Возрасните ги учат помладите и сметаат дека тие секогаш ама секогаш треба да ги слушаат родителите, дека не смеат никогаш да преречат на нивниот збор, зошто родителите знаеле секогаш најдобро. Од друга страна тие луѓе очекуваат истите тие млади личности подоцна одеднаш да станат независни, со свој став, а и надвор од домот да имаат право на збор и да не прифаќаат сѐ што им се сервира. Ама откако на една марионета која никогаш не направила еден чекор сама, одеднаш ќе и се пуштат сите конци, таа тешко ќе успее сама да чекори, зошто никогаш не ѝ било дозволено и дадено шанса. Колку порано се пуштаат полека конците и ѝ се дозволи на личноста да учи сама и да одлучува за себе, толку подобро.
Мајка ми си купи преубаво струкирано и малку подолго палто,онака зимско. И морав да го пробам и јас,ама не знам кај се залетав кога однапред знам дека нема да ми чини од градите Се стегав упорно,"се берев"и на крај се откажав,се помирив дека не ми чини И сега сум малку љубоморна,но и бесна на мајка-природа,па не морало до толку да ме награди бре И не ми е само за ова палто,туку и моите палта ми стојат престегнати во горниот дел Башка и се оддадов од пари давање на скапи градници од лиска,понекогаш и број едвај наоѓам и се осеќам ко вонземјанин некој,тие ќе ме убедуваат да пробам,а јас познавајќи се себе,ќе им велам мал ми е овој број(само да не пробувам џабе да се слеквам де) Луѓето плаќаат за силикони знам но јас мразам гради ко моиве,и комплекс ми се искрено. А знам дека еден ден,на било кој начин ќе се снајдам и ќе ги намалам како на девојче во почетен пубертет ќе ги доведам Не се шегувам
Тоа е друго, се разбравме, инаку те цитирав да се надоврзам, мислењево го формирав после неколку седенки кај што имаше непријатни муабети без осет.
Да не ми е форумов, не знам што ќе правев.. Жално, ама сега немам друго место кај што имам право да не се цензурирам. Совест е страшна работа. Емоции да те совладаат толку за да не носиш рационални и прави одлуки е страшна работа. Да не си цврст како човек и карактер е страшна работа. Да не знаеш како понатаму е страшна работа. И да немаш храброст за вистинското е страшна работа. А можда најстрашна од сите е потполно да се изгубиш и станеш неспособен за да создадеш свое мислење за тоа што и како треба, и да немаш воља да го истераш... Да не знаеш што сакаш. Да не знаеш да се отплеткаш. Да сфатиш единствено дека не вредиш и дека си се поебал. Дека си му должен на цел свет оти се чуствуваш дека цел свет си го разочарал. Дека немаш право на желби и задовоство и комфорт и тешење. Да се прашуваш заради која проклета причина Бог уште те чува на земјава. И да сфатиш дека тоа е за да вратиш долгови. За уште еднаш да сфатиш дека милион животи да живееш нема да можеш да вратиш за некои работи.. Дно дна.... Браво дете.
Дое 15 за 6 око немам склопено а цел ден бев даун до искачањето..Ќе се напијам некое апче да заспијам некако морам..Утре нема да функционирам а на гостои сум. Кога не треба да спиам ми се спие и обратно ооок
Обично кога се бориме со друг сме поодлучни и поцврсти, а во борбата сами со себе знаеме да му попуштиме на противникот. Спојлер: Инспирација Пушачите во процедура на откажување од цигари.
Во недела наутро, сите патишта кон црква водат. Барем за мене. Изворот на мирот е таму. Кој го осетил, знае. Ништо на светов не е поубаво од таа наслада. И најубаво се чувствувам не кога сум дотерана и скоцкана, туку најскромно облечена, со марама на глава.
Од љубов, кога тато одеше пред мене на првиот снег за да го разгази за да можам полесно да се движам. И не забораваше да се сврти да провери дали го следам. И денес го прави истото. Без оглед кој животен пат го бирам тој е тука да ми го отвори и олесни патот. И чувствувам како ниедно мое ,,Фала ти тато,, да не е доволно. Среќен роденден тато! Најмногу од се посакувам да си тука што подолго. Уште многу снегови се пред мене.
Понекогаш минатото е доказ дека никој не е совршен, а иднината е доказ дека секој може да се промени.
Да се надоврзам кон муабетот со петардите. Фамата што се крена во Македонски јавни фаци темата ради коментар на Фејсбук од јавна личност која ги кори децата кои му ја разнесоа вилицата на тоа куче - нејзините зборови ептен нежни беа. Таквите деца под итно на психијатар заедно со родителите. Какви гомна треба да бидат за да им дојде во глава дека може така да си играат. Гниди, толку имам да кажам за нив. Додека бев во основно имаше двајца идиотчиња во одделение, си ставаа петарди еден на друг во капуљачите, од нив во зиме не можеш до продавница да излезеш зашто за инает фрлаат петарди кон тебе бидејќи, нели, детска игра и ова ептен интересно е. Едниот од нив е доста успешен сега (во материјален план), ама по очите му се гледа дека си остана психопатче такво. Толку многу работи се погрешни во општеството, почнувајќи од самото домашно воспитување. Сигурно не би имале желба за предизвикување на страв и болка на други доколку биле воспитани како што треба. Karma is a bitch, сѐ се враќа.
За да опстојам во овој свет на не луѓе...и јас морам да бидам не човек..така да одсега натаму..и јас ќе ви ги удирам колите и ќе бегам...океј!?
Се себе набљудував сношти... Се молкум себе споредував... Се себе во максимална гужва тивко запозавав... Се себе откривав... И што да речам??? Фала и... фала на судбината, но и за годинава која изминува за секој товар, за секој предизвик, за секоја солза, за миговите на осаменост, и на долгите часови пешачење со своите мисли... Фала и....
Кога пишувам со еден стар пријател се чувствувам подобро и поисполнето. Секако ние имаме и добри и лоши спомени ама секако лошите се забораваат. Дека годинава беше турбелетна сакам само да ја оставам зад себе. Се трудам да ги задржам тие на кои им треба помош без да го допрат дното само некогаш тие самите сакаат да паднат. Годинава го допрев дното и не се срамам тоа да го изнесам, си го кажувам како и да одам,тоа е мој понос и титула. Ако не го допрев дното немаше да видам многу работи. Дното ме научи на една вредна животна лекција и за да почнам од почеток морав да разговарам со себе си. Иако не постигнав многу во областа околу работата и годините ми минуваат, не се срамам ни од тоа. Повеќе од јасно ми е дека ние со посебни потреби сме без предност. Болницата ми ја затвори можноста за нешто што можам да функционирам како дел од вас. Поминав доста и на форумов околу посебноста за слухов, ме исмевавте,ме понижувавте и јас пак останав доследна на своето, не заборавајте се гордеам со мојот дар. Тоа е дел од мене. Годинава ја затворам со вакво признание, признание кое никој нема храброст да го направи. Горда сум на сите злобни нешта што ми се случија затоа што тие ме направија посилна. Годинава ја затворам и на сите бивши пријателки им посакувам се најдобро, со својот успех со кој се фалат да го надвладеат уште повеќе, да не се осудат да ме бараат. Секогаш ќе се разликуваме во едно нешто, секогаш ќе се интересирате за мене,а јас за вас ниту еднаш затоа што сте дел од минатото. 2018 те чекам за исполнување на моите цели.
Една познаничка вчера објавила: "Stars can't shine without darkness " на кое прокоментирав: "No honey, Stars can't shine without hydrogen and nuclear fusion"
За случајот со кучето и петардите... Многу ме интересира како тоа некои под детска игра подразбираат палење пиротехники, притоа со истите да загрозуваш нечиј живот, на едно невино куче. Ајде и да не е кучето, самиот факт што некои ги оправдуваат дечиштана дека само си играле со пиротехника ме тера да се запрашам каде живеам. Не не е игра, не е игра кога туѓа болка и мачење, па и евентуална смрт, претставува нечие задоволство па и наводно игра. И тоа на дете...кое никогаш не смее да помисли на такви одвратни работи. Не знам дали до родителите, или околината, или што и да е, ама со тие деца нешто не е во ред. Не верувам и дека се однесуваат добро кон свои врсници. Не би ги оправдала во никој случај, и како и сите други сметам дека треба да се однесат на психијатар. Читав и коментари дека тие утре можеби ќе биле добри луѓе, а не сериски убијци и садисти. Па и дека всушност таквите луѓе се оние кои во детството и младоста биле мирни и повлечени.Епа стварно не знаев дека јас како личност со мирен карактер најверојатно се претворам во сериски убиец. Би разбрала да повреди и убие некој куче само ако се работи за самоодбрана или да одбрани некој друг што бил нападнат. Ама прво играње со пиротехника, второ играње и со животот на едно невино животно не е за никакво оправдување, ниту пак е детста игра дефинитивно.
Мене баба ми ми има тврдено дека порано постоеле вампири зошто луѓето не се вакциирале и од кога ќе починеле се повапирувале и шетале низ куќите а денес немало вампири дека луѓето се вакцинираат. Па ме мачи прашањето, ако некој во денешно време не дај боже не се вакцинира дали тоа значи дека вампири су меџу нама?
Се испосмеав до дека ве читав женски. Ептен сте интересни со случкиве иначе јас нема што да кажам освен дека цел ден дува ветер па ме стра беше да излезам да не ме одува, па си седев дома и сакав да читам ама ништо па правев со внука ми новогодишни украси и убаво испадна. И така мојот неделен ден добар беше Ве поздравувам и гушкам