Не можеш да навредиш човек користејќи нешто од неговата појава што го прифатил како дел од себе, а уште помалку пак со посочување на она во умот што зависи од него, а зад што цврсто стои и верува дека е правилно.
Моментот кога среќаваш полу селебрети личност и сведочиш како прави хепи стори на инста, а паралелно ја гледаш реалноста која нема допир со сторито те расположение недела навечер. Хилеријс.
СДК сеуште постоеле машки кои со отворен прозорец слушаат прегласна музика возејќи се во својот автомобил(а јас мислев оддамна изумреа) И,сеуште постојат возрасни тетовирани камионџиии кои не пропуштаат прилика да им свиркаат на млади девојки и жени А има и такви,кои иако до нив на совозачко седиште им седи сопругата,тие се дрзнуваат да ти блендираат со светлата Се ова,го видов во еден ден.
^Се за љубов.Љубов чуда прави.Оној со сопругата што ти светка.Ах светла низ магла и засмрден воздух додека се чека на семафори.Зимска идила ко да те прашува со светлечки сноп дали си ти за.
Луѓе кои ,,фрлаат по мене со камења'' - не се свесни колку ми помагаат во животов. Благодарна сум. Затоа што со тапшање по рамо не се стигнува далеку. Не се стигнува никаде. Ти треба само искрен пријател или непријател за да те зацврсти и опамети. Колку е прекрасен животот со благодарност во срцето.
Ако немаш ништо паметно да кажеш, молчи. Колку ми одат на нерви луѓе кои трескаат секакви глупости само да им се слуша гласот, божем ќе заборавиме дека постојат ако прекинат да дрдорат.
Дали пријателството е фикција? Или реалност? Драма, или пак цврстина? Прашувам зошто извесен период имам бранови тука. Непотребна драма, недостаток н цврстина и реалност, и се почесто фикција. Се чувствувам како да сум таа која вели "ама зошто?" ... И ме интересира, дали е можеби само состојба која ја користиме кога сме близок со некој? Зошто некои луѓе не сакаат да пијат кафе ако не им дозволиш да се зближите со папочните врвци веднаш или по извесен проблем ако имаш несигурност кон личноста? Зошто некои пријатели прават да не сакаш да можиш да се довериш во друго човечко суштество? Ова повеќе прашања кои ме мачат. Сакам да кажам, имам една другарка, и зборуваме и се зближивме и нема непотребна драма меѓу нас. Ни јас ѝ велам дека ми е вистинска, ни таа, па чувствувам дека имам пријателство за разлика од сите други другарки кои сум ги имала низ годините. Дали е можеби грешно кога им велам да пораснат од средношколски драми кога се караат за "рекла- казала"? Стварно не ми е јасно.
Познавам многу уфилмани и умислени особи кои глумат дека душички и срцки се тие и не знаат зошто повеќето дрва и камења фрлаат по нив,превртуваат очи на нивото лицемерие зошто ги провалиле кои се и какви се навистина. Со лажни фалби само можеш да се тапшааш по рамо и да си пееш тапшин тапшин танаана јас сум најарна. Дедо Боже дај помогни ич вакви да не познавам. Епа ај добро утронароде,убав петочен ден,ден пред претпоследен викенд во годинава. Направете го незаборавен и заборавете на сите што одземаат енергија од вас на било каков начин,престанете да им бидете духовна храна. п.с.Благодарам за лајковите ама не мора и во лп да ми се изјавува таква приврзаност доволно е што ми го тумачите секој пост на СКД и така не читам лп,немам што да кријам,па и во друштво на форумов не е културно да се шепка и шушка се и сешто во лп.
Епа не можам веќе, знае дека од кога ќе станам првиот пола саат дека нити отварам уста нити регистирам некој.Она типката уште од сабајле ми јаде г*****.Тоа па тоа секој ден више не можам па мрдната да беше ќе разберев ама здрава права жена.Од стискање на забите ќе ги истрошам еден ден. Ај гм
Човечката злоба нема граници. Доблест е да се има чисто срце и да се биде човек во вистинска смисла на зборот. Такви денес сѐ помалку има.
На лицемерните проповедниците и демагозите што го проповедаат и шират тоа што тие изричито не го прават што ќе им замеруваш?Само ќе те полнат со лошо.А зошто да си ја загадувам душичката со туѓи гнасотии?Само културно ги заобиколкувам а во себе си велам Боже прости им не знаат колку се грешни,злобни и што вистински прават со своето однесување. Потоа си се тешам со тоа што ги сожалувам со помислата а можеби не се нит свесни што прават,можеби толкав им е капацитетот и во недостиг на добрина во себе знаат само да го шират тоа што го поседуваат-лошотилок,злоба,лицемерие. Сепак точно е зијан ваков да познаваш. А сум познавала многу вакви. Прво започнуваат со тоа колку се фини и мили колку ти си добра личност те тераат да се осеќаш така само за да те цицаат а потоа постепено започнуваат да те трујат со нивнта злоба. Ко отров се.Малку откако ќе ги пробаш јасно ти е која им е матрицата и следен пат на таков си заминуваш културно без потреба да го запознаваш и поздравуваш,ко ѓавол од крст што бега.Нема да се правам Мис Универзум па да пожелувам помалу или повеќе вакви. Само во некој паралелен универзум се надевам/верувам таквите не постојат нит ко поим а не пак како појава.
Искуство дарлинг,секојдневно искуство што преминува во навика и на крај добро научена лекција која сакам да ја споделувам,ете како дел од моето животно патешествие па и како мотив некој да си ги подотвори очињата подобро околу себе.Сепак кој како љуби нека чини. Ти благодарам за убавите зборови.Тоа што го носи човек го зрачи.Твоите убави зборови укажуваат на убава душа не на ништожност. Замисли да ти пишам на твоево аха добро ама ништо,ништо не ми значи од тебе,немаш ти ништо убаво според мене,а ширам демагогии како јас имам чиста душа и сите околу мене се злобни. Чудно некако.Ама кога ќе пораснат ќе ја разберат мојата животна лекција која од се срце ја споделувам со сите вас.Кој знае да процени и вреднува ќе го направи тоа кој не,негов личен избор.Сепак ти благодарам.
Во зимската сезона обожавам утринското кафе да го пијам додека читам нешто. Потоа денот може да започне.