Горде мор, не ме гледај така накриво златна и јас тоа сакав да кажам. Не му е важно на светот што прави Озбилна, ама ете нова мода
Не мор не те гледам накриво, сакав и јас да си кажам Тоа е денес, се некои новитети, воопшто не потребни, на човека наместо други работи во животот да му се поважни, важно му е да објавува на секое што прави...
После толку време, тек сега освестив дека имам некој постстудентски синдом. Од време на време си одам во тоалет, си седнувам на затворена школка и си читам книга. Рандом релаксирачка книга или каква год. Не знам зошто, така ме тера. Тоа го правев додека студирав. Најтешките глупости за учење така си ги учев. И ај сега?! о.О
#PrayForSerbia #PrayForBosnia ОК, значи навистина ми е жал што се случува во моментот во Босна и Србија, но да размислеме и да го вратеме времето малце наназад. Се шеташ по улица, нема канта, фрлеш на улица, ти е гајле, што еднаш е тоа, не штети мн. Во школо голем одмор. Си купуваш сендвич и седнуваш на клупата покрај градската река (кај нас школото е одма до реката) и те мрзи да станеш да ја фрлеш во контињерот што е на 5 метра од тебе,и фино лепо ја фрлаш зад тебе. Ехх, за една книшка ке се мачам да станувам. Ништо не е за една книшка. Се ближи Зима. Татко ти и уште 2-3ца другари се собрале со некое комбе и одат во планина да сечат дрва, нели домакини човеци. ОК де, неколку дрва настрадале, нема светот да пропадне за 2-3 дрва. Идеш на 1-ви Мај, правеш скара, јадеш, пиеш, играш,уште што не`, после стемне се, ништо не исчистеш, остаеш се така, и одеш си. Ехх за еден пепел, за неколку книшки и шишиња ли ке се случе нешто? Ништо нема да е! Зима е. Гледаш од сите куќи по еден оџак максумум чуре. Улицата целата е чурава дури не се дише нормално ако не си го покриеш носот со ракавот или блуза/палто. И сега кој е крив? Ние, луѓето сме криви за поплавите и сневогите во Мај! Наместо да има сонце, да шетаме по мајци, јас пр уште носам палто, а понекогаш го облекувам и палтото што го носев во Зимо. И вака ни треба! Сега природата да ни врати што и` наштетувавме цело време! Малце да ни проработи совеста. Многу забораваа дека еден ден може да ни се врати со полошо! Колку пати другарка ми од рака ми ја има земано книшката и ја има фрлано во река.. Таа мисле дека ми помага на мене да не станам да се “помачам“ да ја фрлам книшката во канта.. Еднаш дури и кажав за тоа дека не е во ред, но накрај излегов еко будала Ако, нека недојде бурата и тука, да сфатат луѓето кај грешеле. Тато секогаш ме има учено да не фрлам ништо на земја. Што треба сите деца уште од мали да се учат така. Ама многу деца на моја возраст се толку сиромашни, што родителите само пари им имаат дадено. Многу ми е жал за нив! :/
This made my day! Што се нема по светов, се ќе видиш богами. http://www.americanindian.net/worldinpictures.html
Можно ли е до толку да ми е уништен денот? А ништо посебно не се случи.. Е како не бе. Ќе се онесвестеше на сред соба мори Лајтнинг! Да! Тоа ќе ти се случеше. Можеше и да умреш, уште што ли не. Ама ти, си го тераш инаетот, не одиш на лекар. Епа не оди, не мораш. Но, што ли може да ти се случи без да знаеш? Си се запрашала ли некогаш?! Да, знам. Секој ден се прашуваш каде оди животот, но, изгледа никаде не оди. Си стои во место додека сѐ друго се руши. Е тоа е твојот живот. Ти не ме слушаш мене, твојот ум, туку го слушаш оној откачениот, Срцето. А што ќе стори тоа Срце? Ништо убаво. Поради него ќе заглавиш некаде, а ти пак си го слушај. Ако не ме послушаш мене, ќе пропаднеш. Сфаќаш ли?! Кога ќе сфатиш веќе? Изморен сум, премногу. Нема да чекам веќе. Направи го правилниот чекор, избери подобар живот. Не е тоа за мене, за тебе е!
Почнувам да наликувам на времево... испомешани емоции, слонови во стомакот за без причина. Незнам што ми се случува. Некогаш депресивна за да се врати летово, некогаш сум пресреќна... ама без лето. Зошто најубавите моменти ми се случуваат сега, а не во лето... уствари чекај, можеби поубави ќе бидат во лето. Ајде, малку оптимизам да му дадам на постов. Имајте убави денови и уште поубаво ЛЕТО!
Сличноста помеѓу Македонец и штрк е тоа што и двајцата се без денар во џеб, секаде шетаат ,знаат да летаат повремено и живеат ептен на висока нога
Донирајте за Србија и Босна. Еден ден и нас ќе ни треба помош. http://donate.org.mk/index.php/mk/donat ... 7-06-15-31 Скратете едно кафе и донирајте. Бидете луѓе.
Крај, не сум јас лотарија. Ако не ме сака, зошто да се зафркава со мене? Мајка ми и тако ми не се труделе да ме израснат за сега да може некој да ме повредува! Нема веќе да дозволам да ме повреди или да не се однесува со мене како што доликува. Демек порасна, па изиграва срцекршач, мугле некој. Ако не па, нека оди по ѓаволите, а јас ќе одам упм. Долго време бегав од очите на вистината, не сакав да ја видам реалноста.Ми требаше само еден разговор со другарка ми, ми рече дека не и се верува дека јас сум дозволила да бидат третирана лошо од едно момче, тој зборува како сака со мене, јас пак попуштам „Тоа ли е ColoursOfTheRainbow? Кога некој те сака ќе се познава...Да сум била јас на твое место веќе ќе било готово и ќе сум го мразела.“ ми рече. И тука се замислив. Па тој можеби не ме ни сака, кога не паметам кога последен пат сме се виделе, кога се срами од мене, кога неговите другари ми кажуваат за него велат „Твојот бивши“, кога ме гледа само како предмет со лик, како да му верувам? Бев трпалива и чекав, ама ова вака веќе не оди. А за прв пат сум се зближила со машко, затоа и толку боли, не бива со него, ама не бива и без него. Ставам точка на депресиите од него. Утре ми е роденден, имам на што да се радувам, а вечер го славам. Добро чувство имам во врска во вечер, дај Боже да сум во право
Направив една драстична промена на мојот изглед. Сега сум плавуша. Ама не плава-плава, туку светло кафеава, накај плава оди. Се надевам разбравте. Утре или другиден ќе ви објавам и слика. Па сега со ваква промена, физички, би требало да се променам и како личност. Кон полошо. Топло-ладно сум, еден момент се радувам на бојата, еден момент ми доаѓа да плачам. Воедно убав ден ми беше, цело време ве очекување. Па со недели ја мислев бојата каква ќе ми е, вечер мирно ќе спијам.
Ах море Папи..какви слонови,лета..ти да не си заљубена? :geek: :geek: Спојлер Лето да не е тајното име па ни го спомнуваш?
Значи 5 минути неможам да бидам сама дома,да осетам слобода малку а не да ми се мава некој у ходник додека правам муабет на телефон и да не можам слободно да се искажам . Незнам дали сум единствена овде што неможе да го поднесе сопствениот брат,не е ок да зборувам ама барем овде можам да се искажам,значи мајка ми и татко ми се мачат и работат и јас исто а овој се однесува како дете а има 29 години и несака да бара работа оти нејќе некој да му изиграва шеф,ок,имаше повреда на раб место ама неможе цел живот со тоа да се правди и да бара пари од татко ми за излегување,ете го надвор си ја гланца колата.Друга причина што ме нервира е што имам еден тон комплекси заради него,заради неговото дерење,неможам и ми е страв да разговарам со некои не толку познати луѓе плашејќи се дека ќе ми се смеат или ќе ме игнорират,потоа чувството на помала вредност бидејќи никогаш во животот не сум слушнала нешто убаво за себе туку само критики,гледање попреку,навреди,закани,од него,никогаш не ме прегрнал или поддржал во нешто,дури имам страв и да излезам во јавност со дечко бидејќи последниот пат кога ме виде ми забрани да бидам со него поради верата,нели он голем патриот,а го сакав и веќе нема ни да се заљубам во никој,дома неможам да се издишам како цело време да ме прати,како да ме гуши,неможам да го гледам,не се осеќам слободна,не се разговара за ништо со него,а камоли за дечковци или девојќи,пропуштив некои шанси од страв да не ме гледа со нив,некогаш знае за обична глупост како несакајки трескање на врата да ме нарече со погрдни зборови а јас осетлива,а со сосема трети луѓе се одбира зборови да не згреши нешто дури,ептен фин и добар го сметаат ама јас дома си знам дека не е така,цел живот е така како да ме мрази што сум се родила,сите браќа ли се такви или само мојот?
Во последно време многу ме нервираат оние разлигавени, млитави и маломозочни девојчишта, ама ептенн! Насекаде ги има, на улица, во автобус, а на фб највеќе! Вчера една во автобус на цел глас збореше со тоа дечко и, и се караа зашто се дружела со некоја си таму, и оваа абе срце не се лути, знаеш каква е, нема лоша душа...дрн..дрн Е не можам да ги смислам, ам никако А за на фејсбук па да не збориме, лајкуваат и коментираат на слики на момаци кои не ги ни познаваат, само зашто имале лепота, абе што да ви кажам...очајни сте!! Повеќе самопочитување не е на одмет..ај пријатно
http://vimeo.com/95542292 Нека им е со среќа, кај сите да се враќа http://www.kurir.mk/magazin/scena/15845 ... s=og.likes
Само јас ли имам вакви интересни моменти со дедо ми и баба ми? Верувам дека не сум единствената која сака да гледа зафрканции од страна на дедо ми, а се индиректно упатени кон баба ми. Таа се прави демек не се лути и не слуша , дедо ми продолжува и се смешка под мустаќи, јас се смеам, се додека баба ми не се налути толку многу и не почне да му вика, а дедо тек тогаш почнува гласно да се смее на цел глас, јас заедно со него, а баба ми "ифрит" лута. Е, ова ми го продолжува животот. Да ми се живи и здрави уште сто години. Многу знаат да ме насмеат, ама што да правиме кога баба ми е лутка и не знае да прифати шега, а тие луѓе се најинтересни за зафркавање. И кога ќе се спојат една таква лутка и еден зафркантус од прва класа, добивате домашна комедија.
Е така ти е во животов оди ваму,таму,навака,натака-да се преживее и еден ден на децата барем една соба да им остамав ако не повеке барем тоа да го имат свое. Така ти е кога немаш свое се надеваме еден ден ке ги имаме основните работи,барем тие да бидат лично наши Тато ме учеше со господ напред и позитивност во животот до саканата цел. така,ајде со убаво па здравје може гирл мири и нејзиното семејство(мм и малата)наскоро да имат повеке од една соба со господ напред!.
Сдк денес ми беше и тажен и среќен ден во исто време. Им помагаш на тие што немаат и среќен си дека барем на некого малку ке му олесниш а тажен си затоа што толку луѓе изгубиле се што со години граделе. Препоносна сум на тоа колку луѓе се собраа да помогнат за толку кратко време. СССС