Кога си премногу фин и попушташ, луѓето секогаш те повредуваат, оти знаат дека ке го прифатиш нивното извинување подоцна.
Се прашувам дали некои работи некогаш ќе се сменат? Не е нормално сечија свирка да врти ист репертоар. До кога тезгарските бендови ќе се сведуваат на екс ју хитови? Истите стихови се вртат од четрдесет и друга до денес. Најнедопадлива ми е варијантата што уствари од "my sex is on fire" се префрлаат на "jesen u meni" . Aj тоа, ама што следи и врхунацот на вечерта - жестокиот момак, фронтмен на бендот, ја пее „moi su drugovi“ со видоизменет текст: да су најбоље жене увек испод нас... Really?! Да не можеш да си поверуваш на ушите кај си дошла да се забавуваш. Искрено, од се срце посакав да му се исполни меракот на дечкото. Дај боже поред тебе да су најгоре жене! Си го прибрав недопиениот јегер, другарките и пукнатиот филм и ја напуштив мизерната слика. Тешко дека во скоро време ќе се наканам пак да отидам на свирка. М,
Кога ми е мило кога сестра ми,првооделенче инаку,ке ми прераскаже некоја случка од училиште.Ме фаќа некоја топлина на срцето,многу ми е мило...Ми раскажува дека никој никогаш никого не навредил во оделението,сите се дружат,и машки и женски.Ех,јас ја немав таа среќа.Важно многу ми е мерак за неа.Уште сега си има друштво,си се дружат неколку девојчики.Во оделението нема некои "nafuwani mawi" како што би рекла јас. Кешке да продолжи вака,бидејќи голем мерак ми е!Срцка моја!
Зар е можно на некои моменти да ти текнува ко вчера да биле? Имаше едни измислени приказни што ги измислувавме јас и другарка ми и 70% од нив станаа реалност. Дефинитивно пророк е онаа другарка ми, па и братучетка ми не беше поарна во овој случај. Поготово оние моменти што се случиле случајно, дефинитивно си стојам на тоа дека најубавите моменти се случуваат случајно. Инаку ја знаете онаа мојата чистоманија, денес пак ме фати таква манија, па до пред пола час садови миев се собрале ко цела војска да сме дома, а не 4 луѓе. Конечно си ја најдов и песната што ја барав изминативе денови, добро е. Новиот хит за неделава што започнува задутре, воедно и исполнета со обврски, како и да е подобро е кога нешто се работи.
Ах бре луѓе, ми се крши срцето на 3949434 парчиња кога ги гледам сликиве од поплавите. Пред малку ги гледам сликите (барав броеви за донација) и сестра ми влегува во собата (инаку 5 годинки е таа) и ги гледа сликите и од животните и од луѓето поплавени и ме прашува каде е тоа, и одговорив дека е во Србија и ми вели: „Замисли си ние да живеевме во Србија и ние ќе бевме така поплавени и нашето куче ќе го однесеше вода“ И како да не плачам на таа реченица бе. Можевме и ние да бидеме родени таму, што се виновни бебињата коишто се родиле пред 2-3 седмици, зар не заслужуваат да живеат бе. Во вакви моменти ми е криво што не сум од Скопје, но што да се прави кога нема ништо организирано во нашиот град Инаку имам околу 1500 денари заштедено и ако требаше сите ќе ги потрошев ама нема каде да се даде тоа бе . Затоа барем донирам со телефонски повик, не е исто како да однесеш, но со тие пари кои ќе се соберат ќе се купат многу работи за луѓето. Луѓе, скратете го за еден ден кафето, третиот сладолед во денот, смоките што ќе ги изедете пред телевизор и донирајте. Можевме и ние да бидеме на нивно место.
Суштината не е само да дадеш совет или κоментаρ,пρонајди го пρавиот начин,вистинсκото вρеме и смиρениот глас за да го κажеш своето мислење. *Саκам да имам долги и убави ноκти κало сите жени,а не κρстκи па и дебели пρсти κаκо κебапи *Пρемногу ме вознемиρија слиκите од поплавите што дуρи имам напад на паниκа деκа и јас може да бидам за нњκолκу дена нажнивно место сρцето ми се ρасплаκа κо видов дечиња на возρаст на син ми се обидуваат да се спасат души мили...и додеκа го пишувам си ги бρишам солзите исκρено саκам да им помогнам не само паρично туκу да имам моќ да напρавам да ја нема таа κатастρофа.Ама еден е Бог тој е семоќен и се надевам деκа се κе сρеди до κρајот на наρеднаѕа недела...
Ти го разбирам контекстот на коментарот, не сакам да попувам, ама вака револтирано морам да се вклучам. Од истите причини кои те погодиле тебе (и мене) јас би додала: Да имаше таков семоќен Бог немаше да има вакви катастрофи. Ако има, алал да му е за дешавките ваму доле.
Абе напнавте со јагодиве еј. Ок, во ред е, сезона им е, на секој чекор ги има, ама немора да ги сликате сите сме ги виделе и сите сме ги пробале. Не е побогу којзнае каков деликатес јагоди со шлаг, со крем или со чоколадо па да паѓаме у несвес сеа дека сте јаделе јагоди. Еве ја никад не сум ги сакала многу и не ми биле нешто посебно, океј ми е коа ќе најдам парче - две у овошна салата, стварно нема потреба толку да се влегува во филм со јагодиве, па не се ни толку благи и слатки бе, тапа се, боље банана ќе јадам, ама не е фенси овошје бананата. Под влијание на оние убавини сликици сте сите, затоа од нигде негде и нутелата ни е деликатес, јагодите, оние шаренине макаронс колачиња кои патем ми се многу ружни исто така, старбакс, сликани со кофи ту гоу у рака, па мафини ова она, се е тоа ново и уникатно и никој го нема пробано освен вие, е толку сте многу посебни.
Сакам да кажам доста ми е од fake friends, не можам веќе вака, ако не сака да се дружи со мене нека каже искрено, а не да ме прави будала на здрав мозок. Ја прашувам дали сака да излеземе, не можела бидејки некој и умрел. Океј, разбирам. После пола саат гледам слика со другарка и на снапчат, добро и тоа го минав. После неколку саати гледам слика со друга другарка како се шетаат. Добро јас толку сум глупа? Со нив може да излезе, а со мене не може? Кога и треба нешто, прва е, а кога мене ми треба нешто ја нема никаде. Па дури и смислува глупави изговори. Аман веќе, аман! Порано секој ден бевме заедно, и мислев дека стварно ме смета за најдобра другарка... Знае дека сум наивна, многу пати имам и простено што и да направи, и сега си игра со мене. Ќе ме бара после некое време, ама ќе ме нема. Може нема со кој друг да се дружам, ама поарно сама одколку со некој кој ме искористува, и кој прави будала од мене. Многу брзо ги заборави моментите кога бев единствената која знаеше да ја ислуша, единствената која ја тешеше, единствената која и беше рамо за плачење. Ја мразам, ја мразам. Ама внатре во мене, сеуште нешто ми вели дека не можам без неа. Од прво одделение сме заедно, пред некое време на друго девојче му правеше вака, а денес мајка ми ја видела со неа. Што сакам сега можам да зборувам, ама знам дека за неколку дена пак ќе бидеме заедно. Јас нема да бидам таа што ќе моли, таа ќе ме моли да се смириме, таа ќе дојде за неколку дена во училиштето да ме гушка и слично. И секогаш и попуштам, секогаш и го прифаќам извинувањето, и секогаш повторно и повторно ме повредува. Не можам, едноставно не можам да бидам без неа, таа ми е единствена поблиска другарка, ако не е таа по цело денови ќе седам дома и ќе дремам пред компјутер, јас немам со кој друг да излезам на прошетка... Знам дека сеуште барем малку ме сака, ама за разлика од порано, кога бевме по цели денови заедно, кога знаевме буквално се една за друга...
Загрижено гледаме и плачеме за она што се случува на нашите соседи, роднини, пријатели. Во земјата која ја викаме наша, а луѓето што живеат таму наши браќа и сестри... А денес сочувстуваме со нив, се молиме и помагаме колку што можеме. Природата ја покажа својата јака т.е лоша страна, сфаќаме колку сме мали и немоќни во споредба со неа. Збесна, голтна се што луѓето граделе, ги остави без ништо. Вака ни враќа веројатно затоа што сме подли, и ние ја уништувавме неа со години, безмилосно. Но зарем сите ќе не уништи...? Ни покажа дека сме гости на овој свет и не остави да сфатиме дека се што имаме е слогата и потпирањето еден на друг. 142 400 Нашите 100 денари некому значат живот.
Сакам да кажам дека вчера си поминав феноменалнооо на веридба сум се изнаиграла оро 5 саати без престан и сеа по сабајле ме болат малце мускуливе ама ништо одма сеа продолжувам со точак
Спојлер И како што е редот, да си кажам во право бев, синоќе преубаво си поминав на прославата за мојот роденден. Во 00-00, другарка ми ме симна разиграна од стол, за да ми честита роденден (а јас и заборавив ). Влегувам кај другите со реченицата „Дечки 00-00, јас се родив“ Со будалата мој се простивме, му засвирка кога на мојот роденден мртва ладна споменав разделување. Ајде за една година постара, сигурно ќе бидам и посреќна Кој сака, нека дојде на торта, бааги остана, не за друго, не ми е многу изешно друштвото со кое славев, а јас за мене си пресеков огромно парче
Повеќето праќаат пораки за донација,само за да ги сликаат и прикажаат на социјалните мрежи. Јас навистина не можам да ги сварам тие таквите,ако помагаш помагаш затоа што те боли ситуацијата во која се наоѓаат многу семејства и нема потреба од никаков доказ на социјалните мрежи. Повеќе би рекла дека им е до лајковите.
Епа да де, знаеш ептен сите помагаат и се толку многу инволвирани што дури имале и време да седнат да се испосликаат и да напишаат оти тие помогнале...Жолти точаци ќе добијат гледам.
^^ А покрај тоа, се сликаат со кутиите со донирана облека, храна итн.. и оп сликите не фејсбук. Да им остане за "успомен и дуго сечање"
Чекирање на плоштад и да кажеш дека си донирал ? За фалење , за лајк , за другите да знаат колку си добар? Повеќе површно од ова не може да биде ..