Да знаеш да се самовреднуваш и идентификуваш способност кај себе правилно е многу важна работа у животот. Познавам луѓе кои подавањето на солта при колегијален ручек го рачунаат за цел проект, а себе си како менаџери по логистика, а јас глупачата правам редизајн на цел вебсајт заедно со мојот другар Шиме (секако не се вика Шиме де) и нели, абе па ти, интервенција, ситница, нема у биографија и портфолио да го пишувам... не ми плаќај уживај. Објективно така треба да биде, ама фактичката реалност и говедата од луѓе прават да не биде и да го сматрам за вреден ангаржман. Еве пошо фемина сто години преминува на нова платформа се нафаќам јас и мојот тим да го средиме за 48 часа, во кои вклучени се ручеците и спиењата. Ситница па ти, сега цигани ли ќе се правиме. Прашањето ми е, зошто правите сајтови во Друпал??? Пејн ин ди ес!!! Може да дојде некој да ми удри бокс? Го има некој истиов овој проблем?
Моите кулинарски експерименти продолжуваат... На ред е сега замислете СЛАТКО ОД ЗЕЛЕНИ СМОКВИ. Што да правам кога во дворот смоквата беше преполна, секој ден поминувам покрај неа и ми боде очи. Сега кога почнав се мислам кој ке вари смокви во 9 води не е малку Мајка ми таман ке дојде од работа и косата има да и се крени кога ке ги види Знам ќе следи, аман дете барем малку да се одморам итн... Но, овој пат се сама ке направам. Што ке излезе како краен резултат не знам, но ке се потрудам да биде се во најдобар ред. Ако не испадне слаткото правец во река ке го фрлам, рибите нека го јадат Ако биде добро ЌЕ ве поканам на дегустација и нормално со критика или пофалба Girls wish me luck. Мора да биде добро штом си го слушам Тошенце... Уживанција и мелем за мојата душа. https://www.youtube.com/watch?v=ucFrLBSdG2Q
Правдата пак го испуштила возот, или сигурно пак доаѓа пешки па затоа доцни. Или сменила правец Ништо де, сите доцнат, наше е да почекаме стрпеливо, кој чека ќе дочека, а некој од чекање умрел, така се вели по народот Јас си живеам со ножеви во срцето, веќе се навикнав. Се научив на болка. Не ми се верува дека храбро девојче како мене потклекна пред љубовта. Дозволив на гордоста да ми стапне. По ѓаволите нека оди тој, не сакам да се претворам во параноја И поарно на никој не кажувам за тоа како ми е, во себе ќе си го чувам, така ми е најдобро. Ги држам очите затворени, на ушите слушалките и исклучена од светот. Абе џабе одам со вегите намрштени, ете ти ПСМ и се јавуваат сите скриени емоции. Вчера ги плачев другарките. Спојлер Едната од нив заљубена живее во минатото со некој што одамна се раздели и тоа поради неа, ја плаќа својата грешка, и одекнуваат зборовите „Ќе се каеш“, ама сите прават грешки, заслужува втора шанса. Чека петок, да разговараат. Другата ја изгуби шансата да го запознае тој што го сака. Таа лудо вљубена, а тој не ја ни познава И ми вели нема да се откажам, и велам не се откажувај, ете и ветив дека се ќе се среди. Прв пат ветувам такво нешто, во што ли се впуштам? Секогаш превземам ризици, што можеби и нема да ги издржам... Господ кога една врата затвора, друга отвара Им ја чувствувам болката, како да сум во нивна кожа. Не можам да издржам, дома сами да бидат во болка. Не можам да им ја излечам болката, лекот е причината за болката, ама барем можам да ги ислушам и охрабрам.
Не можам повеќе да издржам.До толку ли немам среќа?Зошто сето ова мене ми се случува..Веќе не сум храбра.Како да ќе се распарчам во еден момент.Не можам да дозволам да изгубам уште некого...Но,за жал ќе се случи тоа.Те молам бабо не оди!
Средина на мај, малку сончево време и некој степен погоре, со нетрпение го чекаш летото и баш тогаш ти влегува некое неидентификувано летечко суштество и те потсеќа на единственото нешто што те нервира во омиленото годишно време. Let the insect season begin! Седам вчера во соба, во тишина пробувајќи претпладневно да учам, и одеднаш слушам брмчење и гледам дека нешто лета. И со брзината на светлината бегам од соба. А вака да ме види човек на пример во училница кога ќе влезе некој инсект, во ладнокрвен stay calm стил, никој не би претпоставил дека ми се случувало и да се сопнам и да паднам за малце, бегајќи од инсект кога сум сама дома. Баш пред некој ден го читав она Дечко, затоа што комарецов колку Годзила нема да се утепа сам... коинциденција или..? Иначе, јас веќе и сезона на сладолед сум отворила и разни фустанчиња и друга летна облека си меркам уште во сончевите денови од март, ама никако да го уплашам скроз времево што се вика. За занесување со слики од секоја сончева, приморска точка од светот по интернет веќе да не правиме муабет. И официјално изјавувам дека две нешта што не можам веќе да ги поднесам се променливото време во комбинација со школските стресови! Туку, се знае златното правило - кога утрешниот ден те чека тест по најнеомилениот предмет, со материјал како да е напишан на кинески, добиваш ентузијазам за се` останато - средуваш по дома, па добиваш уметничка инспирација, па ти текнува на некоја нај catchy песна или најзаразна игра, абе стануваш покреативна за организирање на времето од кога било. Стварно треба да има некоја опција на компјутер, мобилен и све остало, кога ќе ги уклучиш во време кога би требало да учиш, моментално да се исклучуваат. По можност и една бонус опција - по еден шамар и едно Седни да учиш будалетинке, нема од небо да ти паднат задачите! Отидов јас да се дружам со програмскиве јазици, држете среќа утре оти многу ќе ми треба. Ајт поздрав.
Експериментот е успешен, слаткото испадна супер. Сега баба ми ке ме фали кај ке стигне: - Лелеле уба таа на баба. Радостии. ПОВЕЛЕТЕ ! Кој е слатко нека се обрати кај мене, сите ке Ве угостам. И доказ ке ви приложам во соодветна тема...
Успеав! Јухи јухи јеееј! Во слободно време гласам светло, со нога. Идеш назад, зимаш залет и хоооп, светло се гааасне! Ко онаа песнана од Магија. И се молиш, да не ти се качи комшиката од доле. Книга не ми се чепка бе Фемино... вака барем занимации си барам. Детски радости. Чао. Пак некој го запалил светлото во ходник. Ова некој знак? Работата не може да чека, чао. :geek:
Кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, под наслов 'Не си фраер ако загинеш на матурска', апелира до сите матуранти да не ги користат автомобилите на своите родители за прославата на матурската вечер. И во ред е кампањата, ја има целосно мојата поддршка. Само се чудам кој беше паметниот која ја наслови кампањата. Па добро, има посоодветни алтернативни наслови. И друго, слушам на вести, на нашиве парламентарци ќе им се гради фитнес центар во Собрание. Шта речи, а не заплакати. До некаде, и оправдано. Со оглед на тоа какви паразити дремат таму.
Нешто како ми се пријаде торта нешто блашкичко немора да е многу блага ама онака баш убаво да се најдам од неа, ццц сите на диета за лето а јас мислам само на благо па и кога оваа сликицка ја најдовв уфф утре прво станување торта си правам
Дефинитивно, мислам дефинитивно дефинитивно го имам најпроменливото расположение на светот. Не ми иди на ум збор стручен со кој ќе си го опишам психолошково стање (или психопатсково, ако сум искрена ) Откако помина shitty-от дел од денов, сега слушам забавни песни од типот на Seek Bromance и Summer jam и денсам по дома и баш ме боли органов што го немам за погоре споменатото. И згора на се, размислувам ова да му го испратам на малиов Чунки, нели, за се ми е крив
Каква вечер беше вчера! Бев во една од моите омилени кафани надвор од Скопје со посебно драга личност. Почна со - ај на салата и по една ракија, да не главиме. Седнавме со газдата, пријател на личноста посебно драга. Се претвори во долга вечер со жива музика на увце само за нас, многу ракија, јадење и пиење на рачун на куќа, пеење и играње што траеше многу подолго од работното време на кафаната и празен новчаник зошто сите пари што ги имав ги дадов на музика. Ваков ќеф одамна не сум истерала!
Видете, јас пробувам да бидам толерантна личност што разбира различни интереси и карактери, ама да пробуваш да комуницираш со слика на Богородица што некој ја има споделено на Фејсбук...до тоа ниво на разбирање, уште не сум стигнала. Жени, диетиве се тешки. Секоја храна делува десеткратно попримамлива кога само ја гледаш. А бре ко драматичен зум во индиска серија, што повеќе буљиш во хранана, ти се шират очите, што почнуваш дури да го гледаш вкусот, носен од ангели што свират на харфи. И тогаш си ваѓаш Бонжита од чанта и продолжуваш со мизерната реалност. И ангелите испаруваат. И се тешиш дека храната е какана. Ако, пак гнети зимоска.
Чудно е како чаша нескафе, омилената серија, овошен јогурт, добра музика/добра книгa/добар филм, некогаш и добро друштво, а да не ја заборавам и чоколадата со рум (за мене омилената) ти го прават животот поинтересен и подобар. The night is starting, so enjoy!
Морам да се пофалам овојпат Со мамичка ја правиме тортата за мојот роденден Убаво ми е бараме рецепти ај оваа,ај онаа ,ваков фил,таква кора,матиме,печеме... Мора да е нешто непробано до сега Чат пат се поткаруваме по малку ама ништо страшно се е од многу љубов Имајте добра ноќ феминки
Фемино, пак јас. Знаеш што праам? Влегов у темата вашиот хит на денот... и еве можеби саат време си лајкам песни. Истовремено се осеќам ко да сум манијачела нечиј профил, ама нема врска. Мене песните ме гаѓаат. Имам за учење, ова лоратадинов ме тера на спиење. Јас си лајкам, ма нееееееема везе. Пи Ес: Имам отворено Господ знае колку табови... не знам што повеќе ми свири. Ма у реду је младичу.
Муабетов е, сакам да сум средно за утре петок да ми биде со 4 часа, наместо да одам по шалтери и да фрлам пари на уплатници. Денов ми беше каша, сам по себе најлигав на цел свет, па без причина фрснав Парацетамол, и чекам да ми излади чајот, а 5 саата сум спиена...фак мај лајф ин партиЌјулар.