Луѓе кои не спијат за да остануваат по нет и после некој се чуди зошто толку глупости пишуваат. Оди, легни си, ОК? (и надевај се дека ти е само од тоа)
Значи едно време се откажав и долго не гледав Среќни квадрати коцки пирамиди како и да се вика она тралалајско шоу на Вучиќ. Денес од што не ми се учеше,си реков ај Симона да се насмееш тро,на ѓо. Значи треба да си IQ 10 за онде да ојш да возиш мече и да џиткаш во кош каков шо играв коа бев мала на возраст од 5 години и да пејш песни без везе,да велиш дека Тоше ти е омилен народен пејач,од прва да погодиш песна на Аца Лукас,а за наши пејачи да му ја думаш,омилен странски пејач не ти текнува и пишиш Било Кој(мислиш така дека се вика),дека омилена ТВ серија ти е Канал 5,дека главен град на Австрија е Вашингтон,дека Рим те асоцира на Италија итн итн итн... Значи интелигенцијата ми ја вреѓаат мајке ми...се насмеав шо се насмеав,ама она е повеќе за плачење работата...значи чавката им го зела мозоко сосе конец. Знаеме ли ние да измислиме некој наш квиз нормален асолен,а не квиз кај шо треба да погодиш апчето како се вика,испод кој мостот на реката Сава која река течи,Вашингтон е на буквата в и се наоѓа во Австрија,паѓаш во транс коа Волиш ли ме ечиии,се возиш на играчка на која ни внук ми 3 години шо има не сака да се вози...значи катастрофално ужасно страшно да те извади ова од такт. И затоа вонземјаните не идат да не посетат.Да знаеше Тесла дека Карлеуша ќе пеј на струја,немаше ни да измисли.На вакви невообичаени луѓе како шо сме ние,и муслиман би се прекрстил. Мислам стварно,ја волим позориште али не у својој кучи.
Да се надоврзам на постот погоре. Ме потсети сега. Му велев на татко ми на шала ајде да те пријавиме кај Вучиќ. И татко ми вели: Ааа не ќерка, не сум јас за таму, не сум толку смотан, нема да ме примат.
Се извинувам хахаххах. Од шо ме фати нервата не ни обрнував внимание како напишав,како шо ми идеа мислите така пишев. Поздрав од мене и верка
Не само слабите манекенки даваат лош пример за тоа како треба да изгледа совршеното тело на секоја девојка, туку во последно време, во секој филм, главниот(воедно најпозитивниот во секоја смисла на збор) актер, е некој набилдан тип. И глумци што ги знаеш од порано, кои биле симпатични без сите тие бицепси, гледаш дека сосема го промениле својот изглед.
Кога сабајле ќе ти го згрешат кафето најдобро што можеш да сториш е да се вратиш во кревет и да го доспиеш денот. Но, за жал тој ден е понеделник и имаш куп обврски. На тие обврски имаш куп негативци кои како некој да ги плаќа за да ти приговараат за секој изеден залак, за секој изговорен збор и за тоа што си се успал сабајлето. Плус на ова ги додаваме оние фините кои нигде ги нема кога ти требаат, ама денес им требаш баш ти. Итно. А знаат дека си глупава и нема да ги одјебеш како тие тебе. Ок. Ти ги цицаат последните атоми енергија и доаѓаш дома и вриеш од нервоза. Е тогаш ти ѕвони телефон и ти се јавува еден поглупав од тебе, те теши, ти кажува дека и тој имал катастрофа ден, дека не си единствена, неусетно менува тема, те смее, ти дига расположение и одново функционираш. Сфаќаш дека си среќна што воопшто имаш таков лик во животот зашто многумина немаат и би си легнале нервозни. И дека ова е само уште еден напнат понеделник и ништо повеќе. Имајте добра ноќ.
Тешка е секоја борба,а уште потежок е фактот дека се бориш за нешто што полека ти се лизга од раце... Се бориш за нешто,што ти изгледа толку блиску,а во исто време,толку далеку..
Со проста маса народ никој не излегол на крај... Тие секогаш се најпаметни,и секогаш се во право. Затоа што се симнати од планина,а во планина нема општа култура,таму живеат диви животни,само што сега почнаа по Скопје да шетаат. Едно време се ширеше фама на Водно имало диви свињи,сега шетале по Скопје во голем број на две нозе биле. Општа култура јок. Отров за овие?
Fool me once shame on you, fool me twice shame on me ... Штета што никогаш не научивте да играте шах BTW: огромна препорака за филмов, молкот и тишината се најопасното оружје
Во други држави кога ќе кажеш идам малце на чист воздух се знае дека излегуваш надвор нај нормално. Во Македонија кај идеш? -На чист воздух.. и оп си влаѓаш внатре.. Е тоа е и до кај ќе стигнеме господ знае.. ама арно ни е бе кога сме без души низ улици отров кучиња ќе убиваат ужаасс..
Оди во скејт парк Патем, ме потсети со зборов "одсекад"... Од кој јазик потекнува, не можам да разберам?! Ај да разберам "никад"... Ама "секад"???
Вчера сретнав човек кој тврдеше за себе дека е мизантроп. Па уште згора на тоа и дели совети. Ова е исто како убиец да дели совети за морал. Јас искрено сметам овие луѓе треба да отидат на психијатар и да дозволат да им се даде на нив совет. А можеби и веќе отишол, но психијатарот кренал раце од него. Who knows. Нема врска, имам попаметни работи во моментов а и во животот воопшто да правам.
Србизам во македонскиот јазик со приспособена звучност и употреба на јазикот. Дел од скопски дијалект.