никому не знаеш како му е дома. мислиш секој дозволува да му се помогне? не драга моја. ако личноста која пати од депресија не дозволи да и се помогне џабе ти е све. за да не филозофирам (ко што вели @John Snow ) пак само ќе речам -умот да не служи. а потоа се друго
На човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш. Па така ако тој не сака да прифати помош, џабе.
Ама затоа пишам секој ако може да помогне за личноста да сфати/се здобие со потреба за самопомош и потреба од стручна помош. Дека што ако депресивна личност е свесна дека има болест ако не побара стручна помош? Ништо. Убаво си пишала умот да не служи.Јас и би додала Вишата сила да не чува од лошото што сами себе можеме да си го нанесеме. Да не чува од зло.
Гледам деновиве актуелно е за депресија да се соли памет. Сите оние " во депресија сум" и кљукање со дијазепами или "глејте ме, ќе се убивам" - се далеку,далеку од депресија!! Кој стасал до депресија не е ни свесен дека му треба а не па да побара помош За жал, знам, многу добро знам!
И кога личностите со депресија ќе признаат или побараат помош, ретко кој ги разбира. Повеќето ќе ти дадат совет повеќе дружи се, излегувај, не се затварај и ќе помине. Од такви совети повеќе штета отколку корист. Фала што ми кажавте иначе не знаев. Депресијата е сериозна болест луѓе, само тој што не ја искусил не знае. А и не му посакувам на никој да ја искуси. Она имала се што ќе посака, се реализирала во животот, ама нешто пресудуло. Кој не знае не може да суди. Како е секој ден да се чувствуваш празен без волја да станеш од кревет, а камоли за нешто друго.
Баш имаше се. И терапија примаше. И свесни беа сите. Ама џабе е. Веќе нема назад. Може да гугламе до утре сабајле и сите депресивни да мислиме дека сме но верувале или не-депресивен човек нема шанси да препознаеш ако не го познаваш и не се отвори. Како и да е, актуелно е сега за депресија зошто а залади се знае- на кола црка акумулатор, деца заби ги болат , а луѓе кои конечно им се наредиле коцките им чукнува депрата на врата..
Депресијата е своевремен хендикеп исто така. Честопати луѓето не ја контролираат неа, туку таа нив. Може и да не си свесен колку длабоко си “зарибал” во неа. И мора да се сфати сериозно, а не со потсмев. Не збориме ние тука за онаа “депресија” од која сите си патиме кога не ни е денот, па ќе речеме дека не било сончево па сме депресивни. Не! Депресијата е сериозна состојба на умот, која прво си бара прифаќање, па си бара посветеност и решителност и соодветен третман. Јас имам проблем да убедам некој дека има проблем со истата. Дека ситуацијата во која се наоѓа е пекол како за самата личност, така и за сите нас. Истата личност си повлече и други состојби кои се многу, многу лоши. Не признава. Не можам да помогнам без да признае. И тоа е многу болно. Се чувствувам немоќно. А личноста тоне и е се полошо. Не знам веќе што можам да направам... Ама тука здрав на болен не верува..
Не можеш да генерализираш вака. Нели сама рече не можеш да знаеш по дома на кој како му е. Може да депресијата почесто чука на врата кај оние кај кои никогаш коцките не се ни доближиле до точка да почнат да се редат...За депресијата и ризик факторите кој ја предизвикуваат не може да се генерализира. Сите сме приказна сами за себе.
Ок ако така. Иако пак ќе се повторам и ќе повторам твои зборови-не знаеме дома како и било. Знаеш некогаш нештата изгледаат совршено однадвор а внатре трули. Затоа многу ми е шубе/неблагодарно да толкуваме дали и биле или не наредени коцките и што ја поттикнало на таков чин. Мене многу ми е жал што жена со академска титула која можела уште многу да обезбеди на ова општество и најважно мајка и споруга завши така како што заврши. Не сакам веќе нит да мислам нит да пишувам,толку жал ме фаќа и бес.
Кога на работа ќе речевме леле ќе се убијам имаше една колешка што ќе кажеше лесно е да се убиеш оди живеј да те видам. Живеј во општество како нашето
Има некои луѓе што стварно си личат на името што го носат. Пример, некој Љупчо што го видов на инстаграм, претерано многу личеше на тип што би се викал Љупчо. Затоа пазете какви имиња им давате на децата, поготово кога им давате по баба, прабаба, прадедо... Оти детето што би се викало Параскева, од името ќе си губи цел живот.
Љупчо ме потсеќа дека е има за дебел човек. Незнам зошто. Љупчо, Бубо, Буцо. Ете зошто. Неможам да замислам некој слаб човек да има надимак Бубо, кој пак произлегува од името Љупчо. Одма во главава ми иде дебело нешто. Бубо, Буба, бумбар, бубамара, се е тоа округло и дебело.
Totally! Сите Љупчовци што ги знам се буцковци. Него, шо праиме ако некоја се вика Убавка, а е ружничка?
Многу зборува за тоа каде живееме фактот дека ,,ти не си за во државава“ е своевиден дел од комплимент кој често луѓето го даваат на млади личности што ги воодушевиле со својата интелигенција и прогресивност...
СДК: Денес ја славам третата годишнина на форумов.Од кога се зачленив видов и добри и лоши работи, запознав многу луѓе и различни карактери,со две членки сме имале и муабет надвор од форумов.Имало кавги имало шали ,добри совети.Сума сумарум задоволна сум со моето членство овде.Знам дека некогаш сум дрска, безобразна, фина, лабава ама све зависи од ситуацијата и моето расположение.Фала ви на сите за се досега.Да ми се множат годините овде.