зошто малиот обожава да развадува а мама нема време да среди све. Уште многу години ќе ми е битно после тие осум часа бркање на сонот да сум дома со нив , да имаат топол оброк и да ги гушкам доволно за да знаат колку ми се битни. Секогаш ќе ми е битно да се слуша смеа и радост да има во домот. Зошто бракот се распаѓа само двајцата ако го дозволат тоа. Секогаш сакам да имам за што да се насмеам со мм. И кога ќе сум тоа што сакам да сум, и сега кога сум она што сум. Можеби не сум скоцкана од глава до пети, но велат не постои научник кој бил таков. Може кога детето ќе ми порасне ќе бидам со средена глава секој ден. Може и со неколку бои на мене а не со седум осум. До тогаш само сакам да ја имаме онаа хармонија дома што ја имаме. Да се гушкаме и без повод а и со повод. И да го имам оној ветер во грб што ми го даваат они двајца и професорот.
Одлучив од денес да ме фати новогодишна еуфорија. Па што, ќе земам ќе китам, нека биде весело. Освен сијалички, не ми се троши струја Така ќе се правиме дека се ни е убаво, дека сум здрава, дека сум психички стабилна, дека емоциите не ми се на некое забегано ниво, па кога нешто ми е тажно ми се рика, нешто ми е весело се смеам како будала, а нервозите до нервен слом ми тераат. Јок. Ништо од тоа. Се е убаво. И ве молам ако може да ја смениме розевава боја со зелена, нешто очите ме печат додека читам низ форумов. Или тоа солзи дека многу се карате Во некој паралелен универзум живеам во огромна палата со еден куп кучиња и животот е убав. Денес сум на работа, ама пак ве сакам сите. Речиси сите.
Гледам спотови од пред 17 години , женски мијат хамер,женски до пејачот, хм иста содржина . Ама не беше тоа толку воочливо како што жените на спотовите беа други. Беа слаби, задницитете им ги нема, половуните тенки (се знае има црева) , а гради на кој се гледа дека гравитацијата има влијание (иако не им се виснати), природни и убави. Си мислам еј замисли колку сме заборавиле што е нормално. Гледајки ги денешните надуани задници кој од силикони, кој од вежбање , половини кој знае со што искнструирани да изгледаат послабо и гради што наместо надолу да им е природниот пад тие стојат право. Не само девојките и мажите беа различни.Мажите со мускули што само им се оцртуваат и се знае дека вежбаат, а не како денешниве со огромни раце што личат на шимпанза. Ама овој тренд не ме нервира , ама тоа што од секогаш ме нервирало било потценувањето на жената и женското тело. Како жената да е створена само за задоволување на мажот и како да нема мозок и свое јас. Уште жените се многу малку на високи позиции , со помали плати и небитни за политиката... Ако продолжам да пишувам ќе нема крај. Ќе си го копирам посто за 8ми Март
Опкружете се со луѓе кои шират позитивна енергија. Само таквите луѓе искрено ќе се радуваат на вашиот успех...
Podobro covek da molci otkolku da trese zeleni....ama koj da razbere. Zalosno e koga gledam kako nekoj od petni sili se trudi,se napnuva ama ne bre...ne mu odi...ednostavno nemoze so nekoj da cekori ramo do ramo...a ubavo e da saka.... Teorija i praksa,dva razlicni poimi...
Ме разбуди вест дека малиот дечко ни се родил. Ми течат солзи радосници. Пресреќна сум. А малечкото нека ни е живо, здраво. Многу радости да ни носи.
Не знам за вас мене ме фаќа еуфорија за празници што следуваат. Волшебства,насмевки, еуфорија. Едвај чекам се да е накитено низ градов и сите да трчаат да се сликаат.
Годинава што изминува ја одбележав со бројот 4 Четири децении живот и четири години членство на форумов. Искуството и знаењето надоградени со виртуелно дружење се причина повеќе за да ја прифатам Фемина како втор дом. Нека се множат...
За една година прочитав секакви приказни,научив доста работи од некоја споделена мака или среќа од членови учиме животна лекција или споделуваме наша лекција за другите да научат Да се почастиме само што ги направив
Четири ипол години сум на фемина, последните години од основно тука ги пројдов, еве и средново го привршувам на фемина, па не сум барала некој да ми напише домашни, состави или нешто што сама треба да го напишам. И да побараш, побарај идеја да ти дадат, па по тоа смисли нешто. А не цел состав некој да ти пишува. Времето што го трошат на фемина, создавајќи теми за да им напишеме состави, да го искористеа на креативност, да се потрудеа да напишат 2 реченици сами, попаметни ќе беа, па и покреативни ќе станеа. Ајде, ќе се заврши некако и основно и средно, па после на 20 години ќе имаме неписмени луѓе што не знаат реченица да напишат, не знаат интерпукциски знаци да користат, не знаат да се снајдат и не знам споено пишуваат. Не за џабе се дадени тие писмени, за да научиме да се изразуваме, да твориме...
Една многу важна разлика помеѓу "нас" и "вас" е во тоа што ние знаеме дека вие постоите, а вие не сте свесни дека ние постоиме.
Деновите минуваат. Годините исто така. Се минува и не се враќа. Сите се надеваме дека секој нареден чекор не води кон некое ново, поубаво утро. Се надеваме дека ќе го најдеме клучот со кој ќе ги отвориме вратите на среќата, задоволството. И додека мечтаеме де за едно, де за друго животот полека ни минува. Ни се случуваат настани на кои се радуваме, настани на кои плачеме и тагуваме. И колку и да ни се тешки чекорите, сепак чекориме. И со секој нареден чекор сме поблиску до остварување на нашите соништа...
Таман речам дека мажите не знаат да сакаат ете трупови се, ќе се најде некој, ваков текст во порака да ти сподели со зборот „Те препознавам тука како дишеш....“ и да речеш, ок, сепак ги бива за бидат ветер во грбот... Нека си трепка тука, зошто пак јас сите вам ве препознавам во него феминки мои
Понекогаш кога сама си шетам негде, со своите мисли и ми треба малку тишина, денот ќе ми го разубави некое мало маче кое од некаде ќе се појави, ќе почне да ми се врти околу нозе молејќи ме да го погалам. Ја подавам раката, а тоа се доближува со главчето, дури и се подига на задните нозе. За момент ќе ме усреќи, тоа мало невино суштество ми верувало не плашејќи се дека ќе го повредам, сакало само малку љубов и внимание. Посакувам и јас како тоа маче, да можам да пристапам кон некого, знаејќи дека во таа личност има само љубов и добрина, без да се плашам дека ќе бидам повредена.