Она кое останатите луѓе го нарекуваат ,, нова година,, е само достигнувањето на арбитрарната точка во орбитата на Земјата околу сонцето. Да бидам искрена, никогаш не сум можела да разберам зошто останатите луѓе и придаваат толку големо значење на новата година, и ја толкуваат како крај и почеток бидејќи времето константно тече, ништо реално не започнува и не завршува, дури ни според имагинарниот календар кој е несомнено само човечка креација. Не знам за вас, ама за мене ова е нешто што е сосема нормално, како и природен начин како нашата планета функционира веќе 4,54 билиони години.
Она кога наназад 10 дена си повторуваш "пфффф" кога некој ќе го спомне денешниот дочек, онда доаѓа денот и јас експресно бришам мијам усисавам, купувам црвен веш оти таква била традицијата, купувам куп играчки на малото и експресно ги пакувам под елка, купувам виски, печам месо и правам кифли и се тоа во неколку саати, накрај сакам да кажам да сте живи и здрави само, ако сте ќе можете се друго Нека ни е среќна новата а да ја испратиме конечно старата што донесе лошотии, многу лошотии и неверување. Ви посакувам Повеќе виски Повеќе водка Повеќе пиво Повеќе вино Повеќе пари Повеќе моќ Повеќе софри Повеќе друштво Повеќе свадби Повеќе долен веш Повеќе деца И Повеќе Секс.
Се разбудив со чудна помисла на песната од Здраво генијалци: а во новата што иде генијално ќе ни биде, генијалци среќно да ни биде. Не ја имам слушнато којзнае од кога. Цел ден ми е таков распеан. А сепак од вечер немам големи очекувања. Седење и пиење во тишина. И најверојатно тажно ќе влезам во новава година. А не сакам. Но, кој те прашува?
Еве и јас да напишам една suma sumarum за 2017 година.Цела година некако турболентна...Ги доживеав некои од најлошите и некои од најубавите моменти.Најубавите моменти беа матурата,уписот на факултет,првата 10-ка, свадбата на соседната, искуството и соработка со луѓе кои се професионалци во својата област. Од најлошите беа финансиската криза летово,растурање на друштвото (можеби подобро што секој си го покажа вистинското лице, посебно "најдобрата другарка"),и уште многу лоши моменти на кои не сакам да се потсеќам. Од 2017 научив: дека многу сум поспособна од колку што мислев,дека подобро е да имам двајца вистински пријатели отколку 10 лажни, научив многу повеќе за правото, воопшто многу повеќе за животот. Да наздравиме за новите почетоци
Штом цел ден ти е распеан,направи и вечерта да ти биде распеана и весела. И осмех на лицу во новата Убав помин,не претерувај со алхохол да не ти се врти новата година
Последен ден од календарската 2017та. За мене во глобала успешна и љубовна. Иако сите велиме дека ова е обичен ден, сепак енергијата е различна од обичните, навидум слични еден на друг денови. Семејства на куп, друштва весели, сијалички, свеќи, лампиони во сите можни бои, полни трпези, полни срца и насмевки безброј. Надежи дека новата бројка ќе донесе поголема среќа, повеќе здравје, личен напредок... И форумов деновиве е поубав. Постојано нови постови, опуштени дискусии, наеднаш темите се поживи, ликови кои поретко пишуваат сега ќе ги прочиташ со честитка и добра мисла до останатите членови... Тука дојдов по совет за работа. На почетокот без никакво форумско искуство, се стегав да пишувам, се плашев кој што ќе помисли и како ќе изреагира на моето мислење. Со тек на време некако успеав да се вклопам, за да денес, ако не го отворам форумов да чувствувам како нешто ми фали. Има денови кога е досадно, има денови кога е напнато, ама форумов е УБАВ! Толку многу девојки/жени на едно место, секоја со своја приказна, тага и среќа, животно искуство... Во најголемите маки на некои членови спремни сите заедно да подадат рака и укажат помош согласно нивните можности. Па има ли нешто поубаво?! Има ли поубаво кога на обичен пост во кој си оставил дел од своите проблеми, да добиеш пријатен муабет и совет кој може да влее надеж дека сепак е можно нешто да се направи ? Има ли нешто поубаво кога некој од овде ќе ти каже - тука сум кога ќе затреба? Нема! И покрај некои неубави работи, од вакви луѓе и дела забораваш на истите и се сеќаваш секогаш со насмевка на розевото виртуелно семејство кое пулсира 24/7. Среќна ви Нова Година на сите! Заедно да дочекаме уште многу бебиња, веридби, свадби, убави љубовни приказни. Заедно да бидеме и во не толку убавите моменти во животот на некои од нас, кои сакале ние или не, понекогаш се неизбежни. Ако не повеќе, убав збор можеме да најдеме секогаш за оние во неволја. Да сте здрави и живи, убав помин каде и да славите! Cheers!
Нова година, или само уште една измишљотина која мислам дека им значи само на луѓето кои купуваат кјут стики ноутс и навистина ги користат. Има ли такви? На сите други им е изговор да се опијат, да јадат и да трошат пари. Ако де, само на кој му текна ова да биде непишана општествена норма? Кој беше тој, I swear, I will find you and I will kill you. Дали ќе ме прогласеа за вонземјанин рептил ако не славев и кажев дека сакам оваа вечер да ја поминам како секој ден, заспивајќи во 11, reading gay fanfiction? Нов почеток my ass. Сите до еден ќе изиграваме #reborn до кај 12-ти, а после ќе се вратиме одново на истите ужасни навики. И тоа е во ред де. Сретнав некаде статии во стил Прашањата Кои Треба Да Си Ги Поставите На Крајот Од Секоја Година. Знаете, некои #deep работи како што научив, што постигнав, што ќе запаметам, што сум... Луѓе, вистинското прашање што треба да си го поставиме е... Дали вреди целава калакурница за до април да морам да ја шкртам годината на тестови? Среќен наметнат општествен притисок and Merry crisis!
Nemoj vaka, posle kade ke najdeme excuse da napravime ruska salata a pritoa nikoj da ne ne razbere deka sme rusofili? @Briar Rose
Е многу ми е тешко со мобилен на форумов, Дедо Мраз ако не е касно барем еден таблет ако не лап топ, за Фемина ми е Убав помин дечки и девојки, направете го она за кое што во иднина би рекле "А што ако"
I dodeka site zeni se banjaat, sminkaat, rastrcuvaat so sarmite po kuka, Nie doma se rastrcuvame po glavniot ventil za voda. Dobro e go najdovme, ja sopravme vodata e sega doprvo ke popravame cevka pa ako ima vreme ke se svetneme za docekot. Fala bogu sto na kraj na svetot sme pa ima vreme za da ni dojde redot i nie da kazeme Happy New Year Narode
Сакам да кажам ЗБОГУМ НА ОВАА 2017 ГОДИНА THANK YOU!!!! За неверојатната година Ќе ја паметам дефинитивно. Имаше и подеми и падови, али кога немало Помината во смеа, солзи, нервози. Секој момент за паметење И личности за паметење. Тој посебно Си реков дека веќе нема да пишувам за тебе на форумов, ама уште овој пат. Ветувам Иако не испадна личноста која ја очекував, остави големо влијание во мојот живот. Ти беше човекот кој успеав да го засакам после долго време. Ми се врежа во срце на таков начин што не сум сигурна дека ќе му дозволам на некој друг така. Беше човек кој ме засака мене иако ти беше страв да признаеш. Оваа година почна со тебе, мораше на некој начин и да заврши Се уште те сакам, тоа не е никаква тајна, ама морам да те заборавам Едноставно морам. Почнувам нов почеток за мене, а ти неможеш да бидеш дел од негo А настрана од тебе, ова дефенитивно беше МОЈА година Ако продолжам со ова темпо, 2018 ќе биде година на остварување желби Уште еден дечко ми фали и ќе бидам таман Ајде феминкиии нека ни е среќна новата година, со искрени желби за успех, здравје, љубов, пари и се останато на список ВЕ САКАМ
Сдк дека он ми е единствената до сега 00.00 01.01 желба која ми е остварена... ама остварена до јаја. И живее у се одржува и докажа дека е неприкосновена и вистинска Среќна нова луѓе каде и да сте...
Не можам да разберам и се прашувам дали е до мене, am I normal... Чему сите тие светки, нови алишта, кафани, јадења, пиења, пазарувања како да утре ќе нема, фрлање пари... Дочек на година, бе! ! ! За месец дена нема ни да памтиме кај сме биле... Ќе си дојде она кај и да бидеме... И џабе се потресуваме, ако не тргнеме од менување на сопствените навики... Џабе ни е и Нова година и век и милениум.
Здравје и љубов ви посакувам на сите во 2018. 2017 ми е и најубавата и најлошата година. Ме издигна,па пепел ме направи.Животот бил таков,а не знаев,не ми ги имаше покажано мрачните страни. Бидете среќни ако вие и тие околу вас се здрави,нема подрагоцено.
Уште неполни 4 часа до истекот на оваа календарска година. Ајде да видиме до каде ќе одиме со желбите. Интересно е што секоја година ги имаме скоро истите а сепак текот на годината е поинаков во најмала рака тотално различен. Еве предноводишното обраќање на Хорхе од лани и сега не му се разликува многу а тоа што го посака лани делумно се оствари оваа година. Заклучуваме дека не е се со желбите. Глупава работа што ја направија е во Скопје главен град на државава да нема прослава на плоштад со бина и пејачи. Тотално промашена работа, колку и да звучи хуманитарна. Хуманоста не се покажува со откажување на една прослава која се дешава еднаш во годаната за секој кој сака да дојде и нема можност да оди во 3 ресторани во текот на 12 саати. Ако тие 50 000 евра ќе им го смени животот на тие што ќе бидат донирани тие пари може да се издвојат од буџетот или од хонорарите на оние у собрание што седат а не да зе одзима од народот. Со ова има само повеќе незадоволни граѓани кои мора да седат дома пошо нема каде да одат. Во Охрид има.. во Скопје нема ... абе шо да ти кажам повеќе .. сам/а одлучи. Како и да славите, што и да правите, убаво поминете си ПозЗ3³ 2017®