Кога гледам кој се станал наставник и кој се студира на Педагошки факултет, се повеќе се разочарувам од нашето образование. Ќе имаме неписмени генерации, бидејќи нема кој да им ја даде основата, која потоа ќе треба во средно и на факултет само да ја надградуваат. Ако во основно не се описменат, потоа за се веќе е доцна. Вината ја гледам во професорите на факултет кои дозволуваат секој да заврши па макар студирал 10 години и да добие диплома со која преку врски ќе се вработи, а си нема поим за ништо, бидејќи како така завршил (со препишување, со врски, со потплаќање), ќе им го земе местото на тие што навистина заслужуваат да бидат наставници.
СДК Од како знам за себе,секоја година пред Нова Година,се пукаат петарди.Но,зошто?Која убавина е тоа да фрлиш петарда и да гледаш како пука пред тебе.Во овој дел од годината,се чувствувам како да живеам во Сирија.Се плашам навечер да излезам од тоа.Веднаш си помислувам „нем да фрлат една пред мене,после шо ќе праам“.Неколку пати ми се има случено пред мене да фрлат петарда и да бегаат.Одам по улицата и слушнам петарда пука,одма морници ме полазат.Дома си одам по разни улици,дека е помирно и ми требА 1 час повеќе да стигнам дома.И сакам да и кажам на тие што пукаат петарди и не мислат на последиците ПОРАСНЕТЕ ЕДНШКА,ДАЈ ВИ СЕ МОЛАМ.
Имам еден шампањ дома, се мислам дали да го отворам или не, но сама да го пијам не е убаво. Па така кога ќе имам повод тогаш ќе се отворе сега нека си стое.
Лошо е кога имаш за учење, особено некој тежок предмет, а мотивацијата ти е нула и празници се ближат и те фаќа новогодишна мрза.
Одсуство на пријатна атмосфера, сивило и мрак низ градов. Светилките кои секогаш ми создаваа убави чуство сега само на две недели пред Новата Година ги нема...Монотонијата го владее секој агол, празничниот дух како да испарил...
Годинава ме фаќа некоја еуфорија околу дочек на Новата По дома сигурно 7/8 години немам ништо украсувано но еве сега си ги разгледував украсите и решив утре да красам. Сум заборавила и што украси имам.
Во животот не само што е ннајважно да си го следиме сонот, храбро да побараме се, гласно и дирекно, исто така е важно на време, без страв да му признаеме на некој: „тебе ти припаѓав цело ова време,.. никој не мме допрел како ти... и нникој не ме поседува како ти... јас сум јас само кога си ти тука...“ зошто никој мисли не ни чита, ако не кажеме, а и со половина срце, зкрпено со разум и денови минати со бледи љубови и сексови не бидува успешен живот!!!!
И на крајот, сите престануваат да глумат, си го покажуваат вистинското лице и ти покажуваат колку наивна личност си ти.
Се е во ред, се додека не се почне со палење луѓе на клада. Па така ќе изолираме цела деструктивност што постои во една состојба и ќе се восхитуваме до бескрај. Сонце, море, земја, убавина, природа. Од каде што црпиме храна, енергија, живот, работи што вредат да им се восхитуваш, се бориш и уживаш во нив. Всушност, онака ми е... весело. Сакам да го накитам форумов како една голема соба, како деца кога славевме по дома со друштво, со балончиња и сијалички и од оние рачни украси. На секое ќоше по нешто светкаво. Ако треба и посебни соби за посебните некои, ама зошто, кога би можеле сите фино да си се напиеме црвено винце и да си наздравиме. И да пееме, танцуваме и се веселиме. Во некои моменти фино е да се заборави на се останато и да се радуваме едноставно на животот. Има толку многу работи што се толку многу поголеми од се она за што се расправаме и филозофираме, би било фино да се спуштиме на основата, дека сме луѓе кои сакаме да сакаме и да не сакаат и сакаме да сме среќни. А грл кен дрим. Драга фемина, тенкју фор листенинг. Се извинувам за енглескиот, така ми течат мислите. Слушам филмска музика, изгледа влегов во некој филм
Она кога чувствуваш огромна тежина и болка во себе. Кога еден ден си среќен, а веќе вториот си растргнат од болка. Не физичка, онаа појаката, психичката. Кога не можеш да ги средиш мислите, емоциите, кога се трудиш и очајно бараш излез од ситуации кои ги нема. Ситуации кои се имагинарни, апстрактни, а сепак толку присутни пред очи. Она кога тоа што те подига, те убива. Кога тоа што те боли, не можеш да го споделиш со тој што ти го предизвикува затоа што никогаш не си разбран. Затоа што секој збор е испревртен и се фаќаш во лавиринт во кој не знаеш ни како е створен.. Она кога мислиш дека срцето на живо можеш сама да го извадиш од градите и воопшто бол да не сетиш. Не е твое, како и би? Она кога и сама не можеш да се препознаеш која си. Кога се фаќаш како талкаш, растргнат меѓу луѓе на кои не можеш да им се довериш со проблемот, затоа што знаеш дека нема да си сфатен. Ни најмалку. Што тогаш? Како? Зарем ќе издржи умот ваква тортура? Би ли и телово?
Ко ви велам не сум чоек за излегвање-значи не сум мајке ми. Еднаш интроверт (пардон симона)да излези од дома. Излегов ај овој пат на гнетење и јас делкај делкај како прв пат пица да глеам и не знам шо ми стана се развеселив*не знам дали смеењето на другарка ми беше толку заразно или имаше нешо во тоа џусо* И на бегање последни дојдовме,последни и си сјојдовмееее... е сега јас станвам ко да мее брка стадо биоли и келнеро ми вика се гледа кој е најзаљубена...се вртам глеам чантата сум ја остајла... Абе ко ви велам...а излезам морам глупост да сторам Поздрав од Верка
Kolku e samo interesno pod navodnici koga site se izlezeni za vikend , a ti moras da dremis treta smena na rabota:'(
Кога сум со добро друштво во пријатна атмосфера, буквално заборавам дека имам мобилен со мене, а не па да се означам или да се пуштам во живо. Сигурно ти е многу јако штом се вклучуваш во живо за да видат другите дека уживаш. Баш најубавите и најјаки моменти се оние што не се споделени со 2000 странци, туку ти се врежани во глава и треба само да ги затвориш очите и да уживаш во нив.
Од премногу обврски, трчање ваму, таму не успеа да ме фати новогодишна еуфорија. Оваа година немам чувство дека се ближат празници, дека ќе се случува нешто. Договор за новогодишната ноќ уште нема. Изгледа се ќе се одвива набрзина, во последен момент. Можеби баш затоа и најубаво ќе помине. Ја чекале или не, годината ќе си дојде и ќе си помине. Наше е да си ја направиме да ни биде добра и успешна...
Најтешко е да си сиромашен,проклето,отепано сиромашен.Интернет,форумов луксуз.Стануваш во студено,легнуваш во студено.Сите те избегнуваат,а и ти си душа и ти ја сакаш топлината и вниманието,ама пуста и проклета сиромаштија. Е ова кога ќе се намали дури и истреби тогаш политичарите да се маваат во гради дека направиле некое добро за народот покрај она добро што служи само за нивно лично богатење. п.с.поттикната од гадењето кога гледам какво расфрлање прават познајници на прослави од фирма итн.Полни со пари луѓе,раководни лица на звучни и напредни фирми.Ах златна јас на нивно место би донирала.Најблагородниот подарок,да подариш некому малку топлина во душата,малку среќа,а не фрцкање и сликање за кого? Мене не ми значи тоа,а нив им е опиум за отепување на реалноста дека стареат и огрдуваат ама во душата,физичкото се се поправа и купува со пари,пари кои на сиромашните ќе им купат достоинствен живот барем ден-два. Ми се гади од сите тие фолиранти.
Пушти музика до *даска* И баш те гајле што ќе кажат комшиите Важно ти да се чувствуваш убаво Рејтингот на среќа подигни го на 100%
Кога човек има нешто а сепак не е задоволен, не го цени, сака повеќе, на крајот го губи и тоа што го имал. Па сфаќа дека тоа што го имал било доволно. Така функционираат нештата во животот.