Бивша школска се запиша на факултет во Италија, арно ама, после година се врати, ништо не бидна. Она што е најважно е дека описите на сите слики, линкови и други објави по социјалните мрежи и се строго на италијански јазик.
Lesno e da gi rodis... izrasni gi,ovozmozi im se za normalen zivot,vtemeli im gi zivotnite vrednosti...pa togas kazi imam deca.
Во нормална држава и нормално здравство,резултати од испитување(не зборам за проверка на крв,кои арно што се готови за еден ден )туку испитувања правени пред 20 + дена,и кои потребно е да се готови максимум за 7 дена,не се готови еве веќе 20 и кусур денови. Ех,па тоа е мојата чудесна земја-рече Владо Јовановски
Тоа што се обесила девојка на сред улица, дефинитивно местото било катастрофа, со тоа што ја виделе многу деца и ќе имаат трауми за цел живот. Но, зошто некој ненормален да ја слика?! Зошто да има таква слика на интернет. Ало, се обесила девојката, они ја сликаат и по интернет ја ставаат. Наместо да се дискутира дали имала психички проблеми, која била причината што направила такво нешто и тоа на такво јавно место, да се разговара со младите за тоа, колку млади си го одзедоа животот поради депресија и слични проблеми за кои треба да се помогне, луѓево ја сликаат и ја вртат сликата кај стигнат. 5 души ми ја пратија, без да прашаат дали сакам да видам. Може не сакам да видам. Ниту ја познаваат, нит ништо, чуваат такви слики у телефон шо им пратиле и ја препраќаат. Лично јас не сум гадлива ама може на некој цревата му се превртеле после тоа. Без осет работа значи.
Креативност левел ,, членот над мене пишал за деца, па и ја да кажам една поговорка на таа тема, па и уште еден член да пише уште една побоље поговорка на таа тема,,. Немој некој случајно да смисли два реда сам, чим има толкав ментален капацитет да ги памти сите овие мудри мисли... Или пак на крај краева, изглеа стварно ги гугла, само за да каже нешто, да се дешава нешто... И тоа повеќе пати у денов, на истава тема. Значи go kill yo..... Уствари, знаете веќе. Или пак изгуглајте.
Наводно моево работно место беше повеќе наменето за машка популација, така бар ми кажаа прво интервју дамна, нежно сум било.... Се нафатив да си ја испробам снагата! Од ова што видов месцов што врви во канцеларии, вистина како прав мушкарац се осеќам. Па и колешката до мене е тука некаде. Еххх!
Небово полно облаци, а над нив сонцето упорно пробива зраци стрелајќи во моите прозорци. Пијам кафе, а долу во нозете го набљудувам движењето на еден зрак. Прво е сосем малечок, па потоа расте и се растега долж целата соба, се шири и јакне, станува се посилен и поголем и на крај пуф... го снемува. Се губи меѓу илјадниците сенки, за да после некое време повторно продре со својата светлина и во најмалата празнина од облаците. И се така одново и одново... А јас како по навика... љубопитно секогаш ги набљудувам сите феномени. Ах, а така и човекот. Ќе си собира скршени парчиња душа милион пати, откако претходно бил премногу силен. И како што незаменливиот Leonard Cohen некогаш пееше “There’s a crack in everything. That’s how the lights get in!” така и малите празнини во нас се потребни за светлината да си го најде патот. Извини Cohen, ама оваа ми е подрага. Денеска претпочитам оваа љубов да ја славам. Си запалив темјан. Одете си негативности и црнила. Земете си го и злото со вас и одете си. И не се враќајте никогаш повеќе. Иш!
Годинешнава моја потрага по 'божиќен дух' ќе биде пресудна да престанам да верувам во духови. Сепак, надежта последна умира
Сакам да кажам дека разгледував низ форумов разноразни теми и дебати и искрено сум згрозена од одредени членови на форумов кој некако многу се мешкаат кај што не им е место. Убаво е да се оговара и јаде трици , но мислам дека модераторите на овој форум треба да ја пратат содржината која се објавува. Прочитав мошне невкусни работи за луѓе кои лично ги познавам и сум разочарана од тоа како некои од овде го арчат животот и шират дезинформации. Што е пострашно некои луќе толку многу сер*ат овде и вистински лажат... Дали постои опција за тужба евентуална за ширење дезинформации и комплетни невистини ?? Верувам дека доколку им ги покажам глупостиве кои ги изначитав овде ќе се побара идентитетот на сезнајковците од одредена правна служба ... Чисто само сакав да споделам незадоволство, бидејќи сметав дека можеби малку попристојно се дискутира на одредени теми
Ако има некоја членка од Битола или Тетово и сака да ми направи услуга да провери за еден производ дали го има во Џамбо, нека ми пише порака
Хм.. стареам, се претворам во жена која сама не ја препознавам и забележувам дека пеперутките, страста, молкот, траумите со кои сум ја индетификувала љубовта во цел овој процес на создревање ги нема... Восхит...ете тоа сакам да чувствувам сега за маж за да го сакам... Восхит за тоа што сторил, за што се изборил, возхит за световите кои ги отворил пред мене и мислите нови што ми ги ставил, за силите кои не сум знаела дека ги имам... Восхит... кој би бил како баба ми што викаше: неможам да ти се изнагледам“, а јас би рекла „не можам да ти се изнаслушам“... Восхит кој нема да помине како страста, како пеперутките, како се лабаво претходно.... Восхит кој ќе ме направи подобра верзија од себе....
Моментот кога ќе ти се јави некој и ќе ти рече: - Сакате гости? Хехе. Па ти мора да лажеш дека сакаш и дека со нетрпение ги чекаш. Туку што е финтата што на мебелот му ставаат имиња на луѓе? (Или на луѓето им ставаат имиња на мебел)? Стол Стефан, гарнитура Кристина, фотеља Сара, детска соба Михаела, трпезариска маса Јована, спална соба Кико? За полесно да се препознаваат? Мајсторите така си ги нарекувале дрвцата пред да станат мебел? Така фирмата на столарите им се вика? За луѓето да се чувствуваат поудобно кога седат на нив?
Онаа личност која од еднаш ти се јавува или пишува со тоа дека те мисли и прашањето како си... А се претвара во разговор за нив... Уствари сфаќаш дека како си се однесува за нив самите и нивната интроспекција која чувствуваат потреба да му ја кажат на друг за да се преиспитаат себе си...
Ете ме фати најголемиот инат на светов, до тој степен што дури во читална ќе се зачленам денес!!! И не мрдам од таму додека не научам па шо сака нека биде