Кога ќе видам оглас за работа во кој, најмногу редови и зборови се истрошени на тоа, колку се они супер фантастична фирма, со најпрекрасна работна култура, супер фантастични меѓуљудски односи... каде се почитува креативноста, индивидуалноста, флексибилноста и... одма знаеш каде најмногу им смрди Нешто слично ко... кога некој матен со кој соработуваш, ќе почне да ти раскажува за основите на вашата соработка, почнувајќи од Нај моментот - транспарентност. У реду е. Се знаеме, човече
Во некој паралелен универзум, србин зборел македонски. Или се трудел да збори. Не, сериозно, ако не знаете српски, зошто се брукате? СВЕ нè разбираат, како и ние што ги разбираме.
Во сред ноќ се изнагледавме некој чуден црногорски филм за човекот што го сметале за несреќен зошто му се раѓаа девојчиња и дека го казнуваат светците ради тоа осудувајќи го на немаштија. Последното го одгледа како машко... синот порасна и посака да биде она што е. Се помачивме два саати со лоша снимка, тешка содржина, за еден заклучок - погрешни верувања можат буквално да те убијат и да ти уништат се што се нарекува живот. Вистината е толку едноставна. Kaко и да е... празниците привршуваат. Не почувстувував ни атмосфера, ни радост... напротив...може да изгласаме вакви празници секогаш да се паѓаат во текот на работната недела бидејќи мислам дека е баш ради тоа што се паѓаа за време на викенд... што знам...
Некои песни кога ги слушам толку многу ми влегуваат под кожа и се сместуваат во срцето, што потоа не можам да ги исфрлам ниту од глава, ниту од срце. Понекогаш таквите песни сакам да си ги споделам на фејсбук, ама многу често се воздржувам, не сакам да испратам на таков начин порака до тој до кого е наменета таа песна, подобро да премолчам, отколку секој да ми ги знае моите чувства.
На интернет не мора да имате став буквално на секоја тема (дури и воопшто ако немате познавање), ниту пак да пишувате на англиски ако не го знаете како што треба. Луѓево треба да научат да си го сокријат незнаењето...
Никако да се наредат моиве коцки,цел живот се борам со себе и со сите и никако да осетам среќа,во секое поле од животов,во секој период проблеми,понижувања,малтертирања а никогаш никому немам направено ништо лошо,велат доброто се враќа,изгледа моето се претвара во лошо пред да се врати,немам волја за живот,ме утепа анксиозност,несакам да излезам од дома,нешто ми ја притиска душата..
Amen! Кoлешкa е зaвисник oд инстaгрaм,oти нели пoфенси е oд фб...спoделувa припреми и прoслaвa зa рoденден нa ќеркa и... 6 ×пaти гo имa збoрoт gorjuss кoј всушнoст требa дa биде gorgeous aмa тaa е прoф.пo aнглиски пa знaе нaјдoбрo..и дa биде ирoнијaтa пoгoлемa рaбoтиме вo фирмa кaде 90%oд кoнверзaцијa е нa aнглиски.. Сaмoдoвербaтa некoгaш е пoгубнa..
Мразам разделби. Во животот човек може да поднесе се, ама разделба со некој близок, сакан, прираснат за срце, тоа не може. Не може, но мора. Времето не лечи ништо. Времето само минува, а празнината останува. И после година, две, три, пет, десет... човек ќе види нешто, ќе научи нешто, ќе направи или доживее нешто, тоа нешто ќе посака да го сподели со некој. А тој некој е оној што го нема. Колку време да помине, болката останува. Душата пече. Копнее по некој што го нема. Мразам разделби...
Те бара да те прашала нешто и разговоров од 1минута оди по минимум пола саат како она стасала до мигот тебе да те бара. Следен пат ме бара па јас и раскажувам минимум пола саат како сум стасала до мигот да и дигнам телефон и потоа не чинам. Наравоучение како што ти си го вреднуваш слободното време исто и јас така чинам. п.с.Фала Боже ме разбра и престана да ми досадува. Инаку ФБ чуда правел.. Следат години за нешто озбилно. Се пуштаат пораки до некои бивши полесно што ќе загризаат на поракчето. Прво обновено видување во кревет и бебе за месеци 9. Нека им е честито. шифра: најголем успех во животот? (хм ја затруднев за да мораше да ми рече да)што се оженив со таа и таа.
Она кога на брат ти друштвото има дојдено дома кај вас, па ти е незгодно да искочиш од соба и да идеш до вц пошо седат у дневна.
Треба да размислиме за иднината на младите после нас. Не да живееме како индијанци. Градов стана и наликува на "Што сакам ќе правам,, Абре канта за отпадоци пред нос ѓубрето до канта Многу ќе се препознаат од форумов,извинете но земјата е да ја газиш,не да ја прљаш. Исто како дома да ви влезам со патики,и ѓубрето да ви го фрлам во двор. #Скренувам#Да ви се плукнам во паметот#Не се размножувајте #Скопје#Дрисла#Се отиде у к**ац #Сите се индијанци бе.
Наболната смрт? Вечно да чекаш. Жив си, а не живееш... чекаш. Чекаш подобро време, чекаш повеќе пари, чекаш за дозвола, чекаш на партнерот да му текне, чекаш да им текне дека вредиш за да те наградат, чекаш да помине уште ова или она за да почнеш да живееш како што сакаш...чекаш еден одмор, чекаш друг одмор, чекаш кредит да ти дадат, чекаш плата да дојде, чекаш на шалтер, чекаш од државата... и врзуваш одломки на задоволства, а во суштина ти сепак само чекаш и едно е сигурно - ти умираш, ама умираш болно, тешко... а некогаш се чекаш и себе си да се откажеш и од сигурноста и да се нурнеш во вистинскиот живот. И кога ќе го кренеш гласот, оние кои сакаат тивко да те убијат правејќи те зависник од нив чекајќи ги да им текне да направат промена, да те наградат, да те видат, да те признаат ќе бидат најбурни во навреденоста зошто си се осмелил ти да живееш. Не верувам на луѓе кои сакаат сигурност и живеат за сигурност. Не им верувам дека живеат прекрасно работејќи нешто сигурно, со истапкан пат и ти викаат - живеам, супер ми е, плата секогаш на 1ви, имам одмор и викенди слободни, по некое дежурство кое се плаќа, по некој пат кој се плаќа, рмбам за некој друг да се полни, но јас сум среќен зошто и јас имам плата, а во суштина чекаш... од некој друг. Ни живееш, ни ти е супер... Како знам? Ме одгледаа такви... такви кои мислеа дека се е сигурно, извесно, јасно, седи кај си се нашол, од еднаш некој друг имаше друг план и се се изјалови пред самиот финиш кога требаше се да падне на свое место... И одеднаш гледаш дека ниту еден договор, ниту еден закон не функционира и дека тлото ти се руши под нозе за се што си се надевал - а си си викал - но јас имам договор за ова она и она, при тоа мора да го добијам тоа и тоа ако нешто тргне по злу. Не добиваш ништо... а ако треба да го добиеш ќе го изгубиш додека се избориш по судските лавиринти, а можда и ќе умреш... О да, поверојатно ќе умреш, го видовме и тоа кај други и беше ебано тажно. Претажно. Верувам на луѓе кои живеат самите за себе, кои денес се тука, утре се таму, претприемчиво грабаат напред и не се зависници како од хероин од сигурноста... Веројатно и јас сум од оние кои сакаат да се најдат секогаш во сигурноста, но поголема несигурност не ми донесе ништо колку самата сигурност... и зависноста од истото. Те фрла како катапулт во безредието каде како мало бебе учиш чекори да бидеш флексибилен за да преживееш. А секогаш во главата ми ѕвонело - некој така, ќе се зезнеш, седи си тука и безброј глупости како лекции кои делувале мудри, но уствари не биле храбри. Голема лекција научив од еден коцкар... ќе ја раскажам во една друга прилика. Си го расплакувал семејството, но децата кои на крај излегле од него се предобри и преуспешни луѓе кои верувам да имаа нормален татко ќе беа нешто обично. Многу вообичаено и обично како мене, како поголемиот дел од мојата генерација. Кога слободно летав, пердуф по пердуф на живо ми ги кратеа крилата... зошто сигурноста и кај си се нашол се секогаш најдобра опција. Не е. НЕ Е. Стојам зад тоа. Стојам и зад тоа дека една одлука те дели од среќен живот, од една болест помалку, од еден удар помалку, од од смртта подалеку. И во ова бесконечно чекање од речиси 2 години, заклучувам - јас не сакам повеќе да чекам и чекањето не е за мене. Со брзина на светлината ми текнува на чекираната карта и како излегов од аеродром...тука во Македонија, од назад се вратив назад, зошто верував на ветувањата и чекав да ми го дадат ветеното. Не се случи. И заклучувам дека во суштина многу сум се лажела дека кога ќе наполниш извесни години ти стануваш одеднаш избалансиран и изграден, зрел... Поголеми сјебаности доживеав од луѓе кои се далеку над мојата возраст, него ли од врсниците. Пратам од страна како се ова се развиваше. Како на филм... буквално како онаа философска смисла се губиш за да се најдеш. И доаѓаш до точката каде што сфаќаш дека како дете во суштина си знаел се, и да си останел ист... ќе си останел подобар и пореализиран човек, макар и се уште си си играл со играчка количка правејќи брм брм на шалтерот дур чекаш... И еве... се будам од оваа контемплација од барањето на татко ми од страна - абе имате ацетисал... и така сфаќам дека фала му на бога одамна се нема настинато... ацетисал одамна нема. Ама затоа друго ќе го сотре... од ЧЕКАЊЕ НА НОЗЕ. Цел живот чекање на добрите луѓе... и од трчање... за други, сем за себе, ах ... и од отварање на врати за други.
Вчера брат ми ја побара девојката за жена... Немаше поубав и поемотивен момент од тоа... Сега почнува лудилото наречено свадба
Знаеш дека си мизерен и очаен кога си се зачленил на рандом анонимен форум за да седиш 24 саати во политички теми и изигруваш дежурен аналитичар, а всушност никој не знае дека постоиш... И на празници и на делници. Не пишуваш некои длабоки мислења и не водиш тешки дебати, туку: - Дасе сложувам...Не, тиси глупав...Хехех секако. (Онака си лечиш фрустрации, по можност на латиница и без интерпункциски знаци). Дното е допрено кога Мирка и Миленко можат вода да ти носат.
На форумов се зачленив од причина што сакав да избегам во некој друг свет каде никој не те познава, каде го одмараш мозокот од сите секојдневни и несекојдневни проблеми. Од овој мизерен и превртлив свет во кој неможеш да веруваш никому, дури ни на семејството.... Да, трагично е кога немаш рамо за плачење, кога немаш потпора.... Јас овде не барам поддршка, сожалување, или пак дежурен психијатар.... Не! Овде сум за барем на момент да ги заборавам сите неправди и болки... Одсекогаш, (одсекогаш, мислам од рано детство) бев дежурен кривец, дежурна будала, и чудак... Се обидов да го сменам тоа, но не успеав... Потоа веке не ми беше важно кој што зборува зад мојот грб, кој сака да ми забоде нож... Веке се навикнав, веке не ме боли... Но сепак ми треба бегство на момент во друг свет... Ете го најдов... Да, сеуште сум бесна, гневна и лута на животот.... но не толку колку што бев... Научив дека секоја планина има своја тежина... Дека има луѓе што поминале мн. полошо од мене па се справиле со тоа... Па еве и јас полека се обидувам... Како и да е сакав само да си олеснам со пишувањето на постов... ФЕМИНА ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО ПОСТОИШ!!!
Мислaм декa кaкo стaреaт луѓетo, oд штo мнoгу имaaт изживеaнo и виденo им здoсaдувa и едвaј чекaaт некoјa свaдбa или дете дa се рoди зa дa збoрувaaт зa тoa, дa си јa прaвaт интереснaтa. Сaмo oд мaјкa ми едни исти муaбети ги имaм слушaнo пo стo пaти, не сaмo зa свaдби и бебињa.
Аргументите "ке родиш - па ке видиш како е" и "млада си, сеуште не знаеш" се... Сериозно, колку треба да ти се затворени гледиштата за да мислиш дека годините се репер за знаење, мудрост и искуство? Да бидеме реални, што правеше ти на моите години? Каде беше ти, тогаш, а каде сум јас, сега? Можеш ли искрено да си одговориш и да направиш споредба? Од некоја неојбаснива причина а често и во недостиг на аргументи, возрасните луѓе или мајките се дрзнуваат да ја кажат магичната реченица, која (веројатно) би требало да стави крај на дискусијата: Ќе пораснеш/ Ќе родиш па ке видиш.