Домашната(домската)средина,однесување на возрасните(старателите/воспитувачите) и воспитувањето на детето ќе направи од него или човек или животно. Жалосно што превагнува кон второво,но вистинито. Донирајте,волонтирајте во такви средини,центри. Бесплатно нешто што вреди повеќе од сето материјало. Тие мали лиценца,насмеани весели,како може некој да ги оставил во дом. Љубов,прегратки,бакнежи бесплатни нешта што вредат најмногу и најбргу го разубавуваат сечиј живот особено детскиот . Дарувајте нема да осиромашите,напротив повеќе ќе се збогатите во душите.
Да си ги чувате оние пријатели кои за вас знаат секогаш да најдат време, макар и 5 минути, без разлика колку имаат обврски или се мртви уморни.
И кога се успешни, не сакаат и другите да бидат како нив или над нив. На луѓето најчесто им е полесно 'да те тешат' кога си во кал до гуша, отколку да ти го признаат успехот до кој само ти си знаеш како си дошол.
Феминки и феминци ви посакувам новава 2018 да ви трепка и да ви биде најјака ко светилкиве на новогодишните елки.
Драги фемини и феминци, нека новата 2018 ви биде нај среќна, исполнета со многу здравје, љубов, среќа, пари. Среќни празници на сите!
Викаат што правиш на втори, ќе правиш цела година. Па јас си земав слободни денови и денес спиев до 14.30.
Велат тоа што ќе го прајш првиот ден од новата година, таква ќе ти биди цела година. Јас лани ја дочекав надвор од Македонија па цела година немам мрднато од Битола. Така да прајте тоа што ве прај среќни. Не се водете по некои правила и суеверија. Среќна нова година со мало задоцнување
СДК ме нервираат луге кои најлесно им е за секоја ситница друг да им заврши работа. Од превод на мал текст до купување лек од аптека, резервирање карти, отварање мејл, а цел ден дреме по ФБ и пофоруми на тема шминки и облека. И после демек они многу снаодливи биле оти "истрчкале" да им се заврши работата. Голема работа нема шо!!! Ааа да, уште па и дури јас и отварам мејл и и покажувам како се бара смештај на аирбнб за друг пат да не ме замара она си штрака ладно на телефон и ми вика а бе плати ти јас ке ти дадам пари
Ogromen procent na luge ne sakaat da bides pouspesen od niv na bilo koe pole,biznis,ljubov,ubavina,skolo i t.n. zaradi nivnite neuspesi. Lugeto od takov tip imaat ego da sozaluvaat nekogo koj e postojano na rang so niv ili ispod nivniot rang. Se sto e pouspesno od niv go gledaat so prezir ili zavist. Toa deka ke se raduvaat na tugite uspesi samo vo bajkite moze da se sretne. Zatoa sto megu coveckiot rod vlezen e gavolot.
Животот на една мајка.. Испери, закачи алишта, сортирај и подреди, оди зачисти секаде, усисај теписи избриши прашина и заврши на крај во кујната да исполнуваш 5 желби, за деца, за маж и за тебе плус храна за работа измиј садови и среди ја кујната, се ова зачинето со менување пелени, плачење и рикање, мрсули и солзи, бањај облкај соблакај и играј ко некој кловн за да го нараниш и на крај славиш нова година со 3 чаши виски истргната на столот оти те болат нозете и очите ти се заклапаат ама додека иронично ти се спие пушташ песна и пееш на сет глас и си викаш нека иде животот иоанака е курва. Нишкаш бебе 1 час за да накрај се буди и буди и пак и пак нишкаш кога заспало време за спиење останало цели 2 часа спиеш како на игли и експресно пред алармот се будиш за работа.. ти се спие, ти се повраќа, крвави очи, се мразиш себе си.. набрзина си миеш очи се пласкаш со млазови студена вода пиеш кафе и одиш на работа.. таму ти викаат побрзо побрзо и побрзо. Ооооок. Се враќаш и иста песна јово на ново ја пееш, сакал не сакал никој не те пита. И така секој ден... Кога ќе се свестиш си наполнил 50 и више не си за ништо и никаде и после се прашуваме зошто канцер, епа зошто?! Зар?! Не утепаа, животот не утепа, не е веќе ништо исто ниту светот ниту планетата ниту луѓето! И не нема никој да се освести се додека се во прашање личниот профит, моќта и парите!
Денес си купив нешто. Ко прав Влав на Игнат си купив евра. Ко на вицот сум... Тој што глуми магионичар на 01.01 со само што дојдена нова година во 00.20 да оди да крши јајца со конци пред врата кај моите пичка ли му матер, што му била намерата пута 10 да му бидне. Болесници...
Знаеш дека си влегол у излишна дискусија кога некој ќе употреби „аргументи“ од типот - „Ама знаеш, мене ова-и-ова ми се случи“, „На моја комшика и' помогна (вметни надрилекарство)“, „И јас не верував, ама после таа-и-таа бабина деветина, сигурен сум дека има нешто“... Затоа што лично, субјективно и ирационално искуство е појако од разумни, објективни факти, секој можен пат. Спојлер: ON A COMPLETELY UNRELATED NOTE Ја мислам дека е ова добра работа, а не нешто за срамење. Од друга страна, ако некој има буквално исти, непроменети ставови и размислувања за се', после 5 или 10 години, е тоа е нешто за што би требало да се загрижи.
Луѓето, да не речам овие нелуѓето кои не знаат да се радуваат на туѓиот успех, односно не го ни посакуваат, се оние кои само сакаат да поставуваат правила на живеење, да глумат идеали и да немаат ништо реално зад себе. Затоа јас велам секогаш дај те им да мислат дека немате ништо, дека се повеќе од вас за да уживате во попувањето и потценувањето кое ќе ви го сервираат каде и да ве видат. Ќе уживате во нивната претстава смеејќи им се во себе, а успехот ваш секако на вам ви е најважен, па што ќе ого споделувате со нив... Бидете лажна жртва која нема ништо и уживајте во мизерната претстава која ќе ви ја приреди секој втор позаник кој го имате....
Ако во некој контекст пристигнувањето на нова календарска година има симболично универзално значење за сите, без разлика колку сме (не)емотивни, повеќе, помалку или воопшто не еуфорични за празнициве - тоа е дека векот и годината во кој се наоѓаме треба да ја покажува староста на цивилизацијата и зрелоста на човештвото и човековиот менталитет. Како човечки и човечни битија со чувства и вистинско вреднување на приоритети, си посакуваме (како и постојано во мислите впрочем) најпрвин здравје, па потоа и општа среќа секому по мерка - љубов, успеси, пари. Е, така треба да си посакаме како човештво напредок на вистинските вредности и идеали - и сите да почнеме од себеси, па и колку што можеме да влијаеме и да ги коригираме другите во истото. Повеќе грижа за средината и за планетата, научни достигнувања и откритија, мир и еднаквост како највисока вредност меѓу луѓето - а не верување во смешни и заостанати решенија на секакви проблеми, апсурдни теории на заговор, разни поделби меѓу луѓето и навикнатост на привилегии наспроти рамноправност. Затоа што, тоа е тоа што значи 21 век...
За малку автобус ќе ме однесеше, да направев чекор два од тротоарот на улицата, среќа не се посегнав, срцето мислам ми застана, си велев можев да одлетам. Но не сакав тоа да кажам туку друго, не знам колку луѓето се среќни со тоа што го имат, и со тоа колку можат да бидат сакани. Не знам за другите како можат да завидуват на друг, тоа не ми е јасно, јас можеби немам се што сум посакала или немам тоа што имат одредени личности, но внатре во душата се чувствувам како да сум богата, како можам да го имам целиот свет под моите нозе, се чувствувам како да имам сѐ и ништо не ми фале, на некој начин во одредени моменти се чувствувам исполнето, можеби одредени личности прават да се чувствувам сакано, да се чувствувам убаво, во секој гледам нешто добро колку и да е скршен, повреден, колку и да е груб или лош, секогаш наогам причина да го оправдам зошто тоа го прави, иако тоа е само мислење, иако немам никаков контакт, но сепак за некои личности нема оправдание.