Она кога случајно ќе начекаш серија по твој вкус, а главниот лик е во слична состојба како твојата. Се приврзуваш за него, се радуваш на успесите, плачеш на падовите, едвај чекаш да гледаш епизода за да видиш како ќе постапи во одредена ситуација, се тешиш кога ќе најде излез, го гушкаш екранот, едвај чекаш да бидеш сам за на раат да си гледаш...и одеднаш доаѓа последна епизода од последна сезона... После бараш интересни факти за серијата...Податоци за актерот (каде се школувал, омилено јадење, кое му е прво милениче), bloopres и behind the scenes од снимањето, инспирација на режисерот...Ќе погледнеш се со големо внимание и....
Ќе зборат возрасниве во нивно време образованието било.подобро, тие повеќе учеле, ќе зборат и како развојот на технологијата им го земал умот на младиве кои веќе немале интерес за ништо освен за зјапање во телефон и штракање по тастатура. Ама сфаќаш колку само самите немаат поим од некоу работи кога кажуваат дека не веруваат во наука и научни факти и дека за нив решението на проблемите е во бајачки и гатачки... Си се прашувам, вреди ли што се нафатив да студирам природна наука?
Од што медицината ни е современа и технологијата унапредена. Цел месец стресови и нервози,еден тоа ти е,друг тоа ти е... Јанко ми вика кил имаш,Петко ми вика тумор имаш,Станко ми вика ти готов си операција мора. Боли корне и ми здосади веќе од врата во врата да се шетам. Завртев еден телефон иако во животот помош не барам од никој но мораше. Одам во болница на преглед и му кажувам на докторот вака,вака,вака ми рекоа. Дај да видиме што имаш,ме прегледува,боли вака,боли така,ги гледа наодите кај што претходно сум бил. Ме гледа и ми вика: Ма дали се тие нормални!!! Имаш истегнат мускул и тоа е тоа. А тоа кесата со снимки,и врагови во канта да ја фрлиш,еве апчиња,и маст купи ги и полека треба време да помине. #21век#се отидено у пм#делириум#пари#мито#појма да се немало#сите се индијанци бе#да ви се мочам на тоа дипломите.
Кога повозрасна жена ќе рече: - Младиве ко од мочка да се правени. - Неписмени ни останаа децата, една книга немаат во животов прочитано. - Не ги бива за ништо. Не бе златна, не се сите деца исти, зависи само какво им е домашното воспитување. А, гледајки те тебе, што гледаш и прераскажуваш турски серии, што во канцеларија рокаш турбо фолк и играш, што во секоја реченица имаш сочна пцовка, знам и какви деца имаш и зошто така збориш.
За жал, бројот на млади кои читаат книги, знаат како да се однесуваат и се свесни за она што го прават, се изедначува со бројот на оние спротивните во текот на годините. Навистина е тешко да се прифати таа реалност. Посакувам да можев да сторам нешто... Среќни празници на сите членови на Форумов. Ви посакувам се' најдобро.
Сакам да кажам и Парис Хилтон кажала ДА, ептен се израдував од сабајле кога прочитав. Девојчето како беше заодено не знам дали ќе ја земеш некој уште малку
Читам темава за митови и легенди и не ми се верува дека некој толку се соживува со форумов. Им фалеле ликови и никови, па каде е оваа каде е онаа па истраги чуда, двојни профили. На форумов сум од 2011... од тогаш ни со некој сум се спријателила нити ме интересирале форумски кланови ни дали Серафима ставала лажни слики, во последно време дури ни мислења не читам по темиве ко порано. Случајно забележав 2 3 членки што ги знам во живо, нит сум им пишала ни па негде имам кажано за никот нивни на форумов. Фала ви на тие 50 членови што сте најактивни без вас Фемина форум не би бил тоа што е, ама дека се претерува ко форумов да е којзнае што се претерува.
Не ми е јасно зошто во филмовите, црната мачка на вештерката најчесто се вика Салем? Тоа е исто како некој Евреин да го нарекува кучето Аушвиц ...
Каква е оваа Македонија и какво сме тоа ние племе Балканско... Ние, и сите околу нас, од комшиската Србија, Босна... Како, КОГА ни има застанато часовникот??? Пред колку века??? До кога ќе кажуваат други за трети што да прават, како да прават, како да постапат, добро ли постапиле или не, до кога ќе се интересираат за туѓи среќи и маки... КАКО се дрзнуваат воопшто, бе, да ти влегуваат у животот директно или индиректно? Па мизерија !!!
Се согласувам потполно! Имам и свои примери од личности кои не сакаат да престанаат да озборуваат и да ми се плеткаат. Ама тоа е што да се прави. Очигледно е дека не можат да се променат. Јас би рекла, воопшто не се замарам! Поздрав.
Премногу внимание обрнувам на иднината заборавајќи дека живеам во сегашноста. Неретко се фаќам самата во ситуација каде размислувам како ми зависи расположението од отсуството на некои личности. И ова трае и трае... Некогаш е подобро за два дена, после пет дена е уште полошо. Кој идиот сум и јас, будала невидена. Ќе дозволам некој друг да ми диктира како да се чувствувам секој ден, како не! Џабе наивност, џабе толеранција, најдобро е да си правиш најубаво прво на себе, па после на другите. И онака никој нема да посегне прво по твојата среќа, па по неговата. Дека ми фалат луѓе, ми фалат. Ама дека можам без нив, можам и тоа како.
Сигурна сум дека и порано оние што читале и се образувале не биле мнозинството. Истото што го кажувате за младината и јас можам да го кажам за старината. Најголем дел се доста неедуцирани, многу незапознаени со купишта работи, а и мудростите не им се многу оригинални. Возрасни луѓе што читаат книги знам околу тројца, ако не го сметам професорот по македонски.