Мене кај депресијата најстрашно ми е што најчесто завршува со самоубиство. Дали навистина може да се држи под контрола? Да се излекува и искорени не може. Еве случајот со професорката, случајот со Робин Вилијамс и куп други луѓе. Тие веќе биле на терапија...
Кога минувате низ часови на себеизмачување, кога се прашувавте како успеавте да ги нарекувате пријатели, љубовници, судбини, луѓето со кои ништо не сте зборнале, луѓето кои ве газеле, кои ве омаловажувале, луѓето кои не испиле кафе со вас и кои никогаш немале доволно време за вас, нека ви трепка овој извадок пред вас... Благодаре те им, зошто за таа ваша грешка со погрешна перцепција вие сте заминале далеку , далеку над нив....
Немојте да се тестирате дали имате депресија, анксиозност и слично по СОЦИЈАЛНИВЕ МРЕЖИ. Прво воопшто немате поим кој од тие тестови се веродостојни, а второ НЕ Е СРАМОТА ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ кај стручно лице (психолог, психијатар) Чувај ја душата најбитна е !
Предавање. Седам распашена како прва да фрлив со чифтето. Си предава профито,а јас се гледам во неа ја слушам ко да не ја слушам. Се загледав во една точка како теле во шарена врата. Се враќам дома да си пуштам Riverdale арно ама звукот не чини. Ете ти Симоно доказ дека и компјутерите се изматуфија. И цел ден изгледа ќе ми биди како поспана како од фронтот излезена... Сакам да цртам,а инспирација немам сунце ти калајсано. А,дека реков сунце.Стигам на факсо и ми велат:Симона оти плачиш? А мене од сонцето и ладното очи ми солзеа... И стварно со тоа наочарата ништо да не можев да скријам.Така расплачена,то ест насолзена,изгледав како мало дете шо плачи оти не му купват лижавче. Па како шо тргнав и клавир од петти спрат да падни нема да ме зачуди...
Глетка за денес - две кучиња, едното му скока на другото, до нив баба што продава православни календари, у раце ги држи, окезена од уво до уво... Ова е као концептуална инсталација на темата - што е живот?! Лицемерен, прљав, бесрамен и некој некого секако дупи, а почесто дупениот си ти самиот. Ај кен нот ансии дис!
Сакам пастелни бои и сакам што во последно време се носат и преку зимскиот период за да разбијат монотонија од сивило и црнило, али оние дреч јакни што би требало да се носат на скијање, а се носат како секојдневни се too much - очобол.
И покрај прилично намалената самодоверба од икс фактори, се немам засрамено од потеклото. Сѐ почесто читам и слушам дека битен критериум за бирање на женска е дали била од град или село. Впрочем, не гледам поради што на некој друг би му сметало, а мене единствен хендикеп ми е оддалеченоста од град, во услови кога сум зависна од јавниот превоз. Да, од село сум и не милувам да го украсувам со зборови како "приградско место". Чуваме и коза и кокошки, кучиња и мачки, покрај домашните, уште три комшиски. Не од недостиг на финансии, факт е дека е многу полесно да се купи на готово, туку затоа што сакаме да знаеме што јадеме, а тоа се домашни јајца и домашно козјо млеко. Далеку од тоа дека грижата е лесна и дека не оставаат неред. И да, дечко ми е од град и до сега не ми направило апсолутно никаква разлика во врската. Можеби нему, кога за да стигне со два автобуса, губеше час и половина, но не правеше проблем. Ниту тој, ниту некој друг ме навредил или потценил зашто не сум градско дете. А по муабетиве, има многу што прават поделби. Нејсе, можеби нема некоја поврзаност, но сличен став делам и за посетата на психијатар. Бидејќи мајка ми ме потсетува дека не треба тој факт да го споменувам пред секој, се запрашав зошто мора да биде тајна. Од другарка добив совет да не се будалам, точно со овие зборови, зашто таа со нејзините трауми не посегнала по апчиња, па не треба ни јас. Драги мои, никогаш не знаете што се одвива во психата на човекот и не е сѐ онака како што надворешно делува. И не само што не се срамам, горда сум што конечно презедов чекор за своето ментално здравје, верувам дека треба извесна доза храброст, со оглед на предрасудите со кои се соочуваме. Најутешните зборови кои јас ги чув беа - "Анксиозноста е страшна. Разбирам колку ти е тешко." Си реков, конечно знае некој како се чувствувам, дека не е само think happy thoughts и ќе помине, дека не е само песимистичко размислување во прашање. Другите не е сфаќаат како е кога стравот ќе те нападне до степен срцето да ти излезе од гради, кога ќе те облее ладна пот и се парализираш. Кога главата те стега и не можеш здраво да размислуваш. А можеби и знаат, можеби не' има многу, но се плашат од осуда. Со години тонев во депресија, секој ден се будев со помислата - пак ли овој ден, ајде нека помине... не наоѓав причина за радост. Кога ќе речеш дека не ти се живее, не те сфаќаат сериозно. Сум помислувала на самоубиство неброени пати, а верувам дека на никој не му ни паѓа на памет дека јас немам цел за која да живеам. Сепак, сфатив дека сама не сум моќна да се борам, дека ми треба разговор и стручен совет и воочив дека има многу полоши случаи од мојот, а навидум станува збор за здрави, успешни, возрасни луѓе. Тешко е кога во извештајот ќе си прочиташ појачана анксиозност, панични напади, влошена состојба, но доаѓа ден кога сонцето пак ќе се појави и ќе се задоволиш само со тоа. Со една прегратка од саканите и убав збор. Галење на мачките. Пиење топло какао или чај. Гледање на комична серија. Туѓи раце кои ги топлат твоите. И повторно се' си доаѓа на место. Но затоа, без срам и страв од осуда, за ваш живот се работи. Не одложувајте доколку сметате дека сами не сте способни да се справите. На сите ни треба помош понекогаш. Не сте сами!
Нодамна жена на добар пријател на овој мојов ми вели ајде што чекате? Деца треба да раѓаш, ќе ти помине времето каде и да е....А имам 26... Вчера со него шетаме по улица и сретнуваме една негова средношколска пријателка. Се поздравивме, тој не претстави една на друга. Типката целата оклештена ми вели ајде прави свадба побрзо, немој многу да одолговлекуваш да не му наместиме на (името на мојов) некоја друга. Веќе доволно изнервирана од првата случка се свртев кон него и онака опуштено пред неа го запрашав како баш тој успеа да ги запознае сите најнекултурни луѓе од градов... Чуството беше бесценето кога и ја видов фацата во тој момент. Мојов кутриот извади ситуација и направи смешка ама во очите на типката и се виде колку неубаво се почуствува за што самата си беше виновна поради нејзините непотребни коментари. На сите оние кои очите ви се во туѓите животи, тополо ви препорачувам да си го гледате г*зот. Воопшто да не ве оптоварува мислата кога на мене или на некоја друга и е време свадба да прави и деца да раѓа. За мене има кој да мисли, кои сте пак вие небитни фаци да се секирате за моето добро? Не само на таа тема, од сега па натаму кој и да се обиде да се примеша во мојот живот ќе си го добие плеснато во фаца тоа што го заслужува. Со мој живот раководам јас. Ако мене не ми паѓа на ум да се мешам каде ќе стигнам па дури и на луѓе кои прв пат ги гледам на улица тогаш нема зошто ни вие да се занимавате со мене. Фала, поздрав, пријатно!
Постојат и други, многу полоши и покомплексни ментални болести и состојби од депресијата, знаете нели?
Искрено жалам за жената што си го одзела животот ама поради таа депресија многу луѓе се губат во животот и рсзмислуваат за самоубиство ако на време не си преземат мерки. Не знам што ги довело до тој степан па да си го одземат животот ама тие случувања не се од еден ден тоа се од цел живот уште од дете кога си го разбрал животот каков е и после тоа ако се лошо ти се случувало ќе доведе до многу работи, можеби ќе помине затоа што си бил тинејџер можеби за некое време ќе ти помине нема да чувствуваш ништо ќе кажеш добро сум помина тој лош период но само една работа ако ти се случе за било што ти тотално се губеш и пропаѓаш до дека не те обземе целосно стравот, ова го кажувам општо за секој човек што е поминал лош период не се предавајте, а веќе ако не можете сами да си помогнете тражете помош, како што викат 21 век сме ништо не е срамно.
Си ја накитив елката и ми светка додека се релаксирам и потсеќам на денешниов ден. Преубаво поминат ден. Ако не знаеш сам да си го разубавиш денот никој друг нема да го стори тоа за тебе. А утре одвај чекам да се изненадам со нешто интересно,ново,посебно.
Слатка ми е фразата дека среќата не се купува,туку треба да си ја родиш Ама што правиме со нас,оние од другата страна,кои упорно ја сонуваме среќата а никако да стане реалност
Денес јa сфaтив сериoзнoстa нa депресијaтa. Не мoжaм дa пoверувaм декa тaa женa извршилa сaмoубиствo. Не декa сметaм декa е теoријa нa зaгoвoр, далеку oд тoa, туку пoрaди тoa штo тaa беше. Пaметнa, културнa, дoстoинственa, пoчитувaнa, успешнa, aмбициoзнa. Пoчивaј вo мир. Спојлер: a oвa сите не убивa
Не! Бев на кафе со "пријател" кој уз муабет ме праша дали ќе го викнам дома кај мене на кафе! Му кажав тебе НЕ те викам кај мене дома. Толку кратко јасно и отсечно. На работа од мене бараа да сработам нешто кое во моментот не можев кажав НЕ! не можам сега, подоцна.Моите бараа нешто од мене денеска кажав не имам други обврски не можам. Откривам убавина за која не сум знаела дека постои. Зборот НЕ. Интересно чуство... ми дава слобода и некако како да ја превземам јас контролата. Ке практикувам почесто!
Анима дунди, остали на неа и сите што си ги пуштате кучињата кога ќе ви здосадат, како не ви е жал и како спиете навечер знаејќи дека во Скопјево (а и насекаде од Македонијава) шетаат глутници бесни кучишта кои што напаѓаат се што ќе им дојде пред очи. Вечерва 22-ца завршија на ургентен од дивјак што најголем дел испогризал деца. Пред тоа две улични кучиња и се пуштија на една бабичка на точак, едвај се тргнаа од неа од кога почнавме да свириме и да блендираме како луди. Среќа притрчаа и почнаа да фрлаат со камења па си отидоа. Сабајле 7 огромни џукели покрај Драмски шетаат и лаат и скокаат кој им дојде прв, а во околина има градинка, основно и три факултети. Ќе превземе некој мерки или?! На кој му се мили нека си ги земе дома или нека им направат прифатилишта, ни едно да нема по улица!
Штo знaчи oвa - Вечерва 22-ца завршија на ургентен од дивјак што најголем дел испогризал деца. ? Пишувaш зa aнимa мунди пa ме збуни oвaa инфoрмaцијa, кoјa не е вo кoнтекст нa oстaнaтиoт текст. Мoже дa кaжеш зa штo стaнувa збoр?
Тодор Петров-"Од 20.15 до 20.50 бев сведок на крвава драма. Никому да не му се повтори. Од зграда во паркот кај игралиштето во Ново Лисиче, карши паркот со авионот, немоќно гледав како ротвајлер се бореше со две деца на 7-8 годишна возраст и една возрасна жена која се тркалаше в трева за да ги одбрани. Викав наглас немоќно од зградата за спас на децата. Уште ми одекнува во ушите врисокот и плачот на децата. Жената го задржа цврсто кучето, децата избегаа накај булевар АСНОМ, и' се отпушти од раце ротвајлерот, повторно се стрча по децата. Децата се измешаа барајќи помош во една група поголеми деца кои играа кошарка под кошот меѓу зградите. Ротвајлерот повторно ги нападна двете деца кои претходно беа искасани во паркот. Во општата брканица целата група деца беше искасана од здивеното куче од кое никој не можеше да се одбрани. Натрчаа повозрасни од зградите, го удираа кучето за да ослободи нечија рака или нога прегризена. Повеќето се сокрија во влезот на околните згради... Само Господ знае кој се' беше изгризан... Нападнатите деца долго ќе имаат трауми од немилиот настан, дај Боже да поминат со помали рани и без труење или беснило, човек не може да знае што му беше на кучето кое сите ги напаѓаше... Градот врие од диви глутници кучиња и кучиња скитници. АПЕЛИРАМ до градоначалникот на градот Скопје, до градоначалникот на Аеродром, до сите надлежни, овој немил настан да биде опомена што не чека на улица. Аман, преземете мерки исчистете го градот од глутниците кучиња кои се опасност по сечиј живот. Многу немил настан и потресен... Кучето веројатно повторно е некаде меѓу зградите, по улиците во Ново Лисиче. Аман!" Во коментари на други лица кои се нападнати, на ургентен се појавиле 22-ца со повреди.
Извини..јaс прoчитaв лудaк штo испoгaзил децa. Лaјкoт нa пoстoт гoре е фaлa зa спoделенoтo, не зa нaстaнoт.
Тоа е индивидуално , зависи колку е човекот јак да ја издржи депресијата а таа состојба никој не знае колку е тешка се додека не ја осети на своја кожа , со неа нема играње ужасно е јас од искуство зборувам два пати се имам извлечено од тешка депресија .