^ Јас се приклучувам на клубот на тие за кои пред форумов, мм значеше само извик на уживање во храна, брендиран и типичен за Алачки...
Сам себе угушил. Брзам кон автобуска, а се плашам да дишам, па некаде на пола пат почнав да се гушам Не знам што треба да направам, навистина. Што треба да сторам да се смени ова срање? Се мислам бркови да почнам да пуштам, може ќе задржува нешто од гадотиите, па после само со сапун ќе си ги замијам Носов ме чеша како кокаин да сум шмркала...веројатно, не знам, никогаш не сум шмркала, на филмовите така прават Енивеј... да, тоа е тоа за нас. Хах. Не знам што друго да кажам, после ова недишење. Мислев ќе заштедам нешто за празниците, ама на сметка на здравје. Можеби е сепак подобро да останам без пари, ама да подишам воздух. Мејби итс а гуд бизнис. Вие добри? Повелете на чај, го откажав кафето
Добро утро друштвоо Како е, подишавте малку? Јас еве утрово си затворив прозорец за да се проветри и сега ми е супер Сега чај со порака за малку позитива и денот може да започне
Сакам да кажам Девојка е едно Жена е друго Мајка е трето Сите тие три се сведуваат на различно размислување од секоја гледна точка.
Колку било убаво кога ќе си признаеш сама на себе дека некои одлуки не ги носиш во животот зошто сакаш ти,туку затоа што сакаат другите .За да ги направиш другите среќни а себеси несреќна. Колку само ми олесна да, ми олесна тоа што во овој миг станав свесна за тоа што го правев. Ми требаше цела вечност да сватам, да си признам на самата себе дека тоа не е моја одлука и дека тоа нешто,што другите го очекуваат од мене и мислат дека ке ме направи среќна а јас упорно како слепа се обидував сама на себе се убедам дека тоа е така а всушност не е,не, другите мислат дека тоа е среќа за мене ама јас не мислам а и знам дека тоа нешто мене не ме прави среќна!
Секое срце има своја болка… само начинот на изразување е различен… некои ја сокриваат во очите… некои во насмевката.
Здраво , би сакал само членовите со кои си имам комуникација и со кои си стојам фино и добро да ги известам дека од повеќето теми на форумов ќе се повлечам и ќе си бидам активен само на подфорумите „Љубов и секс“ и „Музика“. Причината е зошто гледам во последно време се случуваат доста неубави работи на форумов, и тоа од луѓе на кои треба да им се забрани интернет-пристапот според мене. Овие луѓе се способни да уништат нечиј човечки живот по секоја цена и нажалост на истите овие луѓе нема око да им трепне ако го направат тоа, ниту пак ќе почувствуваат грижа на совест. Има на форумов навистина добри луѓе и тие луѓе навистина си ги ценам, па затоа решив да не се повлекувам целосно од форумов. За тие кои имаат потреба од помош или совет од областа на љубовта (или проблеми во животот), можат слободно да ме контактираат во секое време, дали по приватна порака, дали во подфорумот доле, сеедно, спремен сум да помогнам како знам и можам. Во случај да сум навредил некој (не ми се верува дека тоа сум го направил досега, ама ајде) тогаш би сакал да се извинам на таа личност вака јавно. Имам доблест и тоа да го направам, но досега не сум бил опоменувам за навреди. Би сакал да им се заблагодарам на сите за дружбата и ви посакувам на сите (и на тие со кои си стојам добро, но и на тие со кои не стојам добро) секое добро и сè најдобро. Можеби ќе бидам повторно поактивен кога ќе оценам дека состојбата е сосем поинаква. Срдечни поздрави, Крст Крстот.
Сакам да кажам, мислев дека со конечно исполнување на желбата која ја имав цел живот и воедно мислев дека ако тоа ми се исполни ќе бидам среќна секогаш, многу сум се излажала. Животот е тркало, еднаш си горе еднаш долу. Никој не може да е секогаш среќен, без разлика колку желби му се остварат. Тоа не значи дека сме неблагодарни, тоа значи дека сме луѓе. Знаете она кога е жешко во лето како си мислите додека се потите дека никогаш нема да залади, или додека се тресите во зима чекајќи автобус на -10 дека никогаш нема да затопли? Но ќе затопли, и повторно ќе залади и се така. Кога сме среќни мислиме дека никогаш нема да бидиме тажни, но ќе бидиме. Кога сме тажни мислиме дека тоа ќе биде така секогаш, но нема да биде. Времето ќе затоплува и ќе заладува, ние ќе бидиме среќни па тажни, и така натаму и така натаму. На тоа не влијаат случувањата во животот. Ништо не е вечно, па ни ние. Ако немаме угорници и удолници во животот значи дека не живееме. Толку. Вака ми дојде малку за deep муабет.
Кога ќе ги изненадиш и израдуваш тие што најмногу ги сакаш, е тоа е вистинска среќа. Денес ако има магла, мене сонце ме грее
Нешто ,,позитивно“ од времето и смогот – барем потешко ќе те препознае некој што не сакаш да го сретнеш, и нема да може никој да те загледа асално дека си безвезе облечена за до продавница. Always look on the bright side of life...
Ние кои го сакаме кафето најмногу уживаме во него кога го пиеме сами. Не ми треба никој за кафе. Ми треба кафе! Тој мир и спокој кој го имам додека пијам сама кафе го немам во ниту еден друг момент. После тоа се чувствувам како нова. Затоа и ги бирам луѓето со кои воопшто седнувам на кафе. Не секој е вреден да ти "украде" од најубавиот дел од денот.
Не знам за вас,ама кај нас во Битола главен проблем е РЕК.И имам перфектно решение за да нема толку загаденост:ДИНАМИТ бе брате! Затоа и смислив кратка балада забавна како сакате пејте ја,песна за оџако во РЕК.И иде овако: Димњаче сломичу ти криља Ходали смо ми од Пелистера до Тумбеа чисти ваздух смо дишили и онамо и овамо дружили смо се са кислородом а ти овде димњаче желиш у тројку. Теоретски тројку сада нормално звучи али у Битолском свету то баш наш чисти ваздух згрутчи Шта смо лепо ми живели тако А ти овде пушташ некакви чудњи дим тек тако Димњаче сломичу ти крила Да не си нас загадио чисти ваздух би ту био јој ако ти ухватим тај врат лишичу га са динамитом од загаденог живота
Многу ми се смешни личности што се шминкаат ко пеперутка да им повратила на лице, или пак што немаат ништо квалитетно прочитано освен некоја си книга на ЛајНа Грејс, а коментираат за секој втор работи од типот “леле види ја, секој ден у истово парталче е облечена“, „оваа нема вкус за книги, на стори сликала дека чита таму некој си глупости место Лајлица да ја прочита“. Ама битно они си се убедени дека нивното е најправилно, дека сите треба како нив да прават и да се однесуваат и се друго не им чини. Ај нека се истребат ваквите. Или барем од околина да ми ги снема.
Зошто толку се воодушевувате, паметен бил овој или оној. Небаре направил нешто невидено, нечуено во свет досега, па ќе се восхитувам на таа интелигенција. Во денешно време е доволно да знаеш да пишуваш, и да те прогласат за паметен (понекогаш не е потребно ниту да пишуваш правилно ). Многу лесно се фасцинира рајата.
Легнав и гледам денес сме 16.12.2017 пред 4-5 години татко ми секоја година од како што паметам за себе чека 15.12 за да ја накитиме елката тој ден не можам да го опишам колку бевме сите среќни во куќава имаше смеа шеги како да е празник по накитувањето татко ми имаше дневник кој сеуште го чуваме го опишува денот како го започнавме и мене кога ќе ме спомне дека јас сум најмалата и пишувал малата и моето име и јас како демек се лутев зошто така да ме напише јас не сум била малечка хаха и за да не се лутам наместо малата пишуваше големата.. , но сега толку многу се промени нашиот среќен ден замина елката сеуште не е накитена ни јас ни мама ни тато не сме расположени да ја накитиме не сме сите на број ни фалат моите сестри а знам дека и на нив им фали тој ден камо да се врати ние да сме малечки сите заедноо да се радуваме да се смееме мама и тато да не изненадат со пакетчињата камоо.. Но утре ќе ги земам мама и тато како што правевме и тогаш ќе купиме нови украси за домот и ќе дојдеме со радост ќе накитиме заради нив кога бевме мали они нас не усреќуваа оваа година јас ќе ги усреќам затоа што ги гледам дека не им е се едно... Фала ви мама и тато за се што направивте и сеуште правитеее, фала ви за прекрасното детство што сте ни го овозможиле, фала ви за тоа што сте не васпитале да бидеме чесни, горди и да станеме тоа што сме денес вие сте најдобри родители на цел свет.... ВЕ САКАМ