Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Па си викам што и е на Нана, со ќутење ќе ни рипне в тавче. Не оди тоа да без се пофалиш :lol: . Ајде убаво да си поминете на свадба ;) Нека те држи убавото расположение уште долго :angel:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Од кога постои човештвото,имало,има и ќе има жени што тежнеат кон физичкo совршенство и кои настојуваат тоа да го искористат во односот со машката популација.И секогаш ќе има мажи-ловци на “трофеи” кои се подготвени да платат за нив.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Здодевно е,поготово ова дождов.Аман бе веќе дај нека престане ,асално сонце со денови не видовме.
    Па навистина веќе еве го и мај отиде,а времето уште не може да се оправи.
    Колку и да сум расположена,ова дождов ме прави депресивна. :|
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кога стигнал и колоквиумите да му се поважни од тебе - (што би рекла една другарка) тури му ку*о!
     

    Прикачени фајлови:

    • blah.gif
      blah.gif
      Големина на фајлот:
      1,1 MB
      Прегледи:
      352
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тој момент кога личноста што те прави среќна те прашува што е тоа што те прави среќна.
    Агх.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Деновите сум подобра. Може би сонцето пак ќе ме огрее. Сакам да потрае таа среќа. Среќна сум а и самата незнам зошто. И после се' животот продолжува понатаму. Се станува навика. Со, или без нешто повторно ќе се навикнеш и на тоа. Спомените остануваат, за мене и тоа е доволно веќе.
    Сакам да кажам дека ми е смачено до времето. Човек неможе да излезе и да се прошет аман. Лето ли иде или есен?
    Без разлика на се' сакам да дојде летото. Лошо или добро само нека дојде. Неможам да издржам повеќе. Воедно ќе ми недостига и училишето ама ми треба малку одмор и од него.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Сакам да исположам се да ослабам и сите да трчаат по мене. :devil: :rofl:
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Кучката моја убава родила 8 кучиња.Ме известија уште сабајле,избројале прво 9,ама конечната бројка е 8 :D
    И се радувам како на некоја другарка да и се родило бебенце,е до толку си ја сакам.
    И не знам како што ќе направат моите,ама знам дека не можеме да ги задржиме сите и ќе си плачам многу.
    Колку љубов имам за домашно милениче,посебно за куче,толку немам за никој човек.
    Толку прекрасни,свети нешта,даваат безусловна љубов,оставаат радост на секој ден и се најлојални суштества.
    И некој ќе ме нарече луда и будала,ама дефинитивно ми се најдобри пријатели.
    И едвај чекам да си одам дома,да напраиме мекици за малите,да ги играм и да не се одделам од нив цело време дури сум таму.
     
    На Lella, eliesaab, sweet-star и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.241
    Врвот на младоста си ја замислував секогаш со комплетна слобода на моето постоење на рамна 30ка.
    Врвот на младоста си го замислувам всушност се уште така.
    Пропратните елементи не можам да ги напишам, би било лудост, но сржта се состои од неколку динамични заеднички лета и едно дефинитивно последно пред влегување на делот од животот каде што започнува комплетноста.
    Има поглед на море. Се е сино бело со кремаст ентериер.
    Ништо на сила, ништо туѓо, ами мое.
    Пред нашето прво дете, му ја гледам само дланката со засукан ракав од бела кошула како ми ја опфаќа половината. Задоволството е поголемо затоа што тоа се два различни животи кои се спојуваат во еден. Независни и зрели, нормални со доза на лудост.

    https://www.youtube.com/watch?v=QqdEIrYGR6s

    Вечерите се уште ни се состојат од работа длабоко во ноќта, секој на својот лап топ, еден спроти друг со поинакви пеперутки во стомакот. Визијата си ја гледаме токму на педа од нашите очи, занесени од вкусот на тоа кои можеме да бидеме, пробано за севте некаде на друго место и те занело, те занело...и мораш да бидеш тоа. И ноќта знае да заврши често еден до друг, секогаш гушнати, во 4 наутро да продолжи работата до 7 и следно веќе на денот му нема ред. Убавината да си млад!

    Не можеш да бидеш со некој со кој немаш ист поглед, таков кој завидува на твојот успех, та дури и на самата амбиција, не мора ни да е успех. Избегнав еден таков бродолом, сега глуми среќен, сега глуми љубов, неурамнотеженоста му била силна страна, ама затоа на секој месец ми е совршен римајндер што точно не ми е потребно во животот. Сувопарен ист муабет,полн со жалење и завист зошто постојам. Горко си се смејам, што да правам друго?
    Јас имам највеќе, имам младост, а има луѓе, особено жени кои завидуваат на таа младост. Треба да им се извиниш што си млад.

    А од другата страна, кога ќе ѕирнам спроти мене, одраз на позадината на лап топот и искри страст. Епа да. Хаосот на денот не носи еден до друг и ми вика, абе се плашам дали ќе го поминеме ова, многу се трудиме, нешто ми вика нема назад зошто ова ќе се оствари, ама знам дека за некоја година од сега ќе го имаме нашето прво дете. А јас си ја визуелизирам мојата слика. Море, јас, тој, такви какви што сакаме да бидеме, прекрасна глетка, зајдисонце како задолжителен аксесоар на почетокот на најубавиот дел од овој живот! И мирис на локалното приморско место мацнато во секакви мириси на шарени вкусови, благодети за непца и душа, лук не е романтична арома, ама верувале или не, мене ми буди романични чувства за морска храна, бело вино и лимон. Епа да! Безгрижен чекор по калдрми.
    Некој си вели како не, сигурно така ќе биде. И да не биде, јас сега верувам во своите соништа и ги гледам јасно пред себе.

    Се случува љубов!
     
    На mimiiiii, Dentina, sweet-star и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Shayk

    Shayk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам..многу работи ми тежат и некогаш ми доаѓа од чиста мира да се изнавикам па се живо и диво да се почуди , ама ај ќе си поќутам...за доброто на сите! Значи толку работи би сменила, до толку ..што и самата да не се сеќавам какви биле претходно :| Ми треба, ми треба....се ми треба, јас уствари ништо и не сум имала во ова мое досегашно живеење, се само некој друг се прашува, а ти ќе си поќутиш , мислам постари се...мораш :@ а дека и јас сум човек и имам дупка во душава, па тоа не е воопшто битно, зарем те прашува некој како навистина се осеќаш ( а да успут му е навистина гајле) кога се наоколу е материјално, предметите се поважни од нас..ејј па побогу оди да ја жалиш и да бдееш над вазната кога ќе се скрши, немој ни да си помислил на истото јас кога ќе се скршам, нели многу беше скапа, не знам каков порцелан, добро поштувам ајде...ќе дојдат и моите 5 минути..некогаш!
     
  11. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Кога си среќен - ги слушаш песните.
    Кога си тажен - го читаш нивниот текст...
     
    На the-girl1, Umbrella22, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ммогу сум изгубена во последбо време... и знам зошто... ми недостига летото и сакам побрзо да дојде, да пливам во сите можни езера и мориња што ми се во околина. :D Се чувствувам како да сум здрвена во едно место и оставам работите да одат, не ги чепкам... веќе помислувам дека хибернирам и чекам да се вратат топлите денови за да се разбудам. :lol:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    100.657
    Пол:
    Женски
    Ќе биде како што не сакаш да биде!
     
    На bittersweet, Umbrella22, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    денес бев на лабараториски преглед. И си чекаме ред сите со бројче да не повикаат.Со борјче чекаат две госпоѓи, првин една повозрасна, ја би рекла млада пензионерка, па една многу убава млада децојка во своите 20ти години.
    И завршува пензионерката, а сестрава на шалтер и вика, „Госпоѓо, седнете и ќе Ве повикаме за преглед“.Госпожава наместо да седне си застана понастрана од шалетрот, иако сите останати седевме и чекавме, плус имаше слободно место.
    Доаѓа на шалтер, младата девојка и сестрава нешто ја прашува, претоставувам во врска со анализите, а девојчеве, зошто и беше непријатно пред сите да објаснува, се наведна и и шепоти на сестрава на шалтер.
    ЛЕЛЕЛ ЛУЃЕ, тоа пензионерката, кога ги НАЧУЛИ УШИТЕ, ОКОРИ ОЧИТЕ, да можеше да влезе у шалтер и она да слушне за што се работи.
    ПА ТОЛКАВА МАЛОГРАЃАНШТИНА И БЕЗДУШНОСТ...ЗНАЧИ НЕ СУМ ВИДЕЛА!
     
    На SparkyAngel и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    24.091
    Пол:
    Женски
    Дечки... откако си постои како збор. Ве молам, не употребувајте одкако или од како.
    Не паметувам, ама стварно очи БОДЕ.
     
    На glosipgirl, SparkyAngel, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... од егоизам, себичност, лицемерие и задоволување лични интереси ги убиваме емоцијата, искреноста и емпатијата.
     
    На SparkyAngel, eliesaab, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..Нешто ми се случува во стомакот, инсектариум, пардон- возбуда ќе да е. Како се приближува утрешниот ден така се повеќе се чувствувам среќно. Патувам за Белград, на натпревар, држете ми среќа да ги победам сите. Првпат одам надвор од државава на натпревар, па ми треба малку повеќе среќа од било кога. :D
    Ќе ме нема 3 дена, не оти ќе ви недостигам и сум битна членка, ама нема врска. :D Сакам да сте сите среќни како што сум сега јас, ете толку.
    Имајте убав ден.. :hug:
     
    На Lella, Elennaa, fighter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Со среќа. Море ти да стигнеш до таму, како е цела Србија поплавена, па и Белград, се спрема најава за вонредна ситуација во државата. Е затоа ќе ти треба малку повеќе среќа.

    Нејсе, вчера добив еден уникатен комплимент.
    Еден повозрасен човек, заеднички пријател, ми кажа следново:
    Јас да сум женско, би сакал ти да си моја најдобра женска другарка. :D
    Цел ден го мислам, колку беше чисто и кажано од срце. :)
     
    На Moonstone.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Маалската библиотека е во Ново Лисиче, за поточно не знам... Прочитав и дека одлично функционирала сега за сега, голем бил бројот на тие што земале една, а оставале повеќе книги. :)

    [​IMG]
     
    На kate21, eliesaab, vinozito1 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. dejanpetrus

    dejanpetrus Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    сакам да кажам дека очекував дека ке бидеш заинтересирана, да ме прашаш што и како.... сум поминал, ок ајде по старо, знаеме кај води тоа..... :'(