После две непроспиени ноќи..кои беа полни со убавина..денес може цел ден да бидам во кома,за наредни ноќи што следуваат
Зошто на објави на Фејсбук каде некој поттикнува да се направи нешто хумано, да се помогне на некој, некој става реакција ,,haha"? Зошто некој би се смеел на таква објава, на таква намера?
Кое непочитување е кога ќе отидеш гостин некаде, одма да си го извадиш телефонот и цело време да гледаш во екран Ни за саат време некои луѓе не можат да се одделат од екран...Ти му зборуваш, а тој после 2 минути ти враќа додека му текне дека си го прашал нешто. Зошто си ми дошол на гости? Да зборнеме или да те гледам као се смееш пред телефон и ништо не зборуваш? Се обидуваш да почнеш некаков муабет за да нема непријатна тишина во просторијата, ама не оди некако зашто ГОСТИНОТ не е психички присутен. Јас: Вчера како си помина? Гостинот: (гледа во екран и се смешка)...(после една минута)...Што викаш? Ааа...Паа....(пак се смешка, не му е паметот тука)...Овајјјј....Убаво, супер... (ќутам и јас некое време, и чекам дали и нему ќе му стане непријатно од тишината...Ама не...Реалниот свет му е на игнор ставен) Јас: Се навикна на работа? Гостинот ми враќа со да или не, после 2 минути. Да бевме во обратна позиција (јас да бев гостин) во истата секунда ќе си заминев, ама работата е што тој е гостинот и ти нема кај да бегаш Знам дека по кафичи и кафани така си прават луѓето, ама зар и по гости почнавте? Не, стварно, зошто си ми дошол дома кога не сакаш да правиш муабет и побитен ти е телефонот? Уште некоја година целосно ќе се изгуби и најмалата блискост помеѓу луѓето.
Девојче во минич на минус 20, со тенки хулахопки, чека автобус и ја прашуваш абе како не ти е ладно, таа вика имам хулахопки. Wat?
Првиот снег е романтичен, возбудлив, детска радост и особено убав кога не трае долго. Во овие годишни времиња кои не ги обожавам, првиот снег е нешто што секогаш возбудена го чекам, а ни кучето ми не заостанува со возбудата. Го пропуштив де ноќеска, не знам кој бил буден, јас го преспав. Ама ќе дојде пак... друг некој, поубав, потопол, што ќе остави малку повеќе траг од овој вчерашниот. Листам музика да ми одговара со расположение и се мрзам да се исушам Ми се оди на риболов. Сакам вода, сакам сонце и сакам трска. Да буљам во синилото во надеж дека нешто можеби ќе загризе, сосема споредно, повеќе за таа релаксација што мислите ги одвејува. Сакам и да трчам на ладново без да се закашлувам. Крајот на овој месец ми носи убави работи, убави луѓе и газам преку се за тие моменти. Копам во себеси да ги пронајдам делчињата што не се вклапаа, ама некако убаво ми е. И да плачам, некако убаво ми е. Како да лебдам на површината на мирно море, спокојно, со мирисот на морско ветре при зајдисонце. Добра е оваа состојба. Толку сме несовршени, со толку недостатоци, различни. Во ред е. Зборовите немаат значење кога се некако, како за да се најдат кажани. Глупаво ми е веќе да кажам да се сакате, и мене понекогаш ми е тешко да се сакам самата себеси. Обликувај се во тоа што сакаш да бидеш, понекогаш решението не е едноставно само да се прифатиш, можеби треба да се промениш. Имам убаво винце од кое утре сигурно глава ќе ме боли, ама вреди.
Велат во виното е вистината.Не! Вистината е во душата,а љубовта е во срцата.А,виното ?Виното е напиток кој ја загрева крвта и го освежува расположението.Бидете вљубени и бескрајно расположени секогаш .
Вчера вечер излегов на тераса и го гледав снегот кај што паѓа.. Се радував како мало дете а душата ми плачи..Сама во 4 ѕида по не знам кој пат... Не патам за никој,освен по старите времиња кога мислев дека имам вистинско другарство со некои личности кои ете од кога сум во друг град не им текнало да ме побараат.. Кога не сме се делеле по цели денови,сме преспивале едни кај други и сме муабетеле цела вечер без притоа да буљаме во телефоните.. Тука добив многу ама го изгубив највредното што проклето ми фали.. Ме удира тешко ова ПМСов... Плачам по реклами,по свадби,по венчавки,крштевки и други семејни веселби.Hit me up any time за цена ќе се договориме
Зошто сте уверени дека се ви стои совршено добро и сте пријатни за гледање? Со тоа плавите кармини кога ќе ве видам се си мислам дека патите од синдромот сини усни. Не ви кажуваат од дома дека страшно изгледате?
Знаеш дека те мава страшно ПМС и лејт твентис криза кога плачеш на видео од совршено исчистен мијалник. Јеп... официјално се мрднав. Сдк успат и дека односот со некои луѓе е како битка со ветерници... не можеш да ги исклучиш, знаеш дека засекогаш мора да ги имаш во животот... и се што ти останува е да направиш договор самиот со себе...
И јас знам да зборам на повишен тон, не си само ти. Се изненади нели? Обично зборам секогаш тивко и се смешкам на твој простотилак... Сакам да изненадувам, ете баш такви како тебе и тоа понеделнички. Не личеше на таа што ја знаеш?Ако тргна така понеделнички, и на двајцата нека ни тргне. Доста само мене ми беше! Додека се сметаш за безгласна буква, така и ќе биде.
Незнам кој пат ми е како го гледам и како срцево ми се полни со волшебна убавина..погледнете го ова маленко срцуленце...уфффф..сакам и јас да го погалкам