До ПМС ли е, до тоа што сум 1 сат спиена или до друго нешто..? Цел ден турбо, и од кога на крај влегов дома, се стоплив, наместо да се смирам и одморам почнаа чудни емоции да ми се вртат низ душа... Па ми се плаче, па не сум сигурна во никој, па немам воља и сила да се справам со стварите, па животот ми е промашај жив и којзнае што на крај ќе бидне со мене (што можда и не е далеку од вистина), па не ми се живее, смачено ми е... Оопп, она чувствоно дека си ги изневерила сите, толку многу што не заслужуваш ни да мислиш како ти се чуствуваш и да си угодуваш ни да размислуваш за себе.. И после опет проблемите што стојат и тежат толку што не се ни зборува за нив.. Абе поцркав..
Ми треба мир. Ми треба тишина. Да се одморам. Да си ги средам мислите. Многу стресови во последно време. Многу. Некако изгубив и желба и сила да продолжам понатаму. Нервозата полека почна да си го наплаќа данокот. Еве неколку дена по ред не се чувствувам добро. Ми се врти. Ми се лоши. Ме мачи несоница. Немам сила. Само сакам се да се реши. Се да биде онака како што беше. Да заборавам на овој тежок период и да живеам без грижи.
Мразам луѓе што ако не му одеш по газот и не му исполнуваш желби одма се лутат...не сум јас Дедо Мраз за да му исполнувам на некој желби едноставно не се трудам...
Иако сум да речеш жена која во од создрева, која секој ден сама не се препознава, се уште растам со омилениот ми цртан филм „Убавицата и ѕверот“... Се уште верувам во чуда, посебно во љубовни чуда, но и во мигови на неверојатни чувства кои може некој да ги разбуди во нас, во мигови кога нечија визија за животот, љубопитност за знаења, бестрашност, дури и лудост ќе ни бидат ветер во грбот за да се откриеме, за да дознаеме какви се квалитети се скриле под „ѕверовската“ маска која ни ја наметнало опшеството присилувајќи не да играме по неговите одамна истрошени правила.... Се уште верувам дека има луѓе покрај кои ќе расцветаме, и затоа како човек да ги погледне и сака оние кои не убедуваат во спротивното? Оние кои со секоја своја реченива граници градат, ѕидови, рушат соништа, не рушат нас, ни ја рушат самодовербата..... Зошто во секој од нас има по еден ѕвер кој чека да биде растопен од нечија љубов и храброст, и зошто во секоја од нас има по една Бела која љубопитно би ги отворала вратите на животот не задоволувајќи се со трошките провинциски и која раснејќи во прејака жена ќе стопи некој ѕвер нека си трепка ова тука, зошто сите заслужуваме некој да не гледа како чудото на нивниот живот...
После летно зајдисонце, зимско сонце на височина додека благиот студ ти го штипка лицето нема ништо друго поромантично...
Би направила лажен фб профил за да пишам "cena" во коментар. Реалната јас никогаш нема да го направи тоа.
Колку треба да се бесчувствителен за да му речеш на другар ти: - Уште ќе жалиш за баба ти? Стара беше и се виде во животот, а што да речам јас што го изгубив братучед ми на 20 години? Навистина е жално и повеќе луѓе сочувствуваат кога млад човек ќе замине, ама како можат некои луѓе да прават такви споредби? Секој човек си е на свое место...Нема врска колку години имал...Секогаш ќе боли и ќе недостига. Или ајде бабите и дедовците да ги фрлиме, стари се. Дај Боже сите да си дочекаат 100 години, ама навистина не мора да бидат толку сурови посебно ако некој изгубил драг човек, пред 2-3 дена. Секој си тагува на свој начин, и секој си е посебен во срцето на свој начин. Доста со глупави споредби и сожалувања.
Доколку се денови во прашање, тогаш е безобразно, ама познавам личности кои со месеци зборуваат за таа загуба. Почитувам личности кои во период на тага седат дома и се справуваат со емоциите. Никој не вели дека бабите и дедовците треба да се заборават, ама смрт на стар човек никогаш нема да биде особено стресна, барем за мене. Навистина е така, старите луѓе кои дочекале внуци навистина имаат видено многу во животот. Секоја загуба е стресна, оние кои заминале секогаш ќе ни недостигаат и фер е старите први да заминат. Е сега, животот не е фер, па некои личности губат родители, браќа, сестри, пријатели кои се млади. Тоа е поинаква болка, неспоредлива со загуба на баба или дедо. Сум била сведок на некои дружби каде што без ни малку осет, некои личности зборуваат за загуба на баба или дедо, а во истото друштво има личности кои изгубиле родител или брат, сестра, дури и дете... Е тоа е веќе дрско и крајно безобразно. Болката не може да се измери, ама треба да се има осет кои мисли и чувства се кажуваат гласно.
Си има луѓе без осет и во двата случаи. Некои мисли не треба на глас да се изговорат, посебно не за толку болни теми. Конкретно за случајот јас што пишав, само два дена се поминати откако ја изгуби баба му а дечкото уште кога бил бебе нема родители, туку таа го пораснала....Значи буквално може да се каже дека како мајка му била. И заради тоа крајно безобразно е другиот што ја спореди болката. Секој си боли на свој начин.
Понеделник..замина. Замина едно меко, слатко и палаво суштество. Како да ми се скрши и изваде делче од срцево, а тоа делче не знам дали отиде со него или го фатив кршејќи се и го потпикнав тука за да го чувам во него. Колку беше смешко, паметно буце моите го засакаја..за на крај да те видам како си ја испуштило душичка во својата куќарка. Боли.. и не знам како на кој начин дојде до тебе отров, знаеш цела ноќ те чуваја твоето братче и сестриче и цмолеа, бебенца. Души мали.. Не можам да верувам колку монструми има за жал, и воздухот им бил загаден? па за вакви и загадениот воздух е многу. Зарем имаат совест? душа, грев, Бог, љубов... убивајќи го тоа мало невино сушство не знаете дека се убивате себеси и останатите. И како си легнувате секоја ноќ, спиете мирно? Вие, што и вие не е да ви се обратам убијци на животи. Мило ангелче, те сакаме прости ми
Преубаво празнично расположение,преубава енергија насекаде околу мене и во мене.Благослов е да бликаш од среќа и ја споделуваш со луѓе налик тебе кои си ги привлекуваш да бидат такви какви се и зрачат кон тебе таква енергија каква што и ти носиш во себе си и проектираш врз нив.Реципроцитетна размена на исто со исто за да заеднички сте подобри верзии од самите себе си.
Сакам да кажам дека .. Видете, колку и да изгледам ладнокрвен како што вели една ваша долгогодишна релативно успешна членка која покрај се сеуште не ја доби врвната награда форумџика на годината дека сум ладнокрвен јас сепак ги почитуван и ценам моите фанови пред се Македонци шорум светот. Но јас не се радувам на квантитетот туку лојалното малцинство за кое јас не сум свесен.. @blueeparadise Дали моето отсуство ќе се толкува како "заминување" или активно недоаѓање оставам други да пресудат за тоа .. Доста од загревањето, да се зафатиме со посериозни проблематики ... 1. Да не се повторувам повторно ама веќе сметам дека сите знаете како правилно се јаде Шопска салата и ги следите научните постапки. 2. Крадец ... Лопов .. Не ги мешајте овие работи. Крадец е човек што краде, но Лопов е човек што краде многу, 3. Да ,, политичарите се лопови мамата нивна .. 4. Дали Christmas lights во Јули се само lights in color ? 6. Аман бе човек, аман. Правило #1. Секогаш забележувај која точка ја пропуштам за да не се навраќаме нон стоп на истото, ајде да мрнеме на следната точка. 7. Дали 1000 пати упатените желби кон вас за Нова година од типот "Среќна Нова година" ви мења нешо у животот ? Ако не .. тогаш запрашај се "Зошто" ? 8. 988.. *trollin'" Добро сеа не мораш толки опсесивно да внимаваш на точките. 9, Никогаш не е доцна се додека не дојде многу доцна за "Никогаш не е доцна" 10. Сеа си дојдов од кафана, леле тоа водата еј ама делуе јако на мене. Зависен ме праи. 70% водород шо ти праи. Затоа вака мисливе ми течат подмачкано. 11. Чао 12. Се сечавам пред 10тина години кога се сретнав со мојот далечен братучед од Србија .. и на прво поздравување ми вика "Чао" .. и ја бев у стилот ( Чекај бе, не се ни поздравивме кај ќе одиш .. ) ПозЗ3³ ®
Си облекувам пижами и во исто време размислувам како порано луѓето насекое сретнувале самовили, духови, вампири а денес никој не видел (мада и да види никој нема да му верува), и така замислена фрлам поглед накај прозор и на одразот се гледам јас, а зад мене гледам човек/дете/суштество. Срцето ми се штрекна и ми излезе низ уста, се стаписав а во исто време ми поминуваат мисли со брзина на светлината: - Дали ова е дух зад мене? Како да се завртам? Дали ќе ми верува некој? Дали ќе ме има на вести? Дали ќе ме повреди?...Се вртам со едно око и кога гледам...столот со куп алишта што ги оставив пред 10тина минути, плус една омалкасна кукла што играше внука ми. Наравоучение: Чистете си го нередот зад вас и не филозофирајте.