Кога трепкаш гледајќи како жени кои не излегле од дома и не прочитале ништо повеќе од Семе синапово стануваа ПР на квази политичари. Кога во биографија ти требаат имињата на „ценетите членови на твојата фамилија“, а како мотивационо писмо броевите кои си ги свртел улижувајќи се, знаеш дека зборот кариера, реален напредок и успех не постои во македонскиот јазик... Да се пакува куферот, со се мечти, желби и сништа време е ............
Втор ден слава...луѓе,гужви,непотребни и неприкладни прашања упатени кон мене од тетки и стрини,што ги гледам еднаш годишно. Искрено,многу се изморив,чистев пред да дојдат гостите,правев темелна чистка,па сега одкако заминаа пак да чистам,мијам и бришам се од корен. Ух,тешко е да си жена. А,од друга страна,добро е што постојат мама и снашка,тие спремија јадење и благо и декорираја маса,мене не ме бива ни една салата да исецкам Не ме бива ни за месење,немам ни кеиф. Смешни ми се гостите кои од секое благо што ќе пробаа задолжително прашуваа,е сега кој го правеше ова(оти три жени сме дома де) а јас им скокав одма ко да ги тепам,јас не знам да правам и ништо не правев,и тие со подзинати усти,уште малку ќе ми речеја wtfај барем ќе куртулам сега од нивните "сводништва" ќе прекинат да ми бараат маж,оти видоја дека не сум домаќинка,нема како да ме фалат Од цела оваа еуфорија,најубав дел ми е пеењето лепче во Црква . Гостите и не се толку важни. Многу луѓе кои слават,си покануваат одредени луѓе колку да си одбележат,ама кај мене два дена се прави Ивкова слава,така е уште од памтивек И друг дел ми прави ќеиф,сите гости и мене ми носат чоколадо,како за внуците,така и за мене
Моментот кога десетгодишно девојче ми кажува дека научила нешто да готви само да одлучам кога таа да си ги покаже кулинарските вештини, толку ме затекна што имајќи ја пред вид среќата во нејзините очи почнувам да ја склопувам сликата кога ќе го слушнам она јадењето е готово П.С. Афинитетите и интересите кон нешто се создаваат од мали нозе.
Доаѓаат татко ми и мајка ми дома, и татко ми одма оди во фрижидер да бара јадење...Се чудам зошто бара јадење кога доаѓа од слава, а тој ми вика: - Си ја слушала поговорката кај сиромав најди се, кај богат нагледај се? Во исто време на фб ми излегуваа слики од славата...Ајфелови кули од овошје, посни чокладни фонтани, храна необична за наше поднебје а ако загледаш убаво на маса може и Воинот на коњ да го видиш А расол и сарма? А риба? Баклава? Убаво за очи, секоја чест на луѓето... се труделе, си декорирале, а гостите ќе си јадат ајвар дома кога ќе се вратат Во последно време луѓето што прават слави не гледаат убаво да поминат со гостите, туку се натпреваруваат кој има побогата трпеза и повидни гости на маса. Ок
Оваа Лила се помлада станува пупу да не ја урочам,еден ден ќе ми рече кај си бе стари ти пишуваше постови на Фемина за мене Кажи дали понудата важи Стар си не важи
Polovina den vrne sneg. Tolku mnogu sneg, tolku mnogu e ubavo, site dvorovi se ukraseni, od site strani sialicki svetat...samo elencinjata gi nema, nekade se sokrile. Doma toplicko uzivancija. Se siri mirizba na posna sarma i topli kolacinja. Zimata e najubavo godisno vreme
Моментот кога некој го снашла неубава судбина..па кога ќе напише : Зошто баш мене..зошто баш јас??? СДК...да беше некој друг, посреќен ќе беше? ...или не боли на туѓ грб !!?..важно е мене да не ме боли
Вчера до касно на слава и денес едвај се држам. Падна договор за нова година. Домашна атмосфера. Имаме дечиња во друштво, па да не дружат и тие. Некако и ни помина меракот за лудување како некогаш. Вака најубаво. Денес треба да е голем ден за мене. Очекувам убави вести. И се надевам што побргу ќе ги чујам. Да се израдувам. Да се насмеам од срце.
Доаѓам до точката каде сум доволно добра во својата професија, знам што правам и се чувствувам удобно баш таму каде што сум. Се фатив прееска како помислив дека „кој ќе учи сега ова“ и после три секунди ми дојде шамар да си мавнам. Ако не бев доволно свесна за значењето на надоградувањето сигурно ќе оставев на мрзата да ми го троши времето, а јас да си останам во оваа удобна зона и понатака, без да се трудам да научам нешто ново.
Оптегната на тросет, зимски чорапи како оние од гугл портретите натргнати до елката, уште кафе фали, ама идилава под ќебе не би да си ја расипувам. Почнав да мечтаам по оние денови кога бев честопати сама со себе, па ќе појдев на далечен пат со слушалки во ушите и пак сама со себе, па најчесто на нркоја бензинска ќе разменев збор два со некој човек и неговата судбина.. и... сеуште ми стои приказната на една баба од скопје како ми раскажуваше во месец ноември на студеното а ние две надвор на кафе и цигаре се тресеме од студ а таа си ја кажуваше својата мака, дрка всушност била кај ќетка си во словенија бидејки имале сообраќајна несреќа на пат кон Македонија бебето излетало со се транспортер а ќеркава останала со ампутирана нога. Ахх.. и ден денес ја паметам сликава, ги паметам сите приказни и лоши и добри, ги паметам автобусите, авионите, бензинските па дури и тој мирис на тогашното кафе. И се прашувам дали бев исполнета тогаш? Не бев.. бев никаква во себе душава ми плачеше за љубов и за него кој го гледав на секои 6 7 месеци, бев најосмената личност на светот. А денес? Денес ги нема повеќе оние слушалки, кафето на бензинските, луѓето и автобусите, осаменоста, таа грда осаменост што ја водев каде и да одев. Немам денес многу од тие работи но имам семејство. Живот имам, живот створивме и за ништо ма свет не би го дала она наше мало катче, наш дом каде сме најсреќни најнеосамени и најспокојни. Честопати знам да си мечтаам за едно мало ново катче, каде што би можела да го уредам во пастрлни и шаренолики бои, за нас, онака да светаат боите од радост и љубов насекаде. Да купам огромна елка, и насекаде да ставам сијалички да светкаат, да се радуваат во боите на новата година. На уште една нова година и на уште една радост и наздравување во името на животот!
Она кога мислат дека го криеш телефонот бидејќи си пишуваш со некој, а всушност пробуваш да скриеш дека позадината ти е од двајца гејови од серија.
Мислам дека наставните програми треба целосно да се променат кај нас. Наместо "запознавање со опшеството " децата најдобро е да учат " запознавање со своето семејно стебло" , оти не знаат која тетка, стрина, снаа, вујна и братучед ќе ги стави потоа на позиција... Сите дури предмети им се сосема небитни...
Одам накај дома и на раскрсница меѓу другите луѓе гледам и две мајки со мали деца. На семафор уредно си чекаме јас, двајца ученици (најверојатно средношколци) и уште една млада жена... а токму овие мајкиве тргнуваат одма на црвено, па и на децава им викаат ,,ајде, идеме“ Згора на сѐ, после тоа ,,брзање“ и потреба веднаш да преминат улица – си застанаа лагодно и полека да си прават муабет Каде бе со овој памет?
Јас не знам до кога ќе постојат клети луѓе. Се качив до станот над мене и на пола пат се вратив. Секогаш при некоја нервоза си велам дај ми Боже трпение да не убијам некого. Ќе го лежам жими се.
Дали е нормално и после години, да помислуваш на еден ист човек, секој нов ден? Иако кога ќе го видиш само тие два - три пати во годината, повеќе не ти прерипува срцето, не те стегаат градите, не ти се пресекуваат нозете, не се насмевнуваш махинално само од помислата дека ќе го видиш? Иако ти рекол во една прилика дека луѓето му велеле дека се променил на подобро од кога сте се разделиле, дека созреал, ама со тебе гледаш останал ист...И не знаеш дали тоа е комплимент или навреда...Дали со тебе е оној вистинскиот, ослободен од сите стеги, или пак не му вредиш за да се потруди да промени нешто... Иако сте се разделиле не затоа што сторил нешто страшно, туку затоа што не сторил ништо... Криво ти е што заминуваш, а не добиваш ни едно ,, Среќен пат и се најубаво во животот ,,, па барем и по порака...Иако ти би му посакала се најубаво и во лице,и од срце... Сепак, иако го знаеш како дланката, пак се разочаруваш од него... И ти станува јасно дека не те разочарал тој, туку твојата замисла за него. Си се разочарала самата себе си... Како беше прашањето, дали сме требале да живееме со надеж? Да ,треба, со целото срце... Но, не треба да живееме во заблуда...