Недела вечер. Си облекуваш пижами, си земаш пуканки, нешто благо и сок до тебе, се сместуваш удобно во кревет и на лаптоп го бараш филмот што си чекал цел ден да се спушти. Исклучуваш телефон и интернет, спремна да си гледаш комедија за тепање време: Daddy's home. Го пушташ филмот и БУМ...Порнич се спуштил, а не комедија...Порнич со ист наслов Daddy's home. Да ја гледаш комедијата онлајн многу кочи, а да ја спушташ пак нема време. Ќе си ги изедеш грицките додека гледаш во ѕид, ќе си поплачеш и ќе се помириш со животот.
Сите кукли и мечиња на моите внуци,имаат соодветни имиња,значи според полот и бојата. Исклучок им е еден розев пони,внук ми му даде име Мишко(бидејќи татко ми му кажуваше дека кога бил мал,имал коњче Мишко)и сега овој и го зеде понито на внука ми,и не се дели од него,го храни,му дава чајче,го гушка,го бакнува А за пиштолите,со внука ми борба водат,таа иако е женско,повеќе сака да игра со пиштоли и сите му ги зема,му ги крие,урнебес е секој ден дома
Од минатата година сум активна во деновите за борба со насилството врз жените, ноќи непроспани минав пишувајќи предлог закони и читајќи ја Истамбулската конвенција, трагајќи по начин да ги охрабриме жртвите со мотивирање и лидерство да станат најдобрата верзија од себе... И вчера кога требаше да застанам и прв пат да им се обратам на групата жртви на која сум супервизор, заборавив се од дефинициите за борба, од декларациите и ковенциите... Заборавив се, зошто и јас се сметам дел од нив, жена која предолго трпела емотивно насилство, иако не изгледам дека би го трпела ни 10 секунди... И им реков само: никакви дефиниции не го опишуваат пеколот низ кој сте минале, никакви статистики немма да ве сопрат да се вртите позади вас на секоја сенка по улица, никакви закуски нема да го намалат гладот кој некогаш сте го почувствувале, никакви обуки кои сега ќе ви ги дадеме не се поголеми од онаа која несакајќи ви ја испорачал животот затоа кога погледнете во огледало не гледајте веќе тоа што гледаше насилсникот (било да е сопруг, емотивен пртнер, работодавец или родител) не гледајте веќе мизерна , невредна жена, не гледајте веќе модринки и не гледајте ги маните кои тие ви ги повторуваа секој ден, не гледајте ги оние нивните„земи среди се...“ зборови, полни со деградација и омаловажување, не гледајте ги телата кои ве убедувале дека не се за нежност вредни... Гледајте, само гледајте херои, мали мудреци и алхемичари кои и во најтешкото го слушнале гласот во себе„ ова не е за мене... светот има друго сокриено“ и гледајте храброст, издржливост и лудост да го следите тој глас, занемарувајќи ги закканите, „пријателските совети“, не ажурните институции... Гледајте го само телото кое сега е почувствително, кожата која повеќе да сака знае, рацете кои се избориле сами... И на крај гледајте , гледајте ја силата која сами сте ја стекнале, која ве прави тешки како планини, наспрема „прицезите“ кои кукаат и плачат за трошка внимание... Гледајте се што сте минале и во вдлабнатината на тој исправен грб, кој понесол товар на 10 луѓе најдете ја силата да бидете најдобри... да бидете најдобите лидерки и мотиваторки кои може да се создадат! Им го реков...а сакав да го речам и тука, зошто не има многу, не има секакви, не има ранливи, не има осамени, не има во потрага по поддршка и сила... Не има и затоа треба да се подддржиме и сакаме и бориме со секој облик на насилство, а посебно со психичкото и емоивното, како облик кој најтешко се докажува, а најлесно води до пропаст...
Изгледа во денешно време многу ретко можеш да најдеш машко што ќе ти биде пријател и ќе те гледа само како пријателка
Се вади од чевли на една единствена прелетана пцовка или дури и жаргонски збор во македонски филм/серија како лош пример што може да го примат деца (за странски сцени со малце голотија и да не збориме), а пред децата во фамилија гледа турски серии во кои се урла „ЌЕ ТЕ УБИЈАМ! ГОСПОД ДА ТЕ КАЗНИ!“, нервни сломови и for real жртви паѓаат како нешто највообичаено во епизода... И да, меѓу ниските вредности од кои се жали дека ги донело времево го вбројува и лицемерието. Лоџик левел: просечен македонски пензионер чија catchphrase и најчеста тема на муабет е тонењето во морален аспект на светот, општеството и најмногу младината после златна Југославија...
Утре во категоријата Елегантно земање под нозе на хоштаплека хаштаг данепцујамсвепосписок, Ќе бидам победниКот. Све има да разјаснам, све по список ќе разјаснам. Со збор по покондирената тттииииттт
Некои жени цел живот сонуваат да бидат мајки. Уште пред да станат жени, на десет годишна возраст тоа го имаат зацртано во главата како животна желба. На една ваква познаничка и се исполни желбата. Еднаш имала несогласувањр со сопругот и веднаш се разведе. На прашање како си, одговара со ние сме, ние ќе... Тема на разговор е детето и се поврзано со него. Ми нагласува дека и недостасува излегувањето по кафичи, сега не можела така. Ме благословува и јас побрзо да бидам бремена. Дрска сум кога викам дека некои трујат со размислувањата дека жената треба да е мајка ? Ова труење ќе го сместам во посебна категорија. Луѓето прават грешки, па се каат и завидуваат по животот кој го имале. Јас им препорачувам на ваквите да кочат малку и да не трујат секаде каде што ќе стапнат.
Она кога две недели пред да заминеш, една личност која полека ти се протнала во животот изминативе месеци, од нигде никаде ти вели ,, Не оди. Зарем мораш? За пари ли? Колку ти требаат?,,... Не, не е за парите, туку за помислата, за причината, за она што можело да биде, а најверојатно никогаш ни нема... О животе, да ти ебам се по список, исто како и ти мене што ми правиш...
Ме пoтсети нa еднa мoјa случкa. Oдaмнa еднa личнoст гo нaпрaви истoтo пoрaди мене. Не зaминa вo стрaнствo иaкo ме пoзнaвaше едвaј двa месеци. Пo некoлку гoдини рaскинaвме, нo тoј никoгaш не се пoкaјa зa oдлукaтa. Вреди дa се ризикувa и дoкoлку ти знaчи не oди. Пoздрaв и сo среќa
Само едно се прашувам.. Дали еднаш ќе престанам да си се поебувам суштински сама себе? Толку ли се мразам бе? И уште нешто... Колку долго може човек да издржи со овие нервози? За жал, според превртливоста и подмолноста на животов до сега, веројстно доволно долго колку да ми излезе душата, да си згрешам уште колку за да се чувствувам победна од црв и за на крај кога малку надеж и воља ќе најдам, да заврши се. Нели... ?
Добро бре , до сега ќе завршевме работа да ти се плукнам во превозот и превозниците прво комбе за Ск во 5 часот , наредно дури во 8 , и се ќе беше во ред ако не требаше да се помине толку пат во меѓувреме
Се додека тинејџерската популација повеќе се грижи за надворешниот изглед ( шминка, нокти, коса) отколку за образованието, на 40 год. се уште ме прашуваат дали одам во училиште или на работа . Кожата претрпува секакви трансформации, но некогаш ќе ни врати за неподносливото малтретирање. Првпат се нашминкав за апсолвентско табло. Поздрав до исклучоците...