Му го покажувам "комплицираниот ми дечко"на слики на внук ми и му велам:сакаш овој да ти биде тетин,и луто ми одговара-несакам тетин,само тета ја сакам,не те давам на никој оф душа моја Исто,често се разлутува кога некој ќе го праша дали сака тетка му да се омажи,да замине од дома
Нема нешто посекси од млад татко што ја задева ќерка си... Колку само исполнетост му се гледаше во очите, а насмевката блескаше на неговото лице
Еј,денес славам 6 години на фемина,ај за арно,за убо да е Значи вака:Пред 6 години,кога го направив профилов,не мислев дека тука ќе останам толку долго,замислете дојдов да побарам само совет за тироидната и нешто друго од здравствен аспект. Ама погодете што? Едно време ме снема,долг период не бев активна,ама затоа кога се навлечив после на форумов,не се најде жива сила што ме оттргна-досега Сума сумарум,не жалам за моето потрошено време овде,мислам дека со своето присуство и искуства,ставови допринесов барем минимална корист за форумов и членовите(ова не дека се фалам). Запознав прекрасни луѓенца(иако само виртуелно)луѓе со кои споделив многу маки и проблеми,многу непроспиени ноќи,благодарна сум им за секоја поддршка,за секој совет и убав збор,што понекогаш се чувствував како тие личности да се дел од мојот реален живот Бре,ама ме бидувало за говори,пофалници и благодарници,ама тука запирам. Ајт да се почастиме сега За убава дружба
Таман си реков се тргна во најдобар ред. Таман си реков чао грижи. И мора да се случи нешто што ќе ти ги сруши соништата. Добро бе животе, зошто за некого си животче, за некого животиште?
Зошто сме на прагот на нова година Зошто минатата секој се бореше со животот на различно поле и победуваше во од Зошто сме нежни жени кои во себе кријат лав Зошто следната година веќе не смее да имаме статуси за падната самодоверба и за губење на себе си, заради некакви неблагодарни магариња Нека си трепкаат овие афирмација тука за нас феминките, за нас борците кои следната година ќе станат само подобра верзија од себе!
Чувството на благодарност е важен за човекот.Никој неможе далеку да стигне ако ги заборава тие што биле покрај него кога му требале .
Не знам што е пострашно. Да патиш од депресија и анксиозност, а да не сакаш да земаш терапија и да те мачи што другите ќе кажат, или да не сакаш да признаеш дека имаш проблем. Како да му се помогне на некој што најпрво не сака сам да си помогне? Како да се убеди една личност која има проблем, да го прифати истото? Признавањето дека имаш проблем е најголемиот проблем. А што до тогаш.. кога таа личност само тоне... Да, има далеку пострашни болести од анксиозноста, која иако навидум изгледа наивно, од обична анксиозност која не беше спречена на време се развија и други состојби. И сеуште нема признавање. Живот во пекол. Немоќта боли. Нема потешко и полесно. Може само да се проба да се спречи на време, пред да биде многу доцна. Сега што? Молчам...
СДК никогаш не сум тражила совет од никого ни сум се жалила на некого, од мала кога дознав некои работи и кога го дознав начинот на живеење тоа беше кога бев 5 одделение кога сфатив како се живее, не знам ама некои работи премногу брзо ги сфаќав и ги разбирав. Знаете кога некој ќе каже некој нешто за вашата мајка како ќе се чувствувате а тоа што го кажале е вистина а не знаете како да одговорете па продолжувате да одете без да се обрнете и мислам дека од тој момент јас престанав да зборам, престанав да бидам весело дете, престанав многу работи, одев и само ќутев не целосно ама не живеев како секое дете. Немав храброст да разговарам и да и кажам зошто го тоа праве зошто одлучила така но ја разбирав и без да каже збор, иако е таква каква што е мајка е. Не можам и сега да сфатам се целосно но веќе не се грижам за ништо.Имала сум многу проблеми уште од мала и никој за ништо не го е било грижа и затоа поради тие некои работи јас не сум била опуштена не се снаогав премногу во друштво но како раснеш се прашуваш многу работи а одговор нема. Сега не можам да кажам дека е различно но сега јас ги правам промените јас одлучувам што ќе биде а што не, јас одлучувам како ќе живеам. Барем за мојот живот.
Деца од 5 години работат по јами и полиња на секакви временски услови, болести, епидемии, сиромаштија, смрт, инвалидитети... ама Роби Вилијамс и Честер си пресудиле заради депресија and everybody loses their minds. Уште не можам да се помирам.
2017 оди си одвратна си! Но прво биди малку добра пред крајот, за да верувам дека тоа добро ќе продолжи и во новата година.
А зошто да немаме емпатија за двата типа случаи? Второто не го исклучува првото. Патем Робин Вилијамс си пресудил, не другиот
Многу ја сакам празничната атмосфера. Се наредено,се накитено. Се спрема со многу радост во душата. Следи нова година. Дали таа ќе биде таа кога душичката ќе ја исполни со тоа што и недостасува. Со две мали рачиња полни нежност,палавштини. Дали следната година во две мали очиња ќе се огледам јас каква некогаш бев. Исчекувањето,надежта,вербата....и најмногу љубовта се вечни,неуништливи исто како желбата(и солзите ги заборавив). п.с.солзите знам дека ќе бидат вечни со оглед каква бев и што мене ме чека.Нека ги има и нив,како и да е за арно да се.
Не дека нема во ова вистина, ама мислам дека проблемот не е во депресијата, туку во нејзиното злоупотребување. Многумина својата неспособност и кукавичлук ја правдаат со депресија, и не прават ништо за да ја поправат својата ситуација.
Луѓенца, од депресија до депресија има разлика. Тие што посегнале по својот живот веќе нит за себе не мареле, нит за блиските а не па за некој што ќе рече за нив. Да не им е човек во кожа а во ум па ич.
Ама за да стигнеш до таквата депресија има фази. Што се чекало? Зошто тие или блиските не направиле нешто? Убаво пишала @Offspring од тие што кукаат и ништо не преземаат,често оставаат непрепознаени и нелекувани оние на кои навистина им треба мноогуууу помош,подршка,разбирање. Ух тешка е депресијата,но најважна е самопомошта прво,и да се стигне до таму,до потреба за самопомош со сечија помош. Се е решливо во животот. Се до крајот мора душата да сака да постои,создава,се раѓа и возобновува пак и пак.