Оваа година посакав во 2018,да има повеќе мир,помалце бездомници,помалце глад,помалце сиромаштија.Повеќе љубов,дружба,среќа,радост.
СКД добро со слики од детето од секој можен агол не да се претерува,се зајдува од претеризам. Па јас да сум тоа дете ко ќе пораснам ќе барам да ми се обештети сериозно нарушување на приватноста. Знам дека висока цел е репродукцијата и величање на производот од размножувањето,но добро бре луѓе не сме сите создадени да се размножуваме и да бидеме ко сијамски близнаци со производот наш од размножувањето. Има и други сегменти од живеачката сем детето и сликањето на него во сите можни пози. Слатки сте знаеме.
Мислам дека веќе ништо не ме допира, ништо не ме боли, за ништо не тагувам. А сакам да ме боли, не од некои мазохистички причини, туку сакам да знам дека сум жива.
Кога ќе ми се јави некој на телефон и почне да ме прашува само што прават децата, како се, јадени, спиени, прднале ли, ждригнале ли, па дај пушти слика да ги видам, а не ме прашуваат мене како сум (јас небитна), ми иде да спуштам и да станам недостапна. Мислам, ок е, прашај како се, ама немора само за децата да се збори секогаш кога ќе се слушнеме. Кога ќе седнеш на кафе, иста песна, па уште и другата страна дете кога има, па се почнува со муабети од типот, ние какавме, ние извадивме заб, на нас ни е роденден уште малку, ние несакаме во градинка да одиме. Ок, и мене децата ми се центар на светот АМА нормален муабет сакам да направам, деца несакам да ставам у секој можен муабет.
Убаво би било кога секој човек ќе може да се види себе си со туѓи очи Само тогаш ќе може да се осмели да суди на останатите
Ќе кршиме погача со паричка на работа, ги обожавам празнициве, барем на едно 5 минути секој ќе ги заборави своите грижи што му го мачат срцето, и му тежат на душата.
Кaкo пoмaл кoгa живеев вo згрaдa, ептен ми беше нa некoј нaчин creepy кoгa ми дoaѓaa кoледaрите. Нaдвoр темницa ништo не се гледa, a ти слушaш ехo oд групa тенки глaсчињa кaкo пеaт и сè пoвеќе ти се дoближувaaт. Сегa кoгa ќе се нaврaтaм нa ситуaцијaтa вo кoјa бев... убaв стaрт зa хoрoр филм.
Многу лицемерие по родниниве,многу. Од странство се зажелеле да ме видат по прв пат,а овие тука на 5минути од нивни газ до мој газ на фејс по едно здраво,среќни празници,милион лајкови. Све е тоа лицемерие. Нит сакам да ме гледате нит да ме лајкате,туку да сте луѓе на место,да ми е ќеиф да ве видам-посетам а не со сто боцки во газ дали да се јавам да се најавам дека сакам да ве видам(и тоа не мора дома да ви идам,може и некаде надвор,да се видиме).
Ништо не е исто како порано. Знаете, се` е сменето. Сменети се времињата. Тешко е да се успее, да се твори. Да се остави трага дека сме постоеле, дека сме дишеле со полни гради. -Тоа се нашите толкувања, нашите изговори. Поточно кажано, нашите самосожалувања. Нашите петна, ако сакаме муабетот да ни има патина. Дури и постарите не` залажуваат со муабети од типот: „Во наше време се` беше полесно!“ Но дали е навистина така? Дали сме токму ние децата на изгубената генерација? Сакаме да креираме животно дело, а се плашиме од критики. Зошто да не бидам јас таа која ќе рече „Можам јас!“. Еве можеби не толку прва, но една од нив. Зошто мора да ја чекам тетката на шалтер да се дојаде, да си го допие кафето, да се доиспосе*е, па тогаш да ја заврши мојата услуга? Норми и правила? Бон тон? Се` е деградирано, и жалам за тоа. Јас денес ќе се насмеам на тетката на шалтерот, зашто таков е животот. Ќе изустам благо „е*и се!“ на излегување, но пак ќе и се насмеам. И знаете што? Да го немаше тоа лицемерие, светот ќе беше поубаво место за живеење. Анархија во граници, но Јас ќе имав животно дело за кое ќе се гордеев.
Не сфаќам како некои луѓе можат да имаат сосем спротивни ставови и навосно знаења за нештата од она што го вели науката, а притоа очекуваат другите само да ги прифатат нивните „мислења", то ест, да не ги критикуваат. Вистинит и докажан факт не е свое мислење, во ред?
Оние кои управуваат со копчињата, apparently, се осумгодишни деца. Со среќа нека ни е на сите. П.С. Така е, #LoveWins
Многу сакам да заврне снег како на гифов. И се да светка на бело. Нечиј потпис беше ова, па го украдов. Добро де, пола ми се прашта.
Сакам да кажам дека ништо не ми е јасно Животов е чоколаден воз, со прозорци од мармалад, со стапчиња од ванила и со измочано купе! Некој таков микс. Ако почнам да раскажувам колку ми е променета цела перцепција во рок од неколку месеци, мислам дека ќе искрчкам нова книга. Ги чекам мартовските резултати за конкурсот, ако ги биде двете книги со кои аплицирав, ќе нема навистина посреќен човек од мене. Навистина им се посветив и со љубов сакав да ги стокмам, да ги остварам. Засега само зен зенувам за здравје, благодет и да ми тргне со новиот проект кон крајот на јануари. Друго - почнав да крадам благо, лошо, лошо за мене и моето меше! Ама ајде. Ќе си дадам вакви празнични малечки излети, а потоа пак се ставам на ред. Сакам да и се заблагодарам на 2017та, ме направи многу среќна и свесна жена.
И така денес на Малиот Битолски Монмартр дедо Коста го запали Бадникарскиот оган во чаршијата и традиционално со огномет. Гледав од балкон,не отидов таму. И денес колку-толку поминуваат дечиња за Бадник ѕвонејќи по зградите,по куќите пеејќи ја Сива сива: Сива сива гулабице Каде си се осивила Таму горе на небото Што имаше што немаше Златна чаша рујно вино и икона И му дадовме парички. Утре сабајле ќе ја пејат Коледица меледица: Коледица меледица и по неа Василица Еднаш ни е во година Како цвеќе во градина Коледе бабо коледе Дај ни едно костенче Едното за мене а другото за другарчето И му даваме овошје чоколадо едно друго.Радост. Како вчера да беше кога бев мала на околу 6-7 години и на мразојте помини низ цел Карпош по влезојте пееј ја сива сива песната и бери парички со украсена кутија со икони во неа,па после другиот ден кажувајќи кој колку пари собра и пак утрото со торбата на тебе врти пак низ населбата низ Карпош и пеј ја коледица меледица...тежеа торбите бре! Премногу се дружевме тогаш и на мразој и на све се беревме,не биравме... Сега не сум таму,но како шо ми кажуваат другарките слабо дечиња врват,слабо деца да се слушнат пред влез да се глупираат свашта ау ау ова она како ние шо мајмунлосвавме... Парички не ни стигаа за децата...и оваа година мислев нема да има доволно да му дадеме на децата,ама нема како порано на секоја минута ти ѕвони ѕвончето. Абе од 4 саато,јајш набрзина и ојш по парички хахахах...срцки бе... Ај за многу години Бадник,Коледе,Божиќ и сите идни празници! Ве сакам јас и Верка
Ах пишан збор и пеан збор не ти било исто. Ми ја пееше дома за да долови како звучи коолеедицаа мееледиица и по не Ваасилица. Убава песна,убав обичај. Вие во Бт на Василица вртите лепче со паре. Кај вас поважна е Ваасилица ова пеано ко да ти зборвам
Имам мерак за помала сестричка - девојченце, јас да ја чешлам, да и правам фризури, да ја облекувам, целосно по мој вкус, како да е кукличка И да личи на мене за да биде слаткиш Зошто немам мала сестричка?