Gushkanjeto od edna majka i rakuvanjeto so eden tatko... srekna zavrsnica na edno semejno nedorazbiranje....srceto mi e na mesto...pak se site pod eden krov...
Недела - денот во кој ме мрзи да живеам... Секоја недела станувам во 11 - 12 часот и штом станам се чувствувам уморно, утепано и мрзеливо. Немам никаква енергија и цел ден би го поминала во лежење и безделничење. Дури се мразам себе си што во недела станувам толкав паразит. Во сабота сум полна со позитивна енергија, цел ден шетам, се дружам, на крајот се журкам и сите обврски ги оставам за во недела, се убедувам дека нема да дозволам мрзеливоста да ме надвладее и дека цел ден ќе го поминам правејќи корисни работи. Кога веќе се разбудам во неделното претпладне сите мои планови одат во вода зошто веќе се чувствувам уморна. И еве уште малку ќе дојде полноќ, а јас ништо немам ни почнато, а одамна требаше и завршено да биде. Сега чекам 00:00 понеделник да дојде па да си ги завршам обврските.
Луѓево зинати само за пари и моќ. Ехеееј чекај застани Човечноста си ја заборави,што ќе му е кога има пари. Ево вам парееее
Сакам да кажам дека ми се здосади од тоа да бидам секогаш јас таа која е разочарана, единствено што сакам е да седнам и да учам, и мислите да ги насочам само кон учење, бидејќи ми се здосади од луѓе кои ме повредуваат а ништо не сум им направила!Одам да учам, макар останала до сабајле
Од позитива на денот,денес ќе го издвојам макотрпното боење во боенките со внуците Па и сликички лепевме во сликовница,и правевме фигури од стиропор и самолеплива хартија. Ми го исполнија денот целосно што,додека боев се осеќав ко некој уметник,гледав да е се совршено,да не избегам од линиите со боењето. А тие двајца,стоеја до мене и ме гледаа со насмеани и невини очиња. Ете,не за џабе рекле дека ничија насмевка не се купува со паринајважна е онаа безплатната,подарената од срце и душа...
Добро бе..ако работното време Ви е од 8 значи во 8 треба да почнете со работа, такааа???? А не во 8 и 30.
СДК кога на непокварен човек му збориш за покварени работи, па мисли дека најновиот филм од Science fiction-Star Wars му го раскажуваш
СДК Кога ве интересира нешто на тема секс процесот на добивање податоци НЕ е: google-> femina.forum-> поставување на прашањето кое наназад во темата е најмалку поставено од уште 10тина форумџики...итн... туку: google-> прашањето-> читање статии и слично (самоинформирање ќе го наречам) е веќе во тој случај ако не дојте до одговорот -> femina.forum-> соодветна тема-> читање на претходни коментари (во случај некој претходно да прашал за истата работа) па ако нема веќе тогаш поставете прашање... Аман бе луѓе во една од темите буквално секој втор пост е од типот: "Имав анален, сега има крв. Дали е се во ред?"
Оваа година, за прв пат, дома немам елка, немам украсено ништо, ниту вештачки снегулки на прозорски стакла, ниту новогодишно чаршафче на маса, ниту венче на врата..изгледа дека ниту салветки новогодишни нацртани со елки или дедо маразовци нема да имам...ех, сега решив дека во новата 2018 година ЈАС ЌЕ БИДАМ ЕЛКА, МОЈАТА ДУША ЌЕ ЈА ЌИТАМ, МОИТЕ ОЧИ ЌЕ БИДАТ НАЈУБАВИТЕ ЛАМПИОНИ КОИ ЌЕ СВЕТАТ БЕЗ ПРЕСТАН... оваа нова година решив наместо домот, душата да ја очистам, оваа нова година решив да бидам моја, само моја.......
Добив комплимент дека сум личност со најчудниот карактер на свет. Не сум со најчуден,само навикнав да креирам таква слика(за мое добро). А не знаат тие,дека ништо не е како што изгледа. Не знаат колку сум лесно кршлива и емотивно сјебана,и нема ни да дознаат