Тахикардија и болно колено за добро утро. Вежби за нога, вежби за дишење и еден чај, кога толку многу ми недостига кафето. Ми тежат мисливе и кога се дефокусирам, ја крадат секоја секунда од "рекламите". Дури овде кога пишувам сфаќам дека не сум плачела, дека толку ретко плачам, и баш сега ми се плаче Е*ате животот. Не сум знаела дека толку многу ја сакам. Мојата сродна душа. Толку многу што ме стегаат градите и ме боли, а сум беспомошна. Па диши длабоко, затоа што ова ќе потрае. Толку долги се деновите...толку брзо поминуваат деновите. Oh yes, i'm the great pretender, ама воопшто не знам да лажам. Се плеткам, се мислам и ужасно лошо лажам. Проѕирна како целофан. И со кратка меморија. Со дткање и со филмови и со све. Па затоа ги избегнуваме темите, ги избегнуваме и луѓето. Е луѓе мои, не фрлајте ѓубре насекаде . Ме опседнуваат оние "ослободи се од материјалното" филмови, кои искрено се фул оф булшит. На овој свет не можеш да опстоиш без ништо, а луѓето рацете во џеб си ги чуваат. Бидете здрави. И то.
Јас кога гледам угоре, гледам бескрајни соништа и желби испишани во ѕвездите. Кога ќе погледнам надолу, само чизмиве си ги гледам. Чизмиве со ѕвезди на нив. Тие ќе ме однесат до моите желби. Та нели бевме нивна прав?
Турски серии треба со закон да се забранат, лошо влијаат на луѓето а посебно на децата. Со кој памет им давате на децата да гледаат турски серии??? Жалосно...
Им завидувам на оние кои се блиски со своите брака/сестри. Иако имам сестра, исто како да не сме. Карактерно сме многу различни, што не е некаква штета. За мене семеjството е се. Да споделиш и лошо и добро. Сестра ми ако нема некоj интерес, нема да те погледне. Иако ретко зборувам за своите проблеми, две години по ред, не дигнавме глава од проблеми. Еден по друг. И како сите (претежно сите) место да се седне да се види што понатаму, сестра ми реши да си оди од дома. Со причина немам никаква корист од вас две (jас и маjка ми). Чуваjте си ги своите, не знаете некоj ден што ке бйде. Jaс се би дала да е поинаку.
Во живо се фрла дрва и камења за неа и блиските на неа,а на ФБ лајкови,ма милина. Друг пат ко ќе ме замараат само културно ќе искоментирам ве замолувам не ја потценувајте мојата интелигенција а најмалку трпението да слушам глупости наоколу за особи кои ви се идол.
Иако зборуваат негативно за некои луѓе,штом зборуваат,потсвесно знаат дека се подобри од нив.Зборувајќи лошо,си ги лечат фрустрациите,така да подобро не се замарај
Ич не сум спортски тип, ама ич. И од некоја причина, обожавам да вежбам. Можам да не размислувам за ништо освен вежбите, и стопати повеќе ме смирува од медитација.
Јас не се замарам само нејќам такви слабаци мене да се трудат да ме замараат. Ко ќе го стишиш некој и покажеш кај му е местото ја види друг пат дали ќе те дави....
И јас не сум спортски тип, било кој обид за спортување ќе ми заврши неславно уште пред да почне. Ама еве, сега веќе 3 недели имам забрана за вежбање, и ми се чини дека ќе полудам
И мене, ова е најдолго во живот што сум вежбала, со единствен прекин од две недели, затоа што скршив рака. И денес со гипс бев во теретана
Имаше изрека што иде вака некако во превод: како што созревам, се восхитувам на добри и љубезни луѓе повеќе отколку на паметни. А јас пак, како што созревам баш сè повеќе сакам паметни личности околу себе и всушност ги поврзувам овие два квалитети кај луѓето. Знаењето и интелигенцијата во вистинска смисла на зборот (што значи - не еднаква и условена од степенот на образование, и со вклучување на емоционалната интелигенција во таа дефиниција) спречуваат многу негативен менталитет и непотребни негативни чувства кон другите, затоа и тоа како се дел од сликата за една комплетна добра личност.
Ќе биде долго дами, ќе биде долго. Којзнае од кога не сум го отворила форумов. Мил и драг ми беше, ама ураган од настани му превземаа место. И вчера ми дојде желба за него. Си се зачитав, си се зарадував и затажив за некои од вас и денес ми дојде да си пишам. Најнебитно е дали ќе биде прочитано, битно е напишано. Животот, па врви. Денес седам на една полуудобна столица, далеку а сепак блиску до дома и морам да кажам одамна не сум била вака среќна и смирена. Не знам ни дали некогаш сум била вака среќна. Знаете она кога знаете што не сакате? Епа тоа. Знам дека не сакам да се закотвам во милата ни земја, да трулам по улици и да се вртам во тој магичен круг. Но ова, ова живеење на ново место, ова адаптирање на нов живот, ова е тоа што ми прилега и ме прави среќна. Не е за сите, не викам дека е и не сметам дека е вистинскиот начин на живот. Сметам дека е она што ми одговара мене. Читаме стручна литература, стигаме ново ниво на акадамски граѓанин, учиме што значи да се биде одговорен човек. Не пред другите, него пред себе. Еј толку можности, толкав свет, па не, нема да се задоволам со просечна плата ни за преживување на работа која не ме исполнува. Не ни треба да се задоволам. Кога ќе се уозбилиш ме праша? Никогаш. Зашто би го направила тоа? За денот и векот да ми биде исполнет со празни разговори и кафиња по урбани кафулиња? Никогаш. На никому не паѓа ништо од небо. Ама ако се трудиш, ох ако само сосем малку се потрудиш. Колку многу ќе искусиш, видиш, почуствуваш. Ако мрднеш во нова насока. Искрено, па горда сум бе на себе. Од некој на кому му беше до некаде и нетолку грижа за здравјето, станувам некој кој посветува внимание на себе, зашто го заслужувам. Некој кој нема потреба за чипс, некој кој размислува пред да седне да јаде. Од некој кој одеше од една во друга безвезна и турбулентна врска, си изградив врска од година и кусур, со некој сосема различен од мене, кој едноставно ме прави да се чувствувам сакано и вредно за нечие внимание. Далеку од тоа дека се е совршено. Далеку од тоа дека знам што ќе правам во животов. Ама моментално, не ни имам потреба да знам. Не ни сакам совршенство. Ова, сега и тука е сосема доволно за да знам дека ако утре не стресе некој јак земјотрес нема да зажалам за ништо. Апсолутно ништо.
Живеј го секој ден како да е последен. Како помлада, ова го сфаќав поинаку. Мислев дека треба да се прави сѐ и сешто, мислев дека тоа подразбира впуштање во авантури. Сега, сосема друго значење има оваа реченица: биди покрај твоите сакани, помагај, радувај колку што можеш повеќе срца и души, не пропуштај прилика да покажеш колку ги сакаш оние што ги сакаш. Има една моќна реченица на Буда: The trouble is, you think you have time. И така е. Многу грешиме што мислиме дека имаме време. Сѐ што имаме е овој момент, а често забораваме на тоа, забораваме дека времето не нѐ чека нас. Каде ќе бидеме утре? Не знаеме. Но, знаеме каде сме сега и тоа ни е доволно да живееме како да ќе нема утре.
Одамна кога повозрасна жена на прашањето ,,Зошто не се поддотераш и потсредиш малку, на постара личиш,, погледна накај ќерките и ми рече: ,,Тие се мојата младост и убавина,, После толку многу години успеав да сфатам што значи тоа. Сакајте ги и почитувајте ги родителите. Можам и секој ден да Ве потсетувам.
Еднаш некој ми рече "Не давај психата да те сомеле, самата си ја создаваш, пушти нека лета највисоко." Сега гледам има смисла. Психата е карма.
Колку понекогаш ме мрзи да се китам и кинџурам. Ама па ко ќе ја видам накитена и накинџурена ко да е таква родена и ко ќе стави цвикер ака порно глумица.... ...she makes my day.
Не е потребно многу за среќа. И најмалиот гест на внимание, и неколку убави зборови, и една искрена насмевка е доволна за да разубавите нечиј ден.