Кгоцни го, "несакаајќи", или рипај да го разбудиш. Кошмар си имала ... А може и да свиреш. Преправај се дека спиеш. Испробано.
И мене отсекогаш ми бил интересен зборов и сум се прашувал за неговата етимологија. На англиски, на пример, преводот на стравопочит би бил „awe“, „veneration“ или едноставно „respect“ - никаде ни трага ни глас од суфиксот „страв“ - а соодветните преводи на зборовиве кај нас би биле „восхит“ или само „почит“. Се прашувам дали е тоа одлика на народите кои живеат на нашиве простори и нашиот вечно исплашен менталитет - дека од се' и за се' треба да се чувствува страв, па и за почитта.
Зошто е во ред на слаб човек да му викаш леле колку си слаб, а е навреда ако на дебел му кажеш дека е дебел. Усул да се немало. Леле ама си слаба ! Ти дебела си, ама од култура не ти викам.
@Dream-Girl куче што лае не каса,од искуство ти кажувам. Досега незнам колку пати имам добиено закани по живот,еве сум пишувам на Фемина Што би рекол Појрас глумецот во серијата ,,Мојот син" Сите се индијанци
Нема ништо поубаво од тоа кога ќе се вратиш дома од напорниот ден на работа и ќе најдеш на масата честитка од сопствената мајка посветена на тебе. Само таа личност на овој свет знае да ми го разубави денот така.
Немам друштво. Ќе признаам дека љубоморам кога ќе видам луѓе искочени надвор како друштво а јас немам со кој. Или сум со дечко ми или со една другарка. Толку се моите можности, и ме плаши тоа за во иднина.
Дали е педерски од моја страна да им стегнам тужба на Вип поради претрпен емоционален стрес, оти од шо нема мрежа деновиве, па не ми стигна пораката дека ми е одобрена визата?
Lele Ima se sto po svetov. Se obiduvam so site sili da si objasnam na sama sebe no ponekogas ednostavo ne se moze. Paze te se lugenca.
Мислам дека имам Бермудски триаголник во собата. Некои работи никогаш не ги пронајдов а знам дека ми паднаа од рака баш во тој дел Is it just me или да намалам малку со дрогата...
Есенва не казнуваа ајвар што правиме пред зграда, ќумбе сме палеле.. Абе што не ги казнат овие гуми што палат и пластика што горат!???? Неможам да издржам веќе, грло ме пече, гради ме стегаат.. Уффф, јадни дечиња, едвај дишат
Кога може да има легална кражба (дик, мик, ташак, овој, оној, грујо, мујо, братучет му, патриотите, терористите) зошто да не си ангажирам рекетар за свои пари? Прашања кои ме мачат...
Многу ми се кул луѓе кои демек случајно нешто ќе спомнат за да извлечат некоја информација или став од тебе. Денес тоа ми се случи со политика. Се направив дека не слушнав а другата страна остана незадоволна од мојата заинтересиранос за разговор и дебата. Извини душо ама повеќе ценам дирекност
Дали само јас коа ми зујат ушите ( онака као коа нема програма на МТВ ради сервисирање,), знаете исто ко на филмовине пред да летне цела зграда у воздух, очекувам у секој момент да ми експлодира главата? Само јас, а? Ок... Ај добра ноќ...
Ако некогаш се чувствуваш виновно дека си мрзлив, сети се дека некои луѓе пишуваат ММ за маж ми. Ќе си пишеш ММ - Зашто маж ми is toо mainstream. Па знаете што значат 3 букви плус да се пишат? Колку труд и време се одзема? Се надевам наскоро нема да се измислат кратенки за: ДА, НЕ, ЕЖ, НОЌ. - Ќе дојдеш утре? - Д, заед. со мм. -Какво милениче купи? -Сакав риб. ама мм купи Е.