Вчера цел ден се тресев од грижи и стресови. Мислев главата ќе ми препукне. И на крај синојка ми се слоши. Изгубив свест. Ги исплашив моите. И еве денес си ветив дека веќе нема да се нервирам за ништо. Ништо на овој свет не е повредно од мене. За се има решение. Ама да се нервирам веќе нема. Што ќе постигнам? Ништо. Можам само да си го нарушам здравјето.
Има некои луѓе, со ум и срце јасни и чисти, кои прифаќаат пишување нови нешта на нив - налик на отворена книга што само треба да ја земеш од полицата, како што се велеше во текстот на една песна... И вредат, многу вредат.
Ми вели другарка ми во еден разговор дека врската со дечко и и била веќе многу монотона, па така низ две-три реченици не премногу директно но сепак доста јасно ми раскажуваше како си размислувала дека за годините што ги има требала да има повеќе авантури а не сериозна врска. Па дури и си размислува да си излезе со некој, чисто онака за забава, а со дечко и можеби и да се раздели на некое време. Инаку дечко и ја сака, цени и чува како нешто највредно на свет. Е сега мене прашањето ми е дали јас сум глупава што не можам да и ја сфатам желбава на другарка ми? И дали целиот свет денес функционира вака? И каде отиде љубовта?
И јас сум во подолга врска и точно е дека на периоди станува монотоно, барем на мене. Сигурна сум дека секој осетил таков момент додека е во врска. Дека сака да искуси нешто ново, поготово тие што се помлади во долга врска, некои сакаат поголема слобода т.е повеќе време со другарки, диско итн итн. Јас врската ја почнав на 16 години и секако дека до сега ме има фатено момент каде што не сум сигурна што сакам, дали сакам нешто ново. Ама зашто да ризикувам љубов која знам дека постои и ќе постои.
Никогаш се до сега не сум се расплакала толку на некој документарец. Гледам Америчко чудовиште на ID. Линг и Нил се среќно семејство со две прекрасни деца Девон и Ијан. Се им е супер, се додека не се преселат во ЛА, Нил го отпуштаат од работа додека Линг наоѓа работа па од келнерката станува менаџерка и тука почнува претставата. Бракот им се распаѓа, Нил е љубоморен на Линг затоа што тој нема работа и седи со децата, а Линг и покрај работата го вара со симпатијата од средно школо. Од среќа брзо преминуваат во несреќа преселбата им донесува судир на различни карактери и губиток на емоции. И потоа следи снимка каде Ијан пее: "Блескај, блескај звездо, блескај силно звездо ајде сега сликај ме" и истата вечер Линг дознава дека Нил ја вара 13 месеци и таа им пресудува на децата и на него. Што се криви децата за несреќата на родителите, зашто им давате живот ако подоцна сакате да им го одземете тоа право? Што се криви децата ако не знаете двата да ја одржите хармонијата во бракот, човечно да ги решите проблемите?! Ја дадоа снимката дека со јастук ги задушила, а Нил го убива со самурајски меч. Колку е опасен очајот на една изнерверена жена која во моментот заборава дека е мајка и нечија сопруга? Навидум изгледаа како среќно семејство само што сето тоа е површно. "Блескај, блескај, звездо мала, таму каде што си, кај и да си, да те видам таму горе, блескај."
Изгледа јас ептен "остарев " во паметот па дури и смислата за хумор ми е сменета. Или пак стварно тоа што го читам е cringe и глупаво. Уствари станува збор за некоја си лабораториска вежба на ФИНКИ каде се додаваат или отстрануваат некои елементи од дадена слика со фотошоп. И сеа на една слика со женско друштво во преден дел го додале Путин и цело ФИНКИ цепки се напраиле не можат да се соземат. Јас сфаќам од некоја нормална слика да додадеш некој нормален елемент али вакви работи колку да биде "meme" ич не поднесувам, поготово од луѓе на скоро 20 години. Да не ме сфатите погрешно, јас обожавам memes али помислата да тие се вклучат при задачи на ФАКУЛТЕТ ми е малку патетична..
СДК не сакам китење на елки,не сакам новогодишни украси и светилки во двор. Но,да добивам новогодишни подароци и те како сакам Утре,го добивам првото пакетче,моите ќе им купуваат на внуците,па ќе ми купеле и мене,да ме расположеле малку
Ми се иде на планина, на снег, на чист воздух. Ми се иде ама немаа. Ќе се стрпам до наредната зима, може ќе ми се посреќи, ама тогаш има да се валкам како мало дете, има да надокнадам за цел живот што не сум била
СДК си купив мала елкичка и си ја ставив на бирото на работа, колегите ми се смеат дете сум била, а они по 40 години имаат а ни маче ни куче, ни маж ни жена имаат, а не па осет за новогодишна атмосфера
Сеќавај се на она што ви било убаво во животот, но не барајте да ви се врати, зошто ако се врати ќе ви ги наруши убавите спомени!
Колешката: Леле ако се јави овој уште еднаш, нервен слом ќе добијам! Јас: Дај ми го мене, ПМС ми е, левел 10.