Пред неколку денови чув изјава која никако системов да ми ја свари, па решив да ја споделам и да и одговорам, зошто премолчев кога ја чув.... Имено сите знаете дека долго време се борам во име на родителот со ракот, и ги знам повеќето луѓе околу мене кои се борат со тоа, па разменуваме мислења, совети, позитивен воздух... Еееее едно моме на оваа тема некни ми изјави (за човек кој е болен од рак) „Има среќа што се разболе, инаку прв ќе леташе од општина(демек на партиска основа).... И јас само занемев, занемев не знаејќи што да речам пред мозокот кој смета дека смртата пресуда во најтежок облик на рак е гомното што те спасува од бркање од работа... Занемев пред мозокот кој смета дека безработицата е поголема казна од изброените денови... Занемев и се уште молчам и размислувам... И сватив... Таа свесна не е колкава „среќа“ е да цапнеш сам на прагот на 3отите на онкологија... Таа свесна не е колкава „среќа“ е да стоиш растреперен пред вратите на некој лекар, молејќи го со очи за спас, за милост, за ден повеќе со најблискиот ... Таа свесна не е колкава„среќа“ е да читаш резултати од компијутерска томографија кои говорат без кои органи ти останува најмилото пред очи а ти А да кажеш не смееш... Таа свесна не е колкава „среќа“ е да ги знаеш сите тие влошувања, и да лежи пред тебе родителот со хемо во рака, а ти да се смееш, бодрејќи го дека станува се подобар со секоја следна серија... Таа свесна не е колкава „среќа“е да ги слушаш сите приказни на онкологија, сите ликови, изгорени кожи од зрачења, пропаднати коски и да го проколнуваш Бог да те поштеди уште малку , да ти даде уште малку време... Таа свесна не е колкава „среќа“ е да спиеш со родителот на онкологија борејќи се за секој следен ден, борејќи се за неговата насмевка, хранејќи го како да е бебе, заборавајќи на умор, на глад, на жед.. Таа свесна не е колкава „среќа“ е денот да ти минува во страв од повик, од промена.. Таа свесна не е колкава„стреќа“ е кога во сонот ќе те разбуди кашлање, и мирис на хемитерапии кој ти влегол во порите и само длабоко и немоќно ќе издишеш... Таа свесна не е колкава „среќа“ е да стоиш пред непознати и да молиш за лек, да шеташ како лудак од аптека до аптека, и да ги чекаш од секоја земја различен лек(благодарејќи на милоста на пријателите) надевајќи се, молејќи се,липајќи... Таа свесна не е колкава„среќа“ е да се смееш секогаш, да го креваш болниот психички, да го убедуваш дека не е болен, дека кожата не му е жолта, дека косата ќе порасне пак, дека има време за вас се уште многу... Еееее жално што тоа моме не знае дека ова навистина е среќа, ама среќа да се преживее, да се избори човек со секој следен ден и да се погледне во огледало и да виде силна жена, непоколеблива, храбра, која стои држејќи си го најмилото за рака, а со другата борејќи се за својата кариера како лав, како за последен здив.. Жално што не ја знае нашата среќа, па ќе мора да остане така површна, така слаба во карактерот, така просечна и така малечка, така осамена и така бесцелна и слаба, така површна и несреќна,и никогаш нема да свати дека јас факултетот што го завршив на онкологија не би го сменила за ништо што би ме направило малечка како неа...
Живееме во земја каде што многу работи се сметаат за нормални, а всушност се крипи и ненормални за останатите земји. - Нормално е да се ожениш, да имаш свои деца и притоа уште да седиш со мајка ти и татко ти. - Нормално е на пешачки да ја забрзаш колата, наместо да застанеш. - Нормално е за весели и убави празници (Божиќ, Велигден) да одиш на гробишта и да раздаваш за душа, а во некои градови поставуваат јадење (грав, пченица, леб) на плочата од гробот и јадат. - Нормално е да се мешаш во животите на сите луѓе што ги познаваш...Иако два пати си ги видел. - Нормално е да ги прашуваш луѓето зошто уште не прават свадба, зошто немаат деца, зошто не одат на работа, зошто немаат дечко/девојка. - Нормално е свекрвата да ти е ноќна мора и да те тепа со главата од ѕид. - Нормално е кучиња скитници по улица да те изедат. - Нормално е воздухот да е загаден 100000000 пати над дозволеното и на никој да не му чуе. - Нормално е секој ден да одиш по кафиња и кафани. - Нормално е синот/ќерката да се пијанчи од 13 години. - Нормално е да седите со брат ти/сестра ти во детската, иако имате 30 години. - Нормално е да имаш врска за секое поле од животот. - Нормално е со партиска книшка да те вработат, иако не си соодветен за тоа место. - Нормално е со факултет да работиш во бутик и да имаш газда со 8мо одд. - Нормално е родителите да не сакаат да прифата дека детето има здравствени проблем и нормално е ништо да не превземат околу тоа прашање.
Uste dve nedeli i firmite se zatvaraat, site doma. Dve nedeli uzivanje so familijata . Milina Sto e najtragicno site sakaat da zavrsat se pred praznicite. Dali toa znaci deka doaga kraj na svetot?
Музиката магична. Особено кога е во живо. Што год да е свирка или концерт, звукот на инструментите и енергијата од публиката те тераат да чезнееш за следниот пат. I'm not a groupie, or am I
Нема поубаво чувство од чувството кога знаеш дека си дома, никој не ти виси на глава од работа и плус се излежаваш и се прпелкаш ко кутре во кревет. Да додадам нешто: премногу тролови се накотија последниве неколку дена на форумов, не приметивте?
Сдк Многу ганстери има по Скопјево,тепач до тепачиште M.r мускул тепачот Незнаеш од што да се пазиш: Од агресивни кучиња или од нафурани напумпани 2.0 барибатки Незнам со тоа иглата кога се шприцаат како не пукаат како балон пууфф
Додека чекав автобус,до мене застанаа рандом група мажи,принудена бев да им го слушам разговорот де. Си зборуваа фино како ги шетале децата во парк оти таму имало згодни мајки па,како демек можело да се најде нешто за забава Малку подразмислив,им држи вода муабетот(и јас кога ги шетам внуците,гледам многу згодни татковци)ама да се разбериме една работа,само гледам,плакнам очи,не помислувам на забава Кој признава-пола му се простува така некако одеше.А?!
Среќни сме кога од вчерашниот ден не бараме ништо, а од денешешниот ден со благодарност го примаме она што нам ни го дава.
- (зимам новчаник) Одам до аптека да купам пелени. Одма се враќам -Ок *ставам рака у џеб гледам клучеви од кола.* а од Рамстор да купев таман уште трае бебе месец? *палам кола, рокнувам музиче, се товарам со све живо, од средства за чистење до пешкири, се враќам после два саати. влегувам само со пелени дома. -Кај си бе, што се задржа? -Немаше во Зегин пелени (знае дека подлажнувам). Оди до кола те молам има некој ствари за зимање. *се враќа натоварен ко дедо мраз* СДК на жена пари и клучеви не се дава.
Годинава полека се приближува кон крајот... па да ја прокоментираме. Катастрофа година. Посебно втората половина. Половина година не живеев, само преживував. И сеуште е така. Најголемата катастрофа што се случи е што, за жал, повредив неколкумина, меѓу нив и една личност која воопшто не го заслужи тоа. Велат, треба да простуваме на другите но и на себеси, но оваа грешка не можам да си ја простам. Се чудам на самата себе, како можев... Затоа пак, оваа година ги научив најважните лекции. Оваа година најмногу се променив. И најдоброто од мене допрва доаѓа.
Иако славата ми трае еден ден, јас од петокот уште си ја терам. Ќе треба да ја разлистам темата со диети кај и да е..