Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    ,,Сите сме заменливи"
    Тоа е само едно зборче од кое ми се:puke: кога ќе го слушнам.
    Често се користи кај работодавците:rofl::rofl:

    Во село баба и дедо кога купиле коњ тој бил многу вреден,но и мирен(послушен)
    Кога коњот остарел и умрел од тогаш смениле многу коњи, но ни еден не бил како него.:shake:
    Ако бил вреден бил брлив.
    Ако бил мирен не работел.
    Исто така и со едно куче што го имаа,засекогаш остана врежано во нашите срца и ниедно не го замени.
    Сдк Ако вие се цените и сте вредни,поштени,послушни мало морген некој дека ќе ве замени.
    Замена за максимум нема јок,аферим,диндирим Ќамуууш :rofl:
    Има замена на фирма кој понуди повеќе:cash:поклон во:e: тој добива:P
    Аааа како А1 тв што е назаменлива за гледачите 8-|штета.:!:
     
    На *Amethyst*, celineparis, Asistentkа и 8 други им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Два дена неме фаќа сон од случката на драгата професорка.
    Еднаш и кажав професорке кога ќе бранам дипломска вие сакам да ми бидете ментор и она ми одговори нема гајле Мони само ти стигни до тоа.
    Чуствувам гнев на сето ова а зашто ќе кажам.
    13 години живеев со мајка која имаше тежок психички проблем а и уште има ама ваљда и ја погодија терапијаѕа и е добра сега.
    4 пати се има труено со апчиња но сите 4 пати не успеа а не успеа поради нас кој никогаш нее оставена сама.
    Клучот сме го ваделе од врата пред секое легнување.
    Бидејки знам што и се случило на професорката од што била болна ќе кажам дека семејството не се грижело доволно за неа.
    Мајка ми кога го имаше првиот напад кога незнаше кај е и нене препознаваше нас ние викнавме брза помош и ја сместивме на клиника.
    Зашто ја држеле дома навистина неми е јасно.
     
    На *Amethyst*, Asistentkа, muchacha_a и 13 други им се допаѓа ова.
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
    Ние што имаме проблем со анксиозноста и депресијата не треба во никој случај да се страмиме од тоа нормално но понекогаш не е до тоа дали се страми или не една депресивна личност едноставно сака да заврши таквиот живот во кој нема никави чувства никаква воља и ништо не му е важно во тој момент ни значи без чувства ужасна состојба е таа а и ретко кој може да ја издржи или да го издржи лекувањето затоа што депресијата се лечи подолго време не е настинка ке ти помине за недела дена а ти лежиш во кревет и чекаш , со депресијата не можеш да мрдаш а не треба да седиш зарворен во четири ѕидови туку со сета немоќ со ни ронка воља стануваш и се бориш како зомби ни јаден ни пиен ни пак ни чувства само празнина и прашањето зошто тоа тебе ти се случува и му се молиш на бог поарно некој тумур да имаш него депресија .Се извинувам за негативниот пост но таа е реалноста на една депресивна личност тоа е болест не е обична тага како што често ја споредуваат љуѓето тагата и депресијата што нема никаква врска... да имаш чувства барем тажен ке бидеш вака немаш ни тага а камоли воља .
     
    Последна измена: 8 декември 2017
    На Srcka $, Asistentkа и Lilianna им се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Еден професор велеше:Глупите луѓе се среќни луѓе ( ова не како генерален заклучок, туку во една поинаква смисла)... денес ми се потврди тоа.Во екот на таква нејзина среќа,персоната се осмели да ме понижи...(facepalm):x ја жалам,не разликува повратна карта од карта во еден правец.
    Друга особа,порано многу драга,ја сретнав во воз.Не рече ни здраво,брзо заборави дека лани во овој период и бев најголема поддршка.Неважно, денес сфатив дека со нејзе ми остануваат само убавите спомени.Иако сеуште не знам,дали тогаш беше искрена или лицемерна.Која беше тогаш,мојата најдобра пријателка или личноста која не ја успеав да ја доловам никогаш? Морам да признаам дека бесценето беше чувството кога влегов во такси и ја гледав како очајно бара превоз :devil:...Не сакам да се одмаздувам,ама после се начекав прилика да и го покажам местото.
    И така,не дозволувам никој да гази врз моето достоинство.Сакам живот исчистен од токсични личности,не ми требаат лицемери. Искрените се помалку,ама вредни.Ги сакам сите нив, благодарна сум што постојат :hug::hug::hug:
     
    На Jane.Birkin, Srcka $, evangelina.ina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Машки
    Најдобрата одмазда е да им покажеш на сите нив, дека си подобра, од кога тие отишле ;)
     
    На Feminka192 и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  6. MdKeDu

    MdKeDu Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    Убаво е да слушнеш те сакам,
    aма убаво е да слушнеш и. – те ти 500 евра не мора да ми ги враќаш
     
    На Srcka $, evangelina.ina, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.305
    Допаѓања:
    226.931
    Пол:
    Женски
    Никој не смее да си дозволи да каже како е под туѓ покрив кога не бил таму...
     
    На Dust, Srcka $, muchacha_a и 11 други им се допаѓа ова.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Сите имаме некој товар кој ни тежи на грбот.
    Сите имаме некоја болка која никако да се преболи.
    Животот не е лесен.
    Но убав е.
    Денес можеби е лошо.
    Но утре ќе биде подобро...
     
    На celineparis, Srcka $, muchacha_a и 12 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Колку романтично утро, на небото без облаци, само некои матни црвенкасти чудни дамки што висат над планинат...чекај, чекај, каде е планината? Мислам дека таму некаде требаше да биде Скопска Црна Гора :^) Јеп... :worried::@:puke::(
     
    На Srcka $, Rama, Crna Dama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Ако еден човек се бори против светот тогаш обложи се на светот.
     
    На Srcka $, Ava.84 и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Отров. Тоа сВе треба да се убие.
     
    На joy1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Машки
    Кога ќе почнеш да ја гледаш својата вредност, тебе ќе ти биде многу тешко да останеш со луѓе, кои не ја гледаат.
     
    На Asistentkа, Lilianna, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Во животот ќе наидете на два типа луѓе. Првите ќе ве подигаат нагоре, а вторите ќе ве носат надолу.
    На крај ќе им бидете благодарни и на обата.
     
    На stetoskop, Asistentkа, shz и 7 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Размислувам дали да отворам прозор...што ќе излезе а што ќе влезе!???:wasntme:
     
    На toogood, Dadusicka, Lilianna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.837
    Допаѓања:
    80.798
    Пол:
    Женски
    Да испаднеш човек спрема некој кој се покажал нечовечно. Priceless.
     
    На 8463., elimkd, celineparis и 10 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Тоа е доблеста која ќе те краси душо:!:
    :hug:
     
    На elimkd, Dadusicka, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога читам вакви трагедии не можам а да не пишам, не можам а да не ми потечат солзи од очите, не можам а да не се истраматизирам до бескрај, и од ново и ново да се присетам дека јас пред 11 години бев на местото на овие златни дечиња.

    Дали знаете колку боли кога ве гризат во живата кожа и живото месо?
    Дали знаете која е траумата на вакви трагедии?
    Не, не може да знае некој што за огромна среќа не искусил вакво искуство.
    Бев нападната од 3 кучиња, ме легнаа на земја и ме јадеа како колбас..
    Луѓево наоколу се плашеа да пристапат.. или.. не знам. Не сакам да си ја грешам душата.
    За среќа ќе му бидам вечно благодарна на мојот школски што се најде во вистинско време и на вистинско место тогаш, тој беше мојот спасител. Да.
    Нему му го должам животот.
    3 кучиња имав над себе кој гризеа кај стигнуваа, имам лузни, длабоки и огромни што и ден денес ме болат, што и ден денес ми треперат кога поминувам кај куче.
    Јас не ги мразам кучињата, ама ниту ги сакам..
    Не, не помина траумата и после 11 години, не помина ни тој настан што од секунда до секунда го имам врежано во паметот.
    И џабе е.. ништо не ја намали ниту траумата ниту болката.

    Се додека нашата држава не се згрижи за основните човекови права се останато што прави е залудно. Од дно на дно..

    Чувајте си ги вашите кучиња, сакајте си ги и мазете си ги до бескрај ама не дозволувајте вашата љубов да ви излезе од контрола оти не знаете колку боли на туѓ грб 100 стапа.
    Улични кучиња?
    Народот се качи на месечината ние не можеме едни кучиња да доведеме во ред таму каде што припаѓаат.

    И да, верувајте ниту пред 11 години на градоначалникот не му беше гајле за оваа трагедија ниту па сега некому ќе му е гајле..
    Ова е тоа "дното" што ние успеавме да го достигнеме како народ и како држава.
     
    На *Amethyst*, SofiMar_, Srcka $ и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила алармот да го деактивирам за денес. Каков талент. :bow:
     
    На Ketchup, cresa-jagoda, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Зашто кучето напаѓа?!
    Не викајте човечки фактор не е веродостојно веќе да се вадите на таа карта.
     
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Ме нападнаа бидејки некој касап чат пат ги хранел со живо месо и коски а кучињата во моментот беа гладни.. улични ..
     
    На Ketchup, Lella, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.