Знам дека некогаш многу барам и многу очекувам но мислам дека е сосема фер од човек да се бори од петни жили за подобро утро. На моменти сум толку смирена, промислена, слаткоречива. Друг момент лута, безобразна, кочијаш не ми е рамен. Страшно. Посмирено научив да ги кажувам забелешките, гледам поинаку ги прифаќаат. Подобро. Нормално, никој неќе да му се дерат. Уште да научам да ги филувам и да прекинам у фаца да им ги плескам, would be devine. Од новогодишни резолуции, кафе без шеќер, леб без брашно и без цедевита. Ќе биде болно. Гумава околку стомаков ќе ја стопам, па мајка јана нека е.
Не вртиме лепче мор. Вртиме мазниче со паре за Стара Нова Година и после полноќ играме карти. Денес се палат огновите и се врви по куќите пеејќи ја сива сива,а утре сабајле децата врват пеејќи коледица меледица... А што убаво изненадување ми направија таму каде што сум кума. Ја пееја сива сива гулабице,ние мислевме децата и отвораме вратата оп еве го малото бебче на гости ми дошло! ♡
Смрта не е најголема загуба во животот.Најголема загуба е она што во нас ќе умре додека сеуште живееме...
Сдк дека ова ПМС ме уби од страсти за благо и апетитче така поголемо охохх вечерва точно кај 23:30ч. Слатко кривче од путерче со џем од јагоди и не ми беше доволно па посегнав по ерокремот кој беше во близина па ајде лапп и од него две три лажички И си легнав конечно насмеана Важно мешето да е полно др не е битно Е добро де малку претерав Јас и обично сум си мераклика по благото но пред менструација е нешто посебна страста што неможам да одолеам
И јас сум во истата состојба само што мене овој пат ич не ми се јаде благо туку кисело и солено..Се убив јадење лимони со сол и сончоглед,чипс..
06.01.2014 да бевме заедно денес 4 години ќе славевме..... Ама зошто ме повредуваше ЗОШТО???? И многу повеќе од дечко и девојка ќе бевме, а може и детенце ќе имавме а сега веќе сме странци.... Да знаеше подобро да се однесуваш со мене немаше вака никогаш да биде, пак ќе се спротиставував на сите како и претходно... Ама ти сосема ме скрши, ме издроби на најситно, згора на тоа со муабетите што ми ги кажа сестра ти исто како со нож да ме бодеше некој во срцето за тоа што највеќе ме боли и секогаш ќе ме боли и никогаш нема да помине... Но ќе бидам силна колку и да боли, колку и да си ми потребен некогаш нема да си ја погазам гордоста како што секогаш го правев тоа а уште помалку нема да го омаловажам човекот кој што сега секогаш е до мене, знае да ме почитува и секогаш се труди да ме направи среќна. И да ми кажаа дека постојано си ме спомнувал, очите ти се полнеле со солзи кога го кажуваш моето име, ама не за џабе рекле "Човек додека има незнае да цени, дури откако ќе изгуби сфаќа што изгубил"... Јас се најдобро ти посакувам, биди среќен и никогаш немој да се однесуваш со друго девојче како што тоа го правеше со мене. Среќен Бадник......
После толку многу лоши работи, од болести до повреди, и кај мене и кај блиски, заклучив дека веќе ништо не може да ме исплаши. Само станав посвесна дека се е минливо. Се научив да не се сфаќам себе толку сериозно, научив да се зближувам со луѓе на поинакво ниво од претходно, ама и научив што да задржам за себе. Научив да се ставам на прво место. Од најлошата година од животот излегов со две нови прекрасни пријателства, скршена рака и подобрени социјални способности. Без панични напади и без антидепресиви. Нарачав куп (добро одбрана) стручна литература и аплицирав на една академија за да научам повеќе за тоа што вистински ме интерсира, заради себе. Одамна не сум направила нешто само заради себе. И еве, се трудам да излезам од магичниот круг на наоѓање изговори и самосожалување, не затоа што е почеток на јануари, туку затоа што е крајно време.
Научив кафето да го пијам горко, порано ептен благо го пиев но сега ми е слатко иако е горко. Не знам зошто така одлучив но некако научив дека не сум толку топла туку ладна, во душата не чувствувам ништо, некој и да ме навреде и да ме пониже сеедно ќе ми биде. Изгледа научив да ги поднасам и зборовите и луѓето. П.с. Надвор пролет е или зима, сонце пука ќе распука, не ќе да е на арно ова.
Коледе леде.. од 4:30 енд каунтинг.. женскиве се па ептен срциња, лелеее што се убави вика едно малецко девојченце за пакетчињата.. абе срце да ти се стопи. стојте уште нешто да ви дадам и вадиш пари смоки чоколади уште.. иде следната тура, ајде ќао.
Кога првпат почнав да идам на Коледе бев негде 1во одделение и памтам дека скоро на секоја втора врата отвараа луѓето кога пеевме. Кога последен пат отидов, ваљда беше 8мо и беше ептен со сила пошо се осеќав голема, па срам ми беше меѓу тие малечките. И памтам дека запеавме како за последен пат у наш живот да си напраиме меракот, во 3-4 најголеми згради во населба шо ни се и на еден спрат од 5 станови дали еден отвараше врата. Сеа после 4 години не идење на Коледе од брат ми дознавам дека се помалце и помалце им отварале врата. А која радост е тогаш да ти отворат, ја вчера ептен ги дочекав со мераци коледарчињава, па и брат ми кога ми дојде со друштвото, абе срцки. Обично мајка ми секогаш отвараше, но годинава била од 8 на работа, па ја ноќниот вампир си ги пречекував и и ја земав работата да отвара врата. Баш ме потсетија на тие ептен детски невини години.
Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!
Охохох што убаво на мешето На здравје нека ни е на сите...ќе си ја пееме од Миле Китич - Кило горе кило доле и ќе си уживкаме
Се сеќавам дека годинава првото, ептен прво кафенце што го направив, беше многу убаво. Понатаму ќе видиме
Многу чудни работи станаа кул во 2017, ама на врвот ми е постојано искажување омраза и гадење за цел свет и сите луѓе околу. Ко мизантропија ама уствари под неа живее некое внатрешно незадоволство од сам себе.
Чекањето не е толку тешко кога знаеш дека ќе вреди. Кога знаеш дека имаш кого да чекаш. Уште еден ден поминува, јас сум се` поблиску и поблиску. Како што викаат, се` уште не сум на целта но сум поблиску отколку што бев вчера. Се` ќе биде добро, ќе издржиме