Таман падна снегов и денес (т.е. вчера пошто вeќе после полноќ сме) и го гледам еден комшија влегува в кола да оди некаде, небитно. Она што ми предизвика смеа кај него е тоа што порано (сега има подобра работа) заедно со неговата жена работеа во текстилна фабрика. И сега некое утро вака прв снег (како сегашниов) паднал сабајлето за на работа заедно со жена му замрзната бравата од (тогашното Југо) неможи да се отвори. И се обидел 2,3 пати никако да отвори. И жена му: Ajде ќе закасниме, остај ја колата мочај се во неа. А, тој „ее што убо ти текна“. Човеков буквално ја сфатил, во 6 наутро откопчување панталоните и ете бравата од мочта одма се отворила. Ова е бидено пред 20тина и повеќе можда години, ама посебно денес ми текна на таа случка кога го видов како ја палеше колата.
Официјално полнолетна и по американски стандарди Созреана прерано и тоа како... повеќе неволно констатирано отколку фалење. Но со детето во мене сѐ уште се негуваме, тука е и ме радува... Ќе посакам најискрено од животов отсега да зреам и учам од позитивни искуства, како што секој човек според мене заслужува. Cheers!
На овој ден и празник, баба ми секоја година станува во 7 сабајле и почнува со подготовки за славата. Купува ситници ако и фалат, ја подготвува масата со јадење и пиење, украсува мала елка и го чека нејзините најбитни гости...децата и внуците. Цел ден нетрпеливо се јавува на гостите а кога ќе се собереме сите заедно мене ми е полна душата, па можам да замислам како и е нејзе. Децата и внуците околу неа, се смеат, јадат и пијат а човекот со кого го создала тоа семејство, го нема веќе долго време. Со години и години сама и млада, не се откажала од куќата, децата, славата, маалото, дворот, мирисот и спомените внатре, па и ден денес заради таа најхрабра жена, масата е полна со храна, столовите полни со внуци, а срцата полни со приказни раскажани лично од неа. Колку и да ни е тешко што дедо ми никогаш не дочекал да седне со нас, сепак на вакви среќни моменти и слави, после долги години неговата куќа ечи со весели гласови и наздравувања.
Во моментот кога човек ќе престане да живее и делува за да им се допадне и ги импресионира другите,е дури тогаш може слободно да каже дека навистина живее.
Ме боли глава,едвај научив 2 лекции а имам уште 8 и два предмети, се откажувам боли глава ни кафе ни аналгин не помага.Sta bude neka bude преку све веќе немогу само се молам побрзо да заврши неделава и фамозната Нова Година.Не ми се слави после ланските мои глупости ми преседна и страв ми е од самата себе.Годинава не се спремам за една обична ноќ кога од 1ви пак ќе е по старо се. *е многу се нервирам од теледон кога пишувам да не јорегирам вакви ќе ми ср мислењата само пиши бриши правам тешко ми оди Kisses до сите
Добро утро луѓенца! Нека ни е за многу години Св. Никола. Да не чува и да ни дарува здравје на сите. Среќна нека ви е славата на сите што славите.
Не можам да сватам каде не е јасен моментот,дека кола се паркира на паркинг не каде стигнете притоа да блокирате други..ццц..Ајде во новата година со повеќе памет.
Не знам како да го почнам постов, неколку пати се предомислив. Ми тежат едни мисли, ми тежат и емоцииве што се толку интензивни. Учам. Прочитав дека ние луѓето толку негативно ја гледаме тагата, а таа е сосема нормална емоција, како и секоја друга. Всушност, не сум размислувала на оваа тема на овој начин, ама ми имаше логика. Ми има логика затоа што упорно се бориме против своите емоции кога можеби треба да ги прифатиме, соочиме, и потоа пуштиме. Таа борба ја прави тагата уште понеподнослива, непријатна, одбивна. Денес сум тажна. Малку повеќе, затоа што моите емоции се дуплираат, некогаш и по 10. Таква сум, ги примам работите како јас да поминувам низ нив. Не е воопшто лесно, особено кога навлегуваш во мислите на животинчиња и луѓе од третиот крај на светот. Утрово сум тажна, затоа што некои луѓе се оттргнале од проблемите, стресовите, секојдневието...на некои луѓе тоа повеќе не им тежи, им тежи само животот. Воздухот што го вдишуваат. Знаете, пријателот со кој бевте во кафуле пред малку, дома кога ќе се врати можеби не е повеќе насмеан. Кога сме меѓу луѓе, сакаме да заборавиме на маките, ама тие не чекаат дома. Зависни сме, навистина зависиме едни од други. Замислете да сте единствениот човек на планетава. Едно утро се будите и сте потполно сами. Можете се сами, да работите, живеете, функционирате...ама ќе има ли смисла? Сакаме да споделуваме, зарем не сме такви? Секогаш кога пишувам паметот ми одлетува на милион места. Можеби и овој пост ќе го избришам, затоа што според некои, ова не се реални проблеми, туку слабост. Сакам да кажам, овој период некому навистина му тежи. Гледаме стотици реклами со споделување љубов, сакам да кажам... споделувајте. За да добиеш, треба да дадеш. Добро, не секогаш, некои и сервирано го добиваат. Ама за нас, обичните или малку посебни за блиските, убаво е чувството дека некој мисли на тебе и те бара. Направете си го животот како од рекламите, пружете рака. Една насмевка плус на разминување, некогаш навистина многу вреди. Ве мислам, навистина. Ве мислам дали сте добри, здрави, среќни. Ви посакувам добро, би сакала сите да бидеме барем малку пофини со луѓето околу нас. Тешки времиња се овие, од секој аспект, ги бараме убавините во ситниците, а некому ни тоа не му оди од рака. Ве сакам. Олмост еврибади
Mm e mnogu kutliv covek. Edno vreme vozese eden priatel vo isti pravec i toj nekoj kutliv. Sekoj den si kutele cel pat i eden den mu teknalo na toj pa na izleguvanje mu rekol "za moabetov na nikogo ne kazuvaj". Togas mm svatil deka stvarno go nadminale rekordot. Taka da ova за ова никому не кажувај mi e epten zabavno. Koga mi kuti mnogu pocnav i jas da go potsetuvam.
Честита слава и за многу години и векови денот и името. Убав ден,уште поубаво се чувствувам со сите скд порчитани пред мене но @I I ме пресмеа со да му се мочам на југото,а така замрзната брава да ти се отварало. Епа кога не станувам рано ех што пропустам да видам комшијата како моча на кола.
Лани на овој убав ден го видов првпат точкичето. Се прашував дали ќе издржи следната нова година да не ја поминам со празни раце. И лавчето мое јуначки се бореше. Сега полни раце, спие во мене , душа... Сдк, за првпат бев оптимист и длабоко во душата верував дека овојпат тоа е тоа. Убаво викаат какви ти се мислите, таков ти е животот....
Среќна празник Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски! Вечно име и слава на оние кои слават! Денов е посебен за мене. Многу пати на овој ден се уверив за Божјите чуда, иако многу мала не бев ни свесна што е. Додека дишам моите раце ќе бидат склопени за молитва. Тоа никој не може да ми го земе.
Сакам да кажам Среќна слава на сите што ја слават, нека не чува Св.Никола од сите зла на светов и нека ни донесе многу среќа, радост и бериќет. Среќна слава на мама и тато (чекајте ме вечер на сармички) и вечно нека им е името на Никола, Николина, Нина, Николај, Нино и сличните на нив music:
Сакам да кажам дека не сум била на форумов со години. Но, убаво ми е кога ќе си отворам, чешлам стари мислења, си се чудам на паметот. А годинава пројде, животот ми е сменет, прекрасно конфузен. Денес едвај чекам слава кај другарка ми. Гравче, лепчиња со орев, празарник, оф оф оф! Ќе си се наместам што поблиску до софрата А утре, филхармонија во чест на Шпато. Нема поубаво. И шешир ќе си ставам на глава. Бакнежи
I eve me denes , edna godina postara . Nauciv mnogu , se soociv so mnogu raboti kako godinava , taka i predhodnite . I znam deka me cekaat uste predizvici , no denes e moj den ! Cheers P . S . Izvolte na torta
Веке некое време шетам, читкам по форумчево но никако негде да шкртнам по некое зборче.Незнам од каде да се приклучам во дружбата. Сакам да кажам дека коментаров е само колку да почнам од негде, мал чекор кон голема дружба
Мајка ми се скратила од многу работи за мене. Денес јас се скратив од омилените шминки, облека и накит. Отидовме на шопинг и им уплатив за Нова Година дочек во кафана. Си ги потрошив парите ми е гајле. Насмевката нејзина е мојата најголема среќа на овој свет. Малку се молевме ама ми успеа целта. Хепи деј.
Едни очи со боја на темно злато. Во кои можам потполно,и несвесно да се изгубам и одлутам во неговите пространства, затоа без лажна скромност кажувам: Твојата душа е моето бескрајно небо. Заплеткана во нежноста на твојата љубов, чиста како бисерни солзи негде на крајот од океанот... И сега после некое време и толку внатрешни промени, сеуште заруменувам кога те гледам во очи. И не се тие поубави од другите, ниту пообликувани.Туку се како белег, врежани.
Денес заклучив дека кога не ми оди во животот јас си купувам чевли. Не дека после оди ко подмачкано ама полесно е некако. Се фокусираш на среќата од купувањето и бар на момент забораваш на лошото.