Јас ова го напишав, затоа што секој не гледа да е среќен со тој што го има, бидејки еден од партнерот гледа да е поамбициозен и ги следи своите успеси и достигнувања, и затоа решава да ја напушти жената, или пак жената е поуспешна од мажот и она решава да го напушти, сега тоа може да биде и за дечко девојка ако се најдат во некоја таква ситуација и затоа велам дека понекогаш мажот треба да ја следи својата жена или жената мажот. А ова го напишав бидејки гледав еден филм и ете мажот ја запросил жената но се исплашил и побегнал, но потоа сфаќа дека згрешил, и се врати и ѝ кажа дека ќе се откаже од се друго за да бидат заедно. Сега колку сум објективна, не знам но тоа е од моја гледна точка.
Во новата година ви посакувам добро здравје, љубов за осамените, радост за тажните, дечиња за оние кои посакуваат да станат мајки, љубов искрена која се помалку ја има, среќа во вистински миг кога ќе ви биде навистина потребна, убави денови, патувања, пари и успех. Среќна нова година на сите.
Сакам да се пожалам дека дадов отказ на 31.12 2017. Феминки ако имате некаде идеја за машко да се вработам на 34 години пишете да не седам дома Фала такоџе
31.12.2017 беше еден од најдобриот дочек во изминативе 6 години. Одамна не сум прославила толку весело и исполнето со луѓе кои те сакаат. Баш е прекрасно чувството да се чувствуваш добро во своја кожа. Среќна на сите 2018 год.
Форумов е само за Нова Година обединет. После Нова Година назад во рововите. Јас веќе ви поклонив календарче од Иван Исцелител со честитка така да, веќе ви честитав.
Ме имаат видено како давам благо на дете за десерт чат пат а и смоки. Знаат давам а знаат и пазам која фирма. Ама луѓе бе.. 23 чоколади од 100 гр, 15 од 300 гр, 10 паковања мини севн дејс, 8 киндер јајца и уште толку киндер чоколади, ресани за рефус да продавам имам дури, смоки еден тон, крем банани 2 кг, дедо мразовци 8 па ај не само големи и 4 мали. Дали сте бре нормални? фала на вниманието ама што јас да правам со сево ова благо!? Сте запазиле и фирми, фала и за тоа, ама кај може дете од 15 месеци се ова да изеде!? До петти роденден има благо..
Среќна Нова 2017 . Здравје и радост во истата. Туку вие со петардите знаете дека успеавте некој да исплашете? Знаете кој ? Бебе од 17 месеци. Те тоа мало детенце на секое пукање трчеше во моите нозе и викаше бам . А и баба од 70 години исплашивте. Мојата мајка која на секое пукање подскокнуваше. Не можам да сватам колку ли глупи луѓе има оваа дојчландија толку ракети и петарди испукаа. А зошто бе? Ме тровете и мене ама најмногу себе. Што ви е толку интересно не ве разбирам стварно.
Како си поминав за Нова Година? Па убаво... Добро, лажам, прекрасно... Мала група од 6 луѓе кои сум ги запознала пред една недела, со фенси канапеи, Австралиско црвено вино од 2 евра, гласна музика и многу денсање... Во непознад град, непозната држава, а толку како дома... Толку голема разлика во менталитет и околина, ама и не во душата... Додека стоев во дворот испод дождот од огномети, на почетокот со сите, а на крај и сама, си се фатив себеси како окезена од шестка до шестка, плачам ко будала, и си го поставувам моето омилено прашање, каде сум и што правам? И за прв пат се запрашав од убаво, а не од лошо. За прв пат си помислив дека оваа година можеби ќе биде почеток на нешто убаво, осетив надеж... И додека седев сама и зборував со мајка ми на телефон, плачејки наравно, некој дојде, ми ги избриша солзите и ме повлече за рака... Очекувано, ама и неочекувано, ако ме разбирате... Да отидеш на друг крај од светот, и да најдеш некој со кој мислите ко едно... Ама што знам па јас...
Should I even be proud? Јас пред пет години да се сретнев сега немаше да се препознаам. По некоја случајност, уште пред да ми стигне нотификацијата, гледав стари видеа од мене како се глупирам. Реакцијата на нив ми беше: This took a weird turn, подобро да го завршам мислењево. Кој од вас може да се пофали дека на 10 години коментирал турски серии на форум? Кога велат луѓето дека технологијата го уништува човештвото, веројатно на вакви примери мислат.
Јас се плашам т.е. ждимкам од секок балон што се пукне, а пак за петарди и да не зборам мош ќе подскокнувам ама на големо. Среќа не ми се случило оваа година да бидам некаде каде некој би фрлил петарда блиску мене, доста ми се балоните што пукаат.
Стигна 2018 година ! Ви посакувам и тука здравје , љубов , среќа , успеси и многу секс во наредните 364 дена ! За себе ќе побарам само здравје , љубов и трпение ( затоа што со ова темпо на нервоза некого ќе задавам ) а се останато е минливо . И ќе побарам од Бог , нека не избави од страшнава епидемија на канцер . Пред само 10 дена почина сестрата на свекрва ми од канцер , два дена по неа моја баба , денес комшика од маало ... Здосадено ми е да гледам дечиња како страдаат од болка поради оваа ужасна болест . Здосадено ми е да слушам дека секој ден згаснуваат млади животи поради оваа сурова и гадна болест . Бог на сите нека ни е на помош . За оние кои веќе починале , нека почиваат во мир , и нека сјаат на небото посилно и од месечината .
Добро утро. Размрсулавена, никаква, сакам да ве читнам, ама немам концентрација. Не знам ни што барам на работа Ми недостасуваат моите луѓе. Некој од љубов, некој од мака, не се тука. Тешко ми е периодов искрено. Дома сме комплет и тоа ми е единственото убаво. Да беше надеж како некои трошки леб, храна, некој вид овошје, па ги собираш ситните во едно големо топче, го голташ и оздравуваш. И така магично, твоите луѓе прават топчиња надеж, а ти здравееш. Хах. Во ташна собрав мандарини колку што собира, мирисам на мандарини. Го обожавам мирисов, може треба да побарам некој сапун со мирис на мандарини, органски по можност. Сакам кажам, не знам речам. Ми се прави муабет, ама сама сум утрово. Го оставив и кафето
Донирај нешто в дом за деца без родители. Ним не им е важна количината што ја имаш добиено ним им е важна длабочината на гестот. Ним и едно од тие чоколатца ќе им го смени денот на подобро и обои лицата со најискрена насмевка,а тебе џабе ќе ти поминува рокот на тие благца.Само сугестија на твоето прашање. т.е. јас тоа би сторила.