Јас сакам животни и маче и куче. Ама не ми е јасно еве куче скитник напаѓа. Да е чувано како во твојот случај тогаш навистина е виновен човекот,се согласувам. Но,скитник не гледан од човек?!
Се пофалив дека добив нова кола. Наредната недела ќе ми ја донесат. Кој не би се радувал на таква бонбона? Ама,денес возејќи ја мојата стара убавица сфатив колку ќе ми недостигна. Се навинкав на неа,на звукот ,на брзината. Ќе ми недостига сигурноста што ја имав во неа. Адреналинот. Ќе ме видат и си викаат,ох чекај,малово количе да го претркам ..А јас само малку да стиснам на гас и ги оставам далеку далеку зад мене... Кој се разбира ќе го прочита тоа AВТ позади и не се ни обидува. . . Ама за жал,повеќе не е сигурна да се вози и мора да се замени со нова. Само на арно нека е. Ќе се навикнам некако. Ќе ми фали,мојата прва кола.
Едно од најголемите достигнувања у мојов живот сеа за сеа, ми е коа на 17 години успеав да манипулирам на подолги стази со еминентен психолог / психијатар ( whatever ) , дека сум у реду. Иако ми идеше да му се прснам у фаца од смеење одговарајќи на неговите прашања за мојата состојба, па мојата иднина, и слични за мене тогаш патетични глупости, само ќе си се сетев дека меѓу другото, цела година не идев у школо чекајќи да ме оперираат, и месец од коа се деси тоа, мајка ми се разболе од рак... На сето тоа и плус други рандом срања, уште он ми фалеше да ме замара... После тоа, ќе ме вратеа у соба, и само чекав да се затвори проклетата врата, за да се изнасмеам ко човек, и со солзи тоа, да не можам да дишам, онака од душа. Па ќе си се изнаплачев, и ќе си заспиев ко бебе...
Денов ми е уживанција. Најмногу го сакам овој дел од денот кога се е тивко и мирно и можам да се изнадишам во целост. Дома имам еден часовник и прави беспрестан тика-така, седам со чај од шумско овошје и замислувам дека сум некаде во планински предели, чист воздух и неописливи глетки. Едноставно уживање во моментот.
Една од потажните секојдневни слики, за жал вкоренети во едно општество со толку развиен стандард колку нашиот како вообичаени, но кои сепак знаат да допрат - е онаа кога родител во продавница не може да си дозволи да му купи нешто на мало дете, па или му дава некое лажно ветување или со потиштеност во очите му ја прикажува вистинската слика на начин на кое еден детски мозок ќе може уште на таа возраст да разбере. Disclaimer: секако, под тоа „нешто“ не мислам на ајфони, скапа технологија, разни дребулии за луксуз и разгалување - туку за обични ситници прикладни за возраста кои во секое време би ја поттикнале здравата детска радост, и тоа со нормална цена - таква што го прави уште потажен фактот дека нема место во таа тесна пресметка и сурова реалност на загрижениот родител. Секако, не негирам дека многу деца што растеле во такви услови рано созреале, знаат да ценат и умеат да развиваат самостојност - но убедена сум дека никое дете не го заслужува тоа уште од најрана младост и дека самата таа ситуација по себе не е позитивна како што се претставува во мудростите, дека безгрижност при која детето нема да знае за финансиски стеги е нормалната и посакувана состојба за тие години и сите тоа длабоко во нашиот разум го знаеме. ...Пред неколку дена, чисто рекреативно шетајќи и разгледувајќи во трговски со една другарка, сведочев на таква ситуација. Девојче на возраст сигурно не поголема од 10 години, натоварено со школски книги во старото обично ранче и хамер во рака после училиште, културно и мило бараше од мајка му ништо друго туку - книга. На попуст, обични 135 денари. Мајката, погледнувајќи во скромно пополнетата кошничка со најосновни намирници, со тивок глас ѝ рече „не е тоа приоритет“, што воспитаното девојче веднаш го прифати. По кратко размислување, иако по долгиот ден на факултет со потрошени пари на долга пауза и скрипти имав малку повеќе од тоа во новчаникот, ја купив книгата. Додека колешката ми се чудеше, побрзав да ги стигнам и покрај културното инсистирање на мајката, му ја подарив на девојченцето. Долго време не ме израдувало на таков длабок левел нешто, како што ме израдува радоста во очите, искреното благодарам дадо и гушката од таа мила, воспитана и не се сомневам интелигентна мала девојка. Точно е дека парите не ја купуваат долготрајната среќа, но нивниот недостаток и во просечна количина за жал спречува многу мали радости. Секогаш кога ќе ни се пружи прилика во рамките на нашите можности, треба да ја тргнеме таквата бариера кон нечија насмевка. Бесценето е чувството...
**Продолжен викенд** Некогаш: шетање и безделничење. Сега: повеќе време за учење. Што е тоа релаксација?
Некои работи едноставно никогаш не можат да бидат клише! А тоа се тие бебешки насмевки, бебешки искрени очи, бебешки плачови, првото учење на било која нова детска активност итн.. Во моментот кога го раѓаш едноставно сваќаш дека ти не си повеќе "јас" туку "ние"
Ај ние шо имаме заеднички профил со мажот, имаме, имам и објаснето еднаш зошто. Маж ми не е по ФБ многу, ама фигурира за да не изгуби контакт со луѓе, а иначе јас објавувам слики, јас пишувам статуси, споделувам и се. Маж ми ништо, ни пак го интересира. Ами пред некој ден една подалечна роднина која скоро се омажи, гледам ми излезе на почетна со маж и на ѕидот си пишуваат нешто у стилот „срце мое ти си мојата смисла на постоењето, јас и ти заедно кроз животот гордо чекориме и сите препреки ги соборуваме, одвај чекам да си дојдеш дома (он гастарбајтер) и заедно да продолжиме кроз животот гордо и достојанствено. Стварно? Мене глупо ми падна, со маж ти, ај да е дечко и да имате по 16 години да си пишувате такви работи на фб, ами ова па јавно, 20 и кусур годишни магариња седнале проза и поезија на изволте. Јас и маж ми во кревет си шепкаме такви работи.
Да си ги чувате сите оние кои знаат да ви дадат најдобар совет кога ви е најпотребен и сите оние кои се искрени и кои никогаш не знаат да излажат и кои се спремни секогаш да ви помогнат. Ретки се, тешко се наоѓаат таквите пријатели и горда сум што имам еден таков другар уште од детство. Таков совршен човек посакувам да најдам и за животен сопатник.
Ајде членки повелете на торта. Малце порано ама дека викенд и сите да ми дојдат сакам. Ама бидеќи понеделник ми е а тогаш сум прва ќе неможам да си поседиме на раат тогаш па викендов убаво ми дојде.
Сакам да кажам дека ме радува поддршката што му ја даваат спортистите и останатите луѓе на Јане Велковски. Убаво е кога ќе се види мал борец со огромна насмевка.