Луѓето често велат -јас сум многу фин/а.Јас никогаш не сум повредил некого,јас никогаш не сум помислил лошо за некого,јас никогаш не сум подгазил некого.Но дали е тоа тоа така.Ваквите денови кога си приморан да бидеш сам со себе,често знам да си ги анализирам постапките.И седнувам,како мајка ми на пример,кога седне на масата и под стаклото си ги бара грешките на поентлесот,така и јас си ги гледам моите.А во суштина не сакам и не посакувам на никого лошо.Ме повредувале навистина многу пати но има случаи кога и јас не сум била невино јагненце.Сето тоа е дел од животот и од стекнувањето на личност,карактер.И бившите дечковци и разни пријатели и пријателки ми се како некој споменик покрај мојот животен пат.Би сакала одвреме навреме да се навратам кај секој таков споменик,да ја искубам тревата и да засадам цвеќе,зашто секој од нив за мене е спомен кој засекогаш ќе биде дел од мене.Искрено многу жалам што со некои не сум останала и ден денес пријател,зашто ме знаеле многу добро до последниот детал.Ама тоа е .Истечената вода не се враќа назад. Кога сме веќе кај водата каков е овој потоп во Србија.Многу се плашам од такви природни катастрофи,(да не даде Бог на никого) и имам пријатели во Белград кои велат дека во моментов најмногу им требаат ГОНДОЛИ.Фино барем хуморот не ги напушта. И на крај постот на Ариел е навистина единствен во последно време кој ме расположи за сите пари на форумов.Барем колку што имам во новчаникот.
Само тие шо чувале маче без доилка ја знаат среќата кога мачето ќе ти се искака за прв пат. Good nasty boy!
не ми се верува дека ке престане да се емитува Супер Ѕвезда баш имаше нешто што стварно е весело интересно позитивно за деца и тоа веке заврши стварно ми е жал , со неа пораснав како дете одвај чекав да почне емисијата, мислев и керка ми ке се радува долго време на оваа музичка емисија, ама и тоа мораше да заврши не е вер
Ова вака више, не иде. Н Е - И Д Е! Или песната како вика: Е вака веќе не може, да си играш ти со алиштата. Ооо... Тебе не ти е срам но, сега дознавам, ти за светот си сраам. Нема да бидам твој собирач на алишта, ни твој потрчко - стара навика. Никогаш нема да се оствари, тоа што си замислил. А бе ајде, стварно. Ми се смачи више да прибирам алишта од тераса. Нека им биде второ перење, што да им праам сега. Башка и онака се обесени, нема да се изгужваат. А јас кога ќе ги соберам, додека да ги здиплам... крава ќе ги изџвака. Значи мајка ми секој ден пушта машина, освен мене кога ми треба. Кога има дожд, секогаш има алишта на тераса! Девојка си жена или МАРФИ, ШТО СИ ТИ? Стветлина си сенка или ДОЖД, ШТО СИ ТИ? Бдееш ти пред оваа зграда, која со дождот пере сèèèèèèèèèèèè.
Денес е многу посебен ден за мене. Се надевам сè ќе биде супер во иднина и денешнот исход ќе ни донесе многу успех, напредок и уште постабилни финансиски средства со дечко ми. И здравје и мир, нормално и најпотребно. Господ нека е со нас.
Прошло је много време. Прво ескурзија,па роденден,пофалници за творење и така. Мислев дека го изгубив пасвордот на форумов,али ќути не е така. Многу нешта,малце зборови за да се искажи се. Ми студи. И ми недостигаше форумов.
Како да издржиш ако губиш нешто што си мислел дека ќе биде до тебе цел живот!? На почеток е тешко,а потоа се навикнуваш? Валјда... Можеби некогаш ќе ви пишам да ви кажам како е.
Мислам дека по подолго време знам што ми се прави. Сакам да се испружам пред телевизор, да пуштам Animal planet, да напунам пивска чаша со виски, да ми се погодат бадемите и да мислам на плановите кои во моментов делуваат неостварливи, но дефакто ќе се остварат, зашто сè што посакував и посакувам во животот, добивам, како да сум дете од сиропиталиште кое Супермен го земал под свое и не дава на ниедно од децата во маало чврги и ластици да ми маваат. После 5-10 голтки набрзина, за да одглумат шатови, ќе се најдам во оној емотивен вакуум, во онаа психофизичка лебдечка состојба во која човек се наоѓа кога алкохолот ќе удри и ќе го обземе организмот, кога ќе проструи низ сите делови од телото, кога вените и артериите ќе се избалансираат и секаде ќе има иста количина алкохол и крв. Од тука, ставам од солените бадемчиња и сркам ситни голтки Џек како да се жешко турско кафе во филџан со насликан филигран, со златни ленти кои ги доцртуваш со своите усни и ситните зрнца кафе кои се лизгаат врз нив. Кога вискито ќе го доживееш вкусно и убаво, кога ќе ти легне што би се рекло, тогаш бадемчињата комплетно го менуваат својот вкус и од солен апетисан, се претвораат во нешто кое многу повеќе би можел да го наречам австриско чоколадо, отколку бадем. Е тоа ми се прави, а Бога ми, не гледам причина и зошто не би го направил. Петок е, ден за емотивно прејадување.
Цела книга ја извадив лист по лист зошто немаше никаков ред,сите страни испомешани чиниш во наградна игра за влечење се
Јуху, јее. Супер ден, и покрај тестот Математика. Да бее, па зошто да е ужас денов? Добро, има причини за тоа, но има и причини за радост. Како на пример, она чувството кога тој поминува низ парк, и од сите женски само тебе те поздравува. Е тоа е среќа, но не, не сум заљубена Само онака, го свиѓам дечкото, а како што се забележува може да ми бидне другар. Ќе дојде и тој ден, а можеби и денот кога... Знаете што, но не сакам да размислувам за тоа. Тој ми се допаѓа, а не сум заљубена во него. Ајт чао.
Господ да те чува од учено, недоучено. Понапорно од глуп човек кој ќе поднаучи нешто, ама не е доволно свесен да знае колку е глуп и колку не му го разбира контекстот и суштината, нема!!! Абе сериозно луѓе, никад не се запрашувате дали сте глупи, увек си викате абе супер сум, какви ги има? Ако не сте се запрашале барем еднаш колку сте глупи голема е веројатноста да сте многу глупи! Е тоа имам да кажам за денес.
А ти се запрашала??? остај другите дали се запрашале тажно е кај луѓето што не го гледаат својот двор дал му е сметен а гледаат по другите дворови
Јас и дедо сме пратеници -Секојдневно не праќаат до продавница, аптека, пазар.. Не начекале најголемиот и најмалиот, па..удри по нас :geek:
А ти од каде знаеш за што јас зборувам? Од каде знаеш што ме инспирирало? Сум се запрашала, не се секирај. Секој ден, за да ме предизвика да научам по нешто ново. Ти си од тие незапрашаните. Чунки гледам ти во твојот двор гледаш, а и гледам погодена од заклучоков, често ми те тапшаат по дома дека си им најпаметна изгледа, па се потресе дека можеби и не си. Фала ти што ми дојде како пример на заклучоков. Да те цитирам Тоа значи и за прашањата кои си ги поставуваш сам на себе. Ај здраво. И молам луѓе од наведената категорија да избегнуваат да ми се обраќаат кога немаат што да кажат.
Преку глава ми е од сите. Оваа па комплексашката „многу паметна“ со тој носот што и се спушта преку двете тенки линии што ги нарекува уста па сега цел свет и е крив и на секого мора да се истресе... нејсе битно се фали гради имала (дискутабилно) зини земјо голтни ги... и така згрешиле лекарите на ултразвук кога утврдиле дека плодот е здрав
Сакам да кажам, се утепав од цагери гледајќи па се тешам дека симпатијата ме мисли, а како да не абе ко пубертетлија сум некогаш, не знам што ми станува, ама ајде битно да се остане позитивен
Пенти холохопка, Црна шпиц кондура , Долг гламурозен фустан и еден краток за преку ден , шминка и фризура закажано и очекувам да блеснам утре. Дечачето мое топ оделце , елеганција во движење ке бидеме . Ајде убаво да си поминеме