Жено Дали е нормално долги години да помислуваш секој ден на ист човек? Не е нормално-ненормално е,ама јебига Ме раздрма скроз со постов те разбирам целосно,оти 90% и јас сум во ситуација како твојата Зезнато е многу. Добро кажа не треба да живееме во заблуда,треба надеж,треба борба,треба искоренување на многу навики,ама ај да го направиме тоа да биде лесно и во пракса,не само на збор Не оди бре,не оди. Се осеќам ко проколната,ко заробена во некој магичен круг
Ако сакаш да видиш со каков човек си имаш работа не мора да поставуваш прашања и да чекаш одговор. Доволно е да стоиш на страна и да набјудуваш. На кого му се диви, на кого му ракоплеска, на какво однесување се воодушевува ... И тогаш ќе сфатиш дека што кажува не е толку важно. Тоа што не го кажува, но тивко го поддржува, е клучното.
Точно, но имај предвид дека по она што ти мериш не мери секој. И не значи дека критериумите кои сам ги застапуваш се најисправните кои постојат. Размисли и дека и од другата страна те мерат и тебе. Немаме ексклузивно право да сме оние кои ќе кажат што е ок, а што не, некој не мери и нас од другата страна. Она кое ќе процениш има значење само за тебе само и никој друг. Дали тебе ти значи како ќе те измери некој по своите критериуми се додека ти си среќна? Не. Епа... А ако сметаме на ексклузива дека сме ние тие кои треба да кажеме онда ... имаме проблем. Тргнав да си пишам мислење, ама ме заинтргира муабетов зошто вчера на една слава го водев. Има луѓе кои мислат дека тие се тие кои треба да предводат екипа и да кажат ах ете тој е различен, ако збори така, ама прави онака за тоа и тоа и не е наш тип на човек и нема да го примиме во екипата, па дури и ќе го изолираме. Или и како поединец јас сум тој што ќе ти каже како...што знам, викаш дека си десно ориентиран, но пишуваш со лева рака, онда не си тоа што кажуваш... Како мериме, така ни мерат, само по различни критериуми - нзс-ти, немаме право на тоа, ни па знаеме се за да донесуваме заклучоци. Твоите вредности и туѓите не се исти, тоа што тебе ти е важно и вредно на некој друг не му е. Пример од вчера кој беше спомнат, ама знаеш тие мене ме заебаа, она мене ми даде поддршка, но ете се дружи уште со нив, значи не ми е пријателка. Можда на пријателката и те како и дошло до тебе, но според нејзините вредности и верувања не смета дека треба да сврти грб на нив ради тебе, но не значи дека помалку те сака. Да не беше маж по профсија ова што е... многу веројато дека фамилијарно ќе банкротиравме. Што компјутери и мобилни направи, па само мајка ми не може да му се оддолжи. Сто пати го потопи телефонот со кафе, кока кола, става пасворди на несакајќи, патерни, што веќе не... И постојано работа има човекот... Ај се раздужуеме *намиг* *намиг*...
Точно. Секој мери за себе, според сопствени критериуми и сопствени преференци. Коментарот се однесуваше на сеопфатно и пообјективно проценување кое го врши една индивидуа за себе. Без наметување на некои сопствени заклучоци или впечатоци кон другите. Сопствената слика за околината или останатите не значи дека е најсиправна или општо најприфатлива. Само лична и покомплетна доколку се изврши поцелосна обсервација.
Колку срца скршила туѓината ? Толку многу ветува иднина и подобар живот, но за сметка на тоа тука треба да ги оставиш сите што ги сакаш. Само надеж останува дека повторно ќе се насмевне пред тебе кога ќе те погледне во очи. Малку надеж, а многу страв, разочарување, несреќа и солзи. Кој побрзо ќе заборави, кој потешко ќе преболи ? Чиј живот ќе е подобар ? Мојот сигурно нема. Плачот ми е најверен пријател, со него се будам и станувам. Како да си помогнам ? Јас не можам ова да го пребродам. Во заблуда ќе живеам ако ја замислувам иднината како што ја замислувавме заедно ? Ќе се лажам ли сама себе.. ? Немам одговор на ниту едно прашање, само знам дека јас живеам само кога сум со него, зошто тој е причина за мојата среќа. Ветив многу и се сакам да исполнам. Проклетство е моето или судбина ? Подобро да умрам отколку без него да живеам.
Да де, те разбрав. Сепак не е објективно тоа ми е муабетот, ти лично можеш да се водиш по тоа, но веројатно ќе погрешиш ако отидеш по апсолутност, но исто така и самиот треба да го испорачаш. Вчера ми тврдеше една госпожа дека она ги има најисправните вредности и непогрешива во проценките за личност. Па ја прашав дали смета за себе дека е најдобриот човек на светот и како го докажува тоа... и така, малце штама беше. Не верувам во ничија апсолутна лошотија, ни па во апсолутна доброта. Верувам дека сме од се по малку и сметам дека секој треба да добие кредитс, а и за сечие однесување има позитивна намера и приказна со причина, сем ако не се работи за психопат или слично. Нејсе, тоа ми беше муабетот и го разбирам твојот, го прочитав и ко мисла пред некој ден - не слушај зборови, гледај постапки, сакав само да се надоврзам, пошо ќе пишев мислење деновиве и јас за ова, па да не испадне инспирација од твојот пост кој сосем случајно дојде со иста содржина.
Вработените во продавници дефинитивно не се однесуваат исто со сите муштерии. Да го оставиме настрана фактот што можни се национални поделби, туку многу почести се поделби според облека...Значи те гледа како си облечен, па знае дали да ти обрати внимание или да ти зборува со грб. Најтазе случка. Одиме со братучед ми да земе телевизор...Доаѓа вработен, а братучед ми му вика: - Имате спакуван од овој телевизор или може одма овој да го земам? Продавачот го мери братучед ми од глава до пети, и враќа: - Тој ви е 40.000 денари...Еве имате и од 15.000, и од 20.000 денари....Поефтини се на другата страна. Кој праша за цена А зошто така му рече? Зашто братучед ми беше во тренерки (после нормално си се смеевме) Во превод: -Како ќе земаш од 40 илјади денари телевизор, а носиш тренерки? Се гледаш како си облечен? Еве ти од 12 илјади ко за тебе Абе и во опинци да дојде муштерија штом ти плаќа има да го третираш ко сите исто, или напушти ја работата Газолижачи.
Денес ми се слоши... Добив неколку дијагнози: МаШ-епа секое сабајле се тушираш пред работа.. Колегиум-трудна да не си Мајка-сине чувај здравје не се секирај за секоја ситница Свеки- не си спиена Комшиче- детето те исцрпува. Кумашинка-епа..многу амбиции тоа прават Другарка-многу пушиш Учителка од градинка-и ти да не си на диета .. Баба да беше жива 100% ќе ми кажеше поткошула и ѕиври да носам во зима А јас едноатавно- Д О Б И В
Им се дивам на оние девојки кои се чувствуваат удобно во своја кожа, а притоа не се нарциси и самобендисани.
Истоооо... Во понеделникот. Бирав дали да седнам на клупа да не "паднам" или во блиска аптека да ме спастрат. Ѕвезди броев. Среќа на нозе останав, кажав што ми се случи и слични дијагнози. После 30мин црвена тетка .
Прочитав суди по тоа кој што прави. А за глумците-преваранти,лицемери и изманици по што да судиш?По тоа колку успешно мамат и лажат или ќе просудиш по нервозата што ќе ти ја остават откако ќе сфатиш дека добро те изиграле? Ах има луѓе што просто уживаат да мамат,на кој денот не им завршува убаво ако не го остават некој со скиселено лице зад себе. Па ќе се мачам да ги проценувам. Не бре подалеку од такви.Не за џабе се рекло на таков зијан си добар ден да му речеш а не па нешто друго.
Ако мислиш дека на некој му е гајле за твоите проблеми и ќе ти помогне да ги решиш - се лажеш! Наместо да се жалиш, мисли сам на себе како да си помогнеш. Толку се станати себични луѓево, просто се прашуваш дали остана нешто човечко во нив. Жално!
Сакам да кажам (нешто) Девојката: Знаеш ли што? Дечкото: Знам. Девојката: Ама јас пак ќе ти кажам. Дечкото: Епа ајде кажи Девојката: Многу те сакам Дечкото: И јас тебе те сакам (кратка љубовна приказна)
Никако да разберам луѓе што не јадат скоро цел ден оти вечер се на некоја си прослава. И што демек ако се прејадат таму сити ќе бидат 7 дена
Убаво е да се видиш со некои луѓе чии години сте ги поминале во секакви лудории. Та ќе се присетите заедно и ќе се насмеете. И ќе гледате почесто да се гледате, да ги зачувате спомените. Убаво е кога едниот сака, а јас пак чудак некој не допира до мене. Што личност сум
Хронично ненаспана сум, си реков денес пред 10 ќе бидам легната и секако дека пак си го прегазив ветувањето. Се нервирам кога не сум во најдобра состојба да бидам продуктивна, а си го трошам времето залудно и знаејќи го тоа не мрдам со прст да превземам нешто...охх а колку многу сакам... Борба помеѓу мрзливоста и совеста.
Ме нервираа оние кога ќе им спомнеш дека здраво се храниш и нивниот одговор на тоа е: -"А, диета ако, со тоа се слабее". Не значи дека ако јадеш здрава храна дека по дифолт си на диета и дека сакаш да ослабеш. Здрава храна не е само за слабеење . Олабавете луѓе