Моментот кога ќе ја сфатиш суштината на изреката на постарите дека се си оди со годините, тогаш ке ја дознаеш смислата на животот... Сега ќе ја пуштам од Виолета Томовска песната- Сите сме гости на овој свет...и ќе плачам, плачам..за сите оние што ги познавав а го напуштија овој свет
''Aко мислиш дека загубата на некој близок најмногу се чувствува кога ти е тешко, причекај до некој среќен момент''. Колку само вистина има во кажаното. Фалат луѓето што ги нема, проклето многу фалат секогаш, а посебно кога нешто убаво се спрема.
Смачено ми е да слушам секој ден како воздухот е загаден, како не се дише, како ќе умреме и тоа од луѓе кои не се делат од нивниот автомобил, ги мрзи пешки да поодат или да се качат во автобус. Ако сакате промени, прво променете се себе си и вашите навики, па потоа бидете најгласни. Промените не може да се случат сами од себе, вие треба да бидете тие кои ќе си обезбедите подобар живот, поквалитетен воздух и почиста животна средина, со тоа што ќе го сведете на минимум користењето на автомобили, нема да пушите цигари, нема на секој чекор да фрлате ѓубре.
Она кога една од најдрските и безобѕирни личности без трошка емпатија коишто ги познаваш, ќе се избаци со лејм муабетот „е доста ме газеа сите, отсега станувам лоша!“... Damn, ова психологијава на фејк мудроштини излегува надвор од контрола... не само што се верува дека во светов владее апсолутна вистина и правда насекаде, туку и секој во сопствените очи е убеден дека е херој на чијашто страна се овие вредности. За сè е криво тоа пусто семе синапово...
СДК: Ми фали Марик14 многу се чатавме дур не го банираа, секогаш беше на моја страна интересно човече беше само разговорите со него ги чувам овде баш сега си ги читав. Мариќе ако не читаш ми фалиш
Колку би сакала да стават саркастичен емотикон веднаш до опцијатата ми се допаѓа! On the other note, изминативе месеци ми беа таква добра лекција што веќе ништо не ме изненадува. Не дека годинава беше лоша, никако, ама ако не успеам наскоро да го фатам правиот пат до тоа што ме исполнува, мислам дека никогаш нема да се случи. ЕДИТ: Пред некое време седнавме со една другарка на кафе после долго и ми вика, Ја ќе се чекирам, ти како сакаш! Needless to say, не искочив со неа на кафе од тогаш.
Пред некoјa гoдинa прoчитaв еден стaтус: Нaјубaвo си пoминувaме, oнaму кaде штo зaбoрaвaме дa се чекирaме. Oдгoвaрa вo склoп нa твoјoв пoст.
Навистина мислите дека сте смешни кога навредувате некого со цел да излезете интересни? Посебно кога си ја навредувате сопствената мајка? Патетичност е мал збор, а не смешни. Имам еден подалечен братучед, што кога и да сме заедно ја навредува мајка си (тетка ми). Човекот има над 20 години и толку сарказам и навреди користи спрема мајка му, што многу пати ми дошло да станам и главата да му ја акнам од маса. Не знам дали така е воспитан, дали многу му попуштаат уште од мал, ама толкаво непочитување спрема мајка не е на арно. Последно кога требаше дома да му дојдат неколку другари и се обрати на мајка му: - Оди во соба и седи таму, немој да си излегла и да ме зарамиш. Останатите што беа тука му кажаа дека навистина претерува и еден ден многу лошо ќе се кае за овие зборови....Ама како на дрво да му викаш. А жената баш си е современа, културна, се зеза, ама син воспитала секоја чест. Како не ги боли некои луѓе кога си ја навредуваат мајка си? А некои па креваат и рака. И од планина да е мајка ви, и од село, и да е неписмена, и со искинати алишта- немој да ја навредувате дури и на зезање. Сигурно премногу боли кога сопственото чедо не те цени како човек.
Четврта годишнина 4 години со Фемина. Честитки, сигурно веќе сте како семејство со останатите членови. Зарем поминаа 4 години откако се зачленив? Многу сум благодарна на фемина, а и секако на феминките, бидејќи научив многу за себе, и за сите други работи. А најголемата лекција што ја научив беше дека нема погрешни мислења, само различни.
СДК дека многу мразам кога некој ќе ме разбуди со некакво трескање, брмчење, тропање, шкрипење, зборување, смеење, гласно зборување... т.е. било каков вид на разбудување пред времето во кое ми било планирано за будење е многу лошо, не само за моето расположение туку и понатаму за животот на тој што ме разбудил. А особено на нерви ми оди разбудување од поладневен одмор во НЕДЕЛА!!! Комшија утре колата со која ми брмчеше под прозор ќе ти биде ремек-дело, I swear Фала. Чао
На денешниве деца проблем им било кој прв да прати покана за пријателство на фб, за лајкови не било проблем тоа ќе било а - у... Секој со своите проблеми....
Не знaм зa вaс, aмa мене песнaнa нa Мaрaјa Кери ми немa никaквa прaзничнa вибрaцијa. Иaкo слушaм oд нoвoкoмпoнирaниве песни, кoгa се рaбoти зa Бoжиќнa музикa, секoгaш се oдлучувaм зa музикaтa нa Френк Синaтрa, Тoни Бенет и сличнo.
Денес нешто немам желба за работа. Ми студи. Ми се спие. Не ги сакам понеделниците. Ме радува само тоа што знам дека денес ќе има плата. Конечно! И уште не земена ја распоредив. Веќе знам каде ќе ја потрошам. Во последно време денар на страна не ми останува да тргнам. Ќе дојдат подобри времиња, се надевам.
Неможат да се поднесат органски, се оговараат кај стигнат, ама цуци, маци на прослава заедно ќе одат. Каде бе со ова лицемерие, каде??? Ороспии, неработници, гзожижачи, оговарање до онесвестување ама ние сакаме да си се дружиме, дај кафана и да си прославиме, зашто Нова година за тоа е, нели? Не иде вака другари, не иде...