Среќна нова 2018ма,многу убави и слатки нешта да не дочекаат. тазе сликано и не се туркате ќе има парче за сите во новата.
Среќна нова 2018 во неа ви посакувам многу здравје,среќа,успех на сите полиња мир во душата и по најмалку една остварена желба.
Не дека претходните години биле нешто спректакуларни, ама оваа ми е спектакуларно очајна. Ви посакувам на сите да ви биде среќна новата година.
Новата година не мора да ми донесе ништо, само ја молам да не ми земе никој! Среќна нова друштво форумџиско! Само множење во новата, никако одземање.
Среќна ви нова 2018 година Во оваа година на сите форумџики и форумџии им посакувам да им се остварат сите замислени желбии да ја достигнат целта што ја замислиле во оваа година. Се најубаво од мене до вас. Повеќе љубов, здравје и добрини.
Среќна нова 2018 на сите ви посакувам здравје среќа и исполнување на сите желби. Се најубавово во новава година и најубав помин вечерва.
Srekjna nova,mn zdravje ,srekja i mir na dushata, i ce ve zamolam nemoj da gi povtoruvate greshkite od 2017 vo novava god. Za vashe dobro, Koj patel znae Se najdobro
Оваа нова година си ја поминав домче со моите најсакани, прекрасна вечер, полна со топлина, и љубов Во новата година си посакав само здравје за моите најсакани, останатото ке си дојде само по себе.. Нова година од никогаш не сум ја сакала, ниту па сум ја празнувала, ми нема некое посебно значење, обичен ден ти била, повеке си ги сакам и празнувам бадник и божик, кога сите сме собрани, и кога кршиме лепче, кога куката е полна со љубов и смеа, кога на сите страни има насмевки на нашите лица. Сега слободно можам да ја испратам старата година и да и кажам конечно чао, и да си ја дочекам новата со нови, убави, срекни моменти и денови
Среќна Нова Година, и не си поставувајте превисоки новогодишни цели зошто ако се превисоки и не ги постигните - ќе се разочарате, а пак ако се прениски нема да бидат предизвик. Ставете нешто кое е во вашето поле на предизвици за да добиете вистинско задоволство и среќа во новата година!
Среќна Нова на сите форумџии. Со доаѓањето на новата нека ве обземе онаа енергија која ви е потребна за спроведување на сите ваши замисли, идеи, одлуки и употребете ја за спроведување на своите идеи и фантазии. И најважно од се е да бидете упорни во спроведувањето на сопствените идеи и интереси. Основата парола нека биде : "Во сивилото на секојдневието кое следува и коешто ќе посакува да ги однесе нашите најдобри и најубави идеи, ќе останеме упорни до нивното остварување. Остварете се себеси и своите желби
Светкајте дур можете. Оти, само кога ќе умрете, е, тогаш, ништо не ќе има смисла и ќe биде скроз небитно што правела рајата и што сте правеле вие. Happy, happy! Дур сум под влијание на руската...
Оваа година ќе биде полна со многу позитивни промени, чувствувам. Ви посакувам на сите среќа, здравје, многу љубов и полни гради надеж во Новата Година. Од убави работи да не куртулиме!