Мигот кога ќе помислите „Јас не го заслужував овој третман“ како врв на шлагот по коњското одесување на некој маж кој ги истрошил сите свои „таленти“ за да ве убеди дека не вредите, денови, месеци, години (зависи од вашето трпение и истрајност) е оној за кој треба да се радувате и славите... Токму во овој миг се запозавате повторно со себе, со својот лик во огледалото, но сега сте посилни, помудри, поубави и посилни оти точно знаете што заслужувате!!!!!
Здраво јас сум Зоки член на Фемина Со испраќање на поракава вие станувате потенцијален добитник на патување за новогодишните и божиќните празници. Извлечените ќе бидат известени по Џемаил емаил де На 31-ви вечерта среќните добитници тргнуваат со брод од Центарот на Скопје па кај ќе биде крајна дестинација ќе видиме. Побрзајте кандидатите се ограничени
Рандом личност зад грб кажува за друга личност дека е дебела, дека не знае да се облече, дека е чудна, дека не е приjатна за разговор...По 5 минути во просторијата влегува личноста што е оговарана, а оговарачката станува и трча за прва да се поздрави со неа со зборовите: - Сонце добредојде...Мила седни си...Најмила душа дојди до мене... Како можете? Навистина секоја чест за перформаност, и завидувам. Само вакви лицемерни успеваат во денешно време....Терајте.
Не е вкусно да ме додавате на фб а да не се претставите кој сте. Уствари до културата ќе да е. Нема потреба од шпијунажи испод профил и играње криенки.
Денес и славевме роденден на внука ми во игротека,се беше супер,се до моментот кога почнаа да ми дофрлаат "младите женички" да не речам простички да не сум се мажела уште,оти ќе сум се мачела да трчам и јас по децата како нив,оти се умориле госпоѓите,не можеле да седнат да направат муабет и да каснат пица. Мхм. Им вратив најкултурно дека се ќе биде,има време,дека секој животен период си има свои предности и негативности. Ама не бре,после други скокнаа:Ааааа не,веќе време ти е,колку години имаш,враќам јас,28 и пол(дури) и запрепастени ааааа тогаш мораш што побрзо. До кога бре? До кога на сите седенки,свадби,крштевки,родендени и слично,ќе ви бидам јас тема. Ќе се омажам,не се секирајте аман,аман!! Ептен ми е глупаво ова испрашување и полагање сметка,откачете се веќе од мене.
Не им обрнувај внимание. Никогаш нема некој да му чини на некој друг зошто првиов го има тоа што другиов само на сон може да го има.Инаку мене искуството од наивноста и добронамерноста да споделам по нешто со некој друг што со лошо ми се вратило и фактот дека секој си гледа само за себе и мене ми ја дале слободата исто да си гледам и правам онака како што ми одговара само мене. Истомисленици се добредојдени,но и без нив се може и тоа преубаво се може.
Дечки, ова се новогодишните желби на дечињата од одделот за онкологија и хематологија, и играчки кои се потребни за одделот каде што одат на вежби децата со аутизам на Клиниката за детски болести во Скопје. Тие направија список, другото е на нас Лице за контакт - Владо, 071 / 214 - 524
А кога ќе се омажиш ќе следи: Ајде време е за дете... Кога ќе родиш ќе следи: Ајде одма второ, да не биде само првото... После ти ќе родиш и трето и ќе следи коментар: Леле ти детска градинка да не планираш да правиш... Значи Рамче, ич не му се секирај. Никогаш на никој нема ништо да му погодиш. Што и да направиш за другиот секогаш ќе требало поинаку да го изведеш тоа...бла бла бла...
Чекам да дојде моментот"Ќе се смени"и се понестрплива станувам.Колку и да зборувам и да покажувам изгледа синко мој твојата незаинтересираност е поголема. Ме убива помислата дека можеш многу повеќе а не сакаш,толку ветувања дека ќе се поправат работите а на крај ништо. Ме боли душата и сум разочарана но не се откажувам,ќе го чекам мојот магичен ден"Се ќе се среди"
Имав многу лош сон, терористи киднапираа цивили од еден автобус и ги измачуваа на еден рид на вакво никакво ладно време. Аман бре можеме ли пак да бидеме мирна држава? Само тероризам,криминал,убиства. Пред 20год. друго време беше. Безбедно се шеташе насекаде дури во ситни саати по прибирање дома од клубови. Се мешавме сите етникуси и никој никому не пречеше или го гледаше како предмет за присилно измачување и одземање право на слобода за себепромоција и насилно наметнување на права кои на ниеден етникус во светов не му следуваат. Си ја сакам земјава од мојата младост. Не беше сјајно ама беше мирно. А сега за политика и криминален профит се уништи се убаво и се изместија границите на прифатливи и неприфатливо однесување. Ако изразиш личен став си терорсит ако убиеш те осободуваат од вина. Сме се спремале за влез во ЕУ...како не,вавко ѓубре какво се сторивме никој не го сака. А можевме и тоа добро можевме пред 20г. кога не крштеваа странците како оаза на мирот. Ех времиња.....
Па нормално дека малиот принц сака полициска кола за нова година. И повеќето од децата на 4 годишна возраст се такви. Децата не се раѓаат невоспитани, некултурни и груби - ВОЗРАСНИТЕ СМЕ ТАКВИ. Децата се наше огледало - ти пцуеш, тоа пцуе, ти навредуваш дома - тоа навредува и се тепа на училиште на врсниците или повозрасните. Принцот сакал полициска кола - ако некој направи анкета во неколку држави на било кое дете со тоа исто прашање, ќе добие сличен одговор. Ако не е полициска кола, ќе биде кукла (ако е девојче). Сетете се што Вие сакавте на слична возраст? Мобилен телефон или скапа кола? Општеството не прави алчни, не се раѓаме такви! Секој се раѓа гол и бос. Ама ќе ви кажам - тие што виделе повеќе мака во животот, знам приказна за некој кој од апсолутно сиромаштија сега живее во Англија и се бори за подобар живот. Затоа - моја порака - не им купувајте се на своите деца, макар и да можете, еден ден нема да сакаат да се борат за да можат сами да преживеат.