Во едно од оние kids react to видеа, имаше едно детенце (попаметно од пола полнолетна Америка ) кое за Трамп рече вака: He speaks his mind, but his mind isn't right. Е, и за многу секојдневни луѓе и случаи во животот важи ова. Кога зборувате нешто што се коси со човечноста, логиката и здравиот разум - тоа што го кажувате баш она што го мислите, не ве прави да изгледате ништо помалку лошо
Синоќа стојам надвор и ја чекам другарка ми, читам нешто од мобилен на фемина и се нервирам затоа што касни. И доаѓа едно девојче, во стара искината облека: “Нема да ти барам пари, може ли само да ми купиш храна за мене и брат ми?” И ја гледам неа. Си го гледам мојот мобилен, топлиот капут, ташната со новчаник со пари за пиво и помфрит и картичка за секој случај. Ми се скрши срцето. Братчето стои премрзнато, пробува да замоли некој друг за храна. И наоѓа и еден дечко. Отидовме заедно во маркет и купивме храна и новогодишно пакетче, рандом непознатиот фин дечко им купи и уште нешто. Ја прашувам, што сакаш да јадеш, ми вика леб и салама. Тоа ме повреди толку многу, кое детенце сака леб и салама кога може да одбере било што Ама џабе, моите пари не можат да им помогнат, барем не долгорочно. Не можам да се чувствувам добро, затоа што знам дека утре пак ќе се гладни.
Она кога ќе сфатиш дека најубавата јаболка во кошницата е најтрулата од која почнува се... Колкава разочараност...ни па имаш аха во себе, туку пак ли... Не е убаво, ич не е убаво кога ќе се убедиш во некого дека е човек на место, па реалноста ти доаѓа ама баш круто. Секогаш паѓам на таа финта... Пффф... без веза...
.Пишував баш пред некој ден за тоа чувство за таа сиромаштија. Малку да се мрдне од мртва точка да се подобри за да тоа девојче не сонува само за леб и салама.Жалосно,многу ме растажи.Мораме коренити промени кон подобро,ама кој да го разбере и примени ова од тие што можат да направат промени. Е во овој факт што минимум од населението се билионери и исто така вложуваат минимални напори да се намали јазот меѓу социјално нееднаквите и оние кои имаат во огромно,лакомо изобилие е чист пример за лицемерие.Лицемерните богати,пребогати срцето им го врти љубовта,ама љубовта само кон пари.Чесни исклучоци и за почит Бил и Мелинда Гејтс со нивната фондација.
Некој упорно прави погрешни чекори во животот и не ги слуша блиските за совет...Гледаш од страна како човекот се уништува, и на тој до тебе му викаш: -Ако правам нешто погрешно во животот, карај ме и викај по мене додека се вратам на правиот пат...Нема да се лутам. По некој период тебе ти се случува да почнеш да правиш погрешни чекори, па тој блискиот ти укажува дека грешиш, а ти му викаш: - А да си ја бркаш својата работа? Што ти е гајле што правам? Вазрасен/на сум и остави ме...Гледај си ја својата работа...Уште еднаш ако ми зборуваш за тоа, ќе ти се налутам и нема да си жив/а за мене. Затоа луѓето одбегнуваат да даваат совети и викаат: -Ти си знаеш сам/а. А и многу полесно е да судиш од страна.
Сдк организирав дедо мраз и две баба мразици за викендов да дојдат дома. Ќе викнам и внуци и по пет подароци плус пакетчиња за сите!!! Уште дедо мраз голема торба да има за да може се да качи
Денес е голем ден за моето семејство голем празник за сите нас. Резлутатите на татко ми не изненадија сите нас а посебно тато Господе стопати ти благодарам.
Кога ги отплеткувам новогодишниве сијалички пазам и сум внимателна како бомба да деактивирам. Малце да потргнеш посилно и толку, се расипале. Ама подобар тренинг за живци периодов богами нема.
Земјата се врти околу Сонцето со брзина околу 30 км во секунда. Така, претходниот пат кога се најдов заглавена во сообраќаен метеж се сетив дека всушност се движам со брзина од 108,000 км на час - ама не му кажувам на сообраќаецот !
Само јас ли мислам дека Star Wars e overrated? Океј, има добра прича и све, али ова претерано глумење лудило еј јас сум најголем фан, види ме колку сум кул, ми иде на живци. Особено од страна на wannabe sexy nerd девојки. А вистината е дека и на нив не им се свиѓа баш, па сеа ти види.
Внук ми рече дека ќе ми даде новогодишно пакетче. Едно од неговите што ќе ги добиел. Под секоја елка требало да има. Значи инспирација ми е.
Живеам далеку од родниот крај, далеку од роднини, пријатели, комшии..и во секоја пружена прилика кога имам по кого им праќам по некој поздрав на поблиските. Бирам со внимание, бирам со љубов, и за возврат не барам длабок поклон, симнување капа итн итн...ама луѓе бе, едно фала да не ти кажат, ете некој се сетил на тебе...па уста не се јаде од едно фала...нит култура нит манири нит ништо. .. Алерѓична почнав да станувам на проститулук.
Сакам да кажам... Годините летаат со неверојатна брзина... Детството, младоста, сегашноста... со сите настани и доживувања, со среќа и тага, со насмевки и болки, се нижат и нижат... Поминаа мнооогу години, но...
Не само во контекст на ужасниот актуелен настан што се коментира по социјални мрежи, туку и општо како во претпразничен период во кој е популарна пиротехниката... Јас да сум некаков фактор у државата, не да можат ко играчки да ги купуваат деца, туку скроз би ги забранила за продажба петардите. Значи никогаш не сум сфаќала и нема да сфатам какво задоволство и доживување поврзано со радосни празници носи тоа чудо кај некого, најмалку за деца уште од најмала возраст. Барем некаков најмал визуелно привлечен festive ефект да се постигнуваше, па и да разбереш некако. Ама не бе, една обична зелена опасна глупост што ја фрлаш, пука и испушта за многумина застрашувачки звук ко од оружје, на кој е најнормално уште од мали децата да се радуваат. Што носи ризици за повреди на самиот тој што ја држи и фрла, и за тие во негова близина. Па уште оние поневоспитаните намерно во влезови на згради фрлаат за најјако да пукне и да извади цела зграда од памет, или пак кога поминува некој што се плаши да го исплашат... а ваков екстрем со насилство ко со кучето не е ни за коментар. Игра бе Нели битно повеќето од родителите се презагрижени уште во таа детска игра детето да им се ориентира и да се знае машко строго со коли, а женско со кукли оти не дај Боже ќе забега накај „запад“ - ама глупавата, бесцелна и опасна игра со петарди е нормална во друштво пред Нова година и за машки и за женски уште од бабини и дедови времиња...
Нема да бидам вистинската ЈАС,ако не искомплицирам нешто,ако не се посрамотам и што уште не. Во случајов беше ова второто Денес требаше да дојде попот да освети вода за Божиќ. Слушнав надвор гласови,звуци некакви и излегувам набрзина и цела збунета,гледам двајца мажи(вработени во ЕВН) и им велам аааа,вие сте,мислев дека е попот,оти и тој требаше да дојде. Дечките ми враќаат,ние го гледаме бројчаникот за струја т.е саатот,ама ти почекај го попот,ќе дојде и тој Влегов дома и урлав од смеење. Си помислив,кој знае што си помислија за мене луѓево,ко оние од новиве приказни што ги емитуваат на Канал 5,застанала оваа дома и го чека попот