За да се покаже колку ни е длабок џебот што е правопропорционално зависно со сите додатоци на трпеза а обратнопропорционално со разумот... @Srcka $ @JollyGirl -Stop it
Јас искрено ги разбирам многу тие што се обидуваат да навредат некој човек и да го понижат без било каква причина и.т.н. Тоа се во генерала искомплексирани луѓе, им мавале како мали шамари некои дебили и дебилки, дома нивните мажи или жени ги малтретираат, децата ги мразат дома зошто им ја јадат душата бидејќи не ги воспитале како што треба а има и такви кои го наоѓаат Бог но пак си тераат со својата злоба понатаму. И тие луѓе мора некако да ги лечат фрустрациите и комплексите, тоа е. Ваквите луѓе не ги мразам, туку ги жалам.
Милиoн пoрaки нa месинџер честитки зa Бoжиќ... Рaндoм селектирaни брoеви oд именикoт и пo дифoлт испрaтени...a сигурнa сум сo пoлoвинaтa oд испрaќaчите едвaј еднo Здрaвo рaзменувaме
Ми недостасува времето на честитки кои ги носеше поштарот... Наредени на регал, десет пати ги читаш со радост во душа, ги превртуваш лево десно...ехх, убави времиња..а сега овие електронскиве штанцани пораки ги бришам одма, не ми предизвикуваат некои посебни емоции...
И оваа година паричето мене ме израдува. Се надевам дека ќе ми донесе среќа и дека желбите кои ми лежат на срцето ќе ми се исполнат. Патем, лиги ми течат околу празничниве јадења ама мора да се воздржувам, пуста линија, побитна е од се.
Колку што се претерува со споделувањето на празнични моменти на интернет, со споделување икони и слично... толку па после одредени граници не е океј и мрчењето околу празнициве. Значи не шега, не критика против горенаведениов циркус - туку воопшто апла јавно мрчење, хејтање и на традицијата како таква со сите убави моменти, со цел да се испадне интересен... Јас не само што во суштина не сум религиозна, туку лично овие годинешни празници не ми значат ништо убаво, сосема напротив... па сепак, таква ненаспана со насмевка од срце отворив врата вчера на дечињава на кои единствена цел им е да (се) израдуваат и овие години ќе им останат во такво убаво сеќавање. Верата и традицијата што носат индивидуален мир и радост не се заостанатост и секогаш ќе ми останат за почитување. Ич не сакам крајности и радикалности кои засрамуваат цела група што носи нешто заедничко во мислите и срцето, од која било страна. Среќни празници на сите што ги слават и одбележуваат, колку и да звучи клише - ценете и не го сфаќајте здраво за готово присуството и топлината на цело семејство на куп, уживајте во тие обичаи вистински, со телефоните подалеку барем за тие моменти...
Христос се роди! Честит Божиќ Здравје, среќа, љубов и мир да ве следи цела година Ви посакувам на сите прекрасен ден поминат со најсаканите
Мене баш ми годат честитките без оглед дали со некого имам едно Здраво или не. Баш ми е драго што ми честитал празник/роденден што ете одвоил време и тоа го ценам. Нема ништо спорно во тоа да се возврати со исто. Можам да кажам дека најубавите празници треба да ви донесат мир, здравје и среќа, а не да се жалите како морало ова, морало она. На овој свет никој ништо не мора освен ако самиот не посака. Убав ден.
Христос се роди! За многу години! Дечки прее ми текна како да ги пласираме нашите реки на Американците како рекламна кампања за да ни дот овде као туристи паре да фатиме Лањарка-Shit river Луда Мара-Crazy Mery Пена-Bubble Крива река-Italic river Црна Река-Black river Треска-Fever
Па стварно ај веќе кога дреме 24/7 на интернет, па и тогаш ли бе, до сегс не сум сликала масата за тоа што имам или што немам, можеби ми се десило на друг ден ама на Бадник да рекламирам па и да стсвам на фб тоа ми е премногу, јас така и така не сум многу по сликањето ама барем за тој ден за тој празник остајте не сликајте. Божем на другиот ќе му биде важно што имаш што немаш, ќе ставе лајк само ради реда. Се надевам ќе останам таква што нема да сликам што имам на масата за Бадник.
Ако БОжичното чудо и овој ден не потсетувам дека секогаш ама баш секогаш треба да веруваме во чуда во исполнување на соништата и во слушање на искрениот глас на срцето тогаш во име на тоа нека си трепка ова овде, зошто за жал секогаш го забораваме
Има разлика помеѓу тоа да дадеш нешто што не ти е потребно, и нешто што ептен на срце ти лежи, вредно си работел за тоа, и навистина го цениш.
И 2018 дојде, а луѓево уште се пуштаат со “здраво “. Плус антипатичното саркастично смајли : ). У време кога има сториња, па можеш да си креативен и сепак да добиеш некако одговор ако пишеш ама не, здраво, па здраво. Боље ее да пишевте..